Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Украинскиот извоз на пченка би можел да падне за речиси една четвртина во сезоната 2021/2022 поради руската инвазија, а уште поголем пад може да има извозот на сончогледово масло, изјави заменик-министерот за земјоделство Роман Русаков на конференција во Прага. Според него, извозот на пченка би можел да падне за 24 отсто на 17 милиони тони во тековната земјоделска сезона, која завршува во јуни. – Извозот на сончогледово масло може да падне за една третина, на 3,4 милиони тони, додаде Русаков. Украина е најголемиот производител и извозник на сончогледово масло во светот. Пред војната, производителите го проценија извозот за сезоната 2021/2022…
Метју Лосон ќе биде новиот британски амбасадор во Северна Македонија, а ќе стапи на должност на местото на актуелната амбасадорка Рејчел Галовеј, чиј мандат истекува во јули годинава. Лосон во Скопје доаѓа по амбасадорската функција во Душанбе, Таџикистан. Во неговата биографија се наведува дека ја вршел и функцијата заменик-шеф на британската мисија во Босна и Херцеговина од 2015 до 2018 година, а имал дипломатска служба и во Канада од 2013 до 2015 година. Новиот британски амбасадор работел и како шеф на Одделот за Јужна Азија и Авганистан при Министерството за надворешни работи и Комонвелт од 2009-2011.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека приведени се двајца мигранти од Авганистан кои пренеле тројца мигранти од Конго, Камерун и Брегот на Слоновата Коска од Атина, Грција до Куманово, со цел нивно прифаќање и времено засолнување на подрачјето на Куманово (атар на селата Лојане и Ваксинце), а оттаму нивно пренесување преку македонско-српската граница до државите на ЕУ. – На 13.04.2022 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против М.Б и Ф.Х., двајцата од Авганистан, за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, предвидено и казниво по член 418-б став 2 в.в став 1…
– Да“ за Албанија, „не“ за Македонија, изјави бугарскиот претседател Радев кој уште еднаш го потврди ставот дека засега нема промена во нивната позиција околу евроинтеграциите на двете земји. „Беше изгубено значајно време да се бараат други начини за да се отвори вратата за почетни преговори за членство. Така што ќе ни треба повеќе време, а на Македонија посебно да ги исполни барањата на тој пакет“, изјави Радев. Тој дава целосна поддршка за Албанија што поскоро да ги почне преговорите за членство во ЕУ, а од друга страна, и по средбата со неговиот португалски колега остана на оценката дека Македонија…
Домашните компании кои произведуваат масло за јадење имаат залихи за месец до месец и половина изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. – Секојдневно преземаме мерки. Комуницираме со компаниите кои го рафинираат и произведуваат маслото за јадење во нашата држава. Нивните залихи се доволно за месец до месец и половина и сметаме дека со дополнителните количини и вчерашната мерка ќе имаме доволно за да го пребродиме целиот овој период што претстои додека се најдат алтернативни извори на суровини кои заради кризата во Украина и Русија ги снема. Сметам дека се што е во наш домен да осигураме дека ќе го…
На полесни симптoми на труење со храна се пожалил и шефот на кабинетот на премиерот Мартин Попов, а премиерот Димитар Ковачевски ниту јадел, ниту пиел надвор од протоколот, информираше портпаролот на Владата на Република Македонија, Душко Арсовски. Како што вели тој, сите околности за овој случај се испитуваат, а јавноста во целост ќе биде известена во текот на наредните денови. „Биле преземени сите мерки за претпазливост кога е во прашање протоколот на меѓународниот самит „Делфи“ во Грција. Во однос на безбедноста на пијалоците и на храната, согласно законот тие постојано се испитуваат“, додаде Арсовски.
Илија Глишовиќ (21), кој пред пет дена ги закла мајката Слаѓана (49), таткото Милан (57) и дедото Сретен (87), потрчал од местото Кулиновци каде го извршил делото до градот Атеница, близу српскиот град Чачак. Според сведок, Илија бил уапсен на ливада во овоштарник каде што се криел. – Откако ги заклал родителите и дедото, целиот крвав истрчал до Атеница, која е оддалечена пет километри од Кулин. Околу три часа полицијата го опколи делот од Атеница наречен Трнава, всушност делот каде што се наоѓа улицата Игумен Пајси. Тие влегле во локален ресторан за свадби и прослави каде во тоа време имало…
47-годишен маж од Западна Австралија е обвинет за повеќе од 400 сексуални престапи против деца во она што полицијата го нарекува една од најзначајните истраги за злоупотреба на деца во историјата на државата. Тој се соочува со 240 точки од обвинението за непристојно постапување со дете помладо од 13 години, 98 точки од обвинението за непристојно снимање на дете под 13 години и 44 точки од обвинението за сексуална пенетрација на дете под 13 години, соопшти полицијата во Западна Австралија. Тој се соочува и со 26 точки од обвинението за поседување и пет точки за производство на материјал за експлоатација…
Во МВР за 4 години инвестиравме 10 милиони евра во униформи, од 2017 до 2021 година и ако некој кажува дека не добива униформи, тоа не е така, објави министерот Оливер Спасовски на својот фејсбук профил. – Во 2021 година со 45 отсто поголеми инвестиции за полицијата, со вредност од 298.245.398 денари продолжија активностите за нејзино опремување, можеби и најголемо по опфат на служби досега. Униформираната полиција доби по 10.000 пара полувисоки чевли, како и чевли со подебел ѓон, по 10.000 кошули зимски и летни, со долг ракав и со краток ракав, по исто толку летни и зимски капи и…
Вработените на Клиниката за инфективни болести од утре, 14 април до 3 мај ќе бидат на колективен одмор, а според министерот за здравство Беким Сали не се работи за класичен одмор, бидејќи во овој период Клиниката ќе биде целосно дезинфицирана. -Не се работи закласичен колективен одмор, ќе биде извршена целосна дезинфекција, а во тој преоден период сите пациенти кои што ќе имаат потреба ќе бидат упатувани во болницата “8 Септември”- вели Сали. Министерот Сали посочи и дека не може да се прецизира кога ќе се тргнат сите ковид рестрикции. За жал, се уште не може да ја прогласиме за умрена.…
Најновите податоци покажуваат дека инфлацијата продолжи да забрзува и во март 2022 година достигна годишна стапка од 8,8%. Главните фактори на поместувањата на ценовното ниво и понатаму се факторите на страната на понудата, односно цените на енергијата и на прехранбените производи, поради растечките увозни цени. На нив отпаѓа повеќе од три четвртини од растот. Сепак, имајќи предвид дека тие се влезен инпут кај повеќе други производи и услуги, а застојот кај синџирите за производство ги поскапува и другите увозни производи, најновите податоци покажуваат дека растот на цените станува пошироко распространет. Ова заедно со подолготрајниот ценовен притисок од првично очекуваните придонесува…
Од Сојузот на синдикати на Македонија бараат линеарно зголемување на сите плати во јавниот и приватниот сектор од најмалку 2.806 денари во нето-износ и ќе протестираат на 1 мај . – Потребни се похрабри, поинтензивни и побрзи реакции за надминување на проблемите, за зголемување на платите за 2.806 денари во нето износ на сите вработени во приватниот и јавниот сектор, како и за креирање нови визии и перспективи. Ја повикуваме Владата на поголема продуктивност и решителност во делувањето за зголемување на платите на работниците, се наведува во прогласот што денеска го објави ССМ. Оттаму ги повикуваат сите работници и синдикати…