Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦУК: Постои уште една голема нестабилна карпа високо над ѕидот на браната Матка, преземаме активности

0
By Biljana on April 15, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 15, 2022 12:02

Центарот за управување со кризи (ЦУК) побарал да бидат преземени дејствија во однос на двете нестабилни карпи над браната Матка.

Како што соопшти на денешната прес-конференција директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, ЕВН Електрани побарале од Градежниот факултет да биде изработена програма со мерки и дејствија кои начелно треба да бидат преземени за да биде отстранета оваа опасност за граѓаните.

Врз основа на таа програма, како што појасни, понатаму треба да се изработи проектна програма која детално ќе го уреди начинот на кој ќе биде отстранета опасноста и врз основа на тоа ЕВН Електрани ќе треба да распише тендер со кој ќе најде изведувач за надминување на опасноста.

– Генерално размислите одат во две насоки, едната е карпите да бидат стабилизирани на местото на кое се наоѓаат со специјални уреди и механизми со што тие би биле прицврстени за карпата, а втората варијанта е контролирано рушење, посочи Ангелов.

Имено, како што додаде тој, разликата помеѓу овие две големи нестабилни карпи и другите низ земјава е тоа што овие можат да паднат во близина на браната или врз одводниот канал од браната Матка.

На втората нестабилна точка, од ЕВН Електрани е ангажирано лице алпинист кој има поставено уред за мерење на поместувањето на карпата, т.н. тензиометар. Овој уред мери колку карпата се движи преку ден и ноќе, односно при промена на температура бидејќи надворешните влијанија се одразуваат на ваквите карпи. Првата карпа е со димензии од 6 до 8 кубни метри или околу 20 тона, додека втората карпа е значително поголема. Овие карпи се нестабилни, но не значи дека се такви од скоро, може се со децении, при евентуален нивен пад може да настане загрозување за Град Скопје, појасни Ангелов.

Следствено на тоа, од страна на ЦУК е одржан координативен состанок на кој биле присутни сите засегнати субјекти од оваа област, конкретно претставници на Државниот инспекторат за животна средина, Градежниот факултет, Градежниот институт, Геолошкиот завод ИЗИС, ДЗС и МВР.

Воедно, било побарано мислење од Комисијата за брани од кои добиле загрижувачко мислење во кое тие ја потврдуваат нестабилноста на карпите, но притоа укажуваат дека прогнозата кога овие карпи би паднале е исто толку тешка како да се прогнозира земјотрес.

Прашан кога би се решил проблемот, Ангелов посочи дека процедурата е бавна, но тече.

– Од нашето првично информирање до сега се преземени низа мерки и дејствија, вклучително и поставувањето на знаци на опасност. Да се направи детална програма која детално ќе утврди на кој начин ќе биде отстранета опасноста, а веднаш потоа ЕВН Елекетрани ќе распишат тендер на којшто ќе одберат изведувач, бидејќи вакви изведувачи не се наоѓаат насекаде, но Европа има сериозни компании коишто работат токму на оваа проблематика, додаде Ангелов

Карпа Македонија Стојанче Ангелов ЦУК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.