– Да“ за Албанија, „не“ за Македонија, изјави бугарскиот претседател Радев кој уште еднаш го потврди ставот дека засега нема промена во нивната позиција околу евроинтеграциите на двете земји.

„Беше изгубено значајно време да се бараат други начини за да се отвори вратата за почетни преговори за членство. Така што ќе ни треба повеќе време, а на Македонија посебно да ги исполни барањата на тој пакет“, изјави Радев.

Тој дава целосна поддршка за Албанија што поскоро да ги почне преговорите за членство во ЕУ, а од друга страна, и по средбата со неговиот португалски колега остана на оценката дека Македонија не ги исполнила барањата од пакетот 4+1 и треба уште да работи за Софија да даде зелено светло.