Author: Biljana
Мотоциклист починал откако вчера на автопатот Скопје – Велес во близина на селото Катланово излетал надвор од коловозот. Како што информираат од МВР, вчера во 16.37 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.П.(25) од Скопје, излетал надвор од коловозот. Мотоциклистот починал на местото на настанот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
На 18 февруари, 20-годишник од Велес неовластено држел огнено оружје – пушка марка „Баикал“ од руско производство, со калибар 12 милиметри, со две цевки со внатрешни ударни механизми и автоматска кочница. Движејќи се по улица во Велес, оваа пушка ја носел со себе, кога го запреле полициски службеници. Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки матери од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Поради околности кои упатуваат дека осомничениот може да се даде во бегство…
Авиокомпаниите се борат со порастот на цената на нафтата кој се забрза по руската инвазија на Украина, изјави шефот на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт. „Порастот ја влоши перспективата на авио-бизнисот што веќе се очекуваше да вклучи загуба на целата индустрија во 2022 година, иако некои авиокомпании ќе остварат профит додека светот нерамномерно закрепнува од кризата предизвикана од пандемијата“, рече тој. Авиокомпаниите релативно брзо ќе го пренесат растот на цената на нафтата на патниците преку повисоки цени, но скокот на трошоците за енергија ќе ја влоши севкупната перспектива на индустријата во 2022 година ИАТА соопшти дека глобалниот патнички сообраќај се…
Згрозен сум од оваа држава, рече таткото на Викторија Николова, по денешната пресуда од три години затвор за возачот кој ја прегази и усмрти. „Згрозени сме како фамилија со ваква пресуда. Немаме зборови, сите ќе ја напуштат оваа држава. Затоа има толку голем процент на недоверба кај нас“, рече тој. Мајката на Викторија, со плач ја дочека пресудата. За родителите и за адвокатот на одбраната оваа пресуда е несериозна. Три години затвор доби 23-годишниот Јордан Горгиев кој на 20-ти јануари оваа година во сообраќајна незгода кај Сити мол ја усмрти 24-годишната радовишанка Викторија Николова.
Од почетокот на војната во Украина во Полска влегле 2.675.000 лица, соопшти денеска Полската погранична стража. Бројот луѓе што ја минуваат границата со Полска последните седмици значително опадна, додека расте бројот на оние што се враѓаат во Украина. Во текот на вчерашниот ден во Полска влегле 28.500 лица, два отсто помалку споредбено со саботата. Тоа е значително помалку од рекордот поставен на 6 март кога границата ја минаа 142.300 бегалци од Украина.
„Од 2017 наваму платите за просветните работници постојано растат“, вели Јована Тренчевска, министерката за труд и социјална политика во Студио 10 на ТВ24. „Во 2017 платата на воспитувач била 18.300, денес во февруари платата е 26.574 денари. За негувател сега платата е 19.560 денари, а во 2017 година негувателот земал плата 14.493 денари, вели таа. Тренчевска појаснува дека платата е покачена за околу 21%, а техничкиот персонал добил покачување и немал пониска плата од 18.000 денари. Во однос на генералниот штрајк кој се одвива денес кој го организира СОНК поради незголемувањето на платите на вработените во образованието вели дека генерално…
Ученици утрово сакаа да одат на настава но беа оневозможени поради одлуката денес да се штрајкува, порача министерот за образование и наука Јетон Шаќири. „Одбивање на наставата има во повеќе градови во нашата земја. Јас сум благодарен на оние што ги прифатија децата во училиштата. Го почитувам синдикалното право на штрајк. Ние како министерство сме во процес на комуникација со сите основни и средни училишта и со нивните директори за да знаеме дали се одвива настава и колку од вкупните вработени се вклучени во наставниот процес“, вели тој. Како што дополнува Шаќири социјалниот дијалог продолжува и смета дека за брзо…
Од предвидените 64 работни места пополнети се 34 во Државната комисија за спречување на корупцијата, што претставува 53 отсто пополнетост, се вели во годишниот извештај за работењето на Комисијата во 2021 година. Билјана Ивановска претседателка на ДКСК, на прашањето на Нова ТВ зошто досега не се пополнети и останатите места, вели дека причина се неодобрени финансиски средства за нови вработувања. -Од 2019 година секоја година поднесуваме план за вработување до Министерство за финансии за пополнување на работните места предвидени со систематизациата но во 2020 година запре тој процес поради пандемијата. Минатото лето исполнивме максимум слободни места, а сега чекаме да…
163 нови случаи на Ковид-19 регистрирал Институтот за јавно здравје во последните 24 часа. Од нив, 24 се реинфекции. Направени биле 2.020 тестови. Во последното денониќие нема пријавени починати лица, но согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени биле 4 починати лица кои ја изгубиле битката со вирусот во периодот од 02.03.2022 до 21.03.2022 година. Починатите биле на возраст од 64 години до 83 години од Скопје, Тетово, Охрид и Струмица. Од пријавените лица тројца починале во болнички услови, а едно лицево домашни услови. Кај тројца од починатите се регистрирани коморбидитети, информираат од ИЈЗ. Регистрирани…
Првомајски протест на работниците, најавија од Сојузот на синдикати на Македонија. „Поради отсуство од преговарачки процес за линеарно зголемување на платите од 2806 денари во нето износ од страна на Владата, Советот како највисок орган на ССМ одлучи да се одржи првомајски протест наместо првомајски марш. Ќе го изразиме нашиот револт по основ на незголемување на останатите плати со порастот на минималната плата“, рече претседателот на ССМ, Дарко Димовски и додаде дека првомајскиот протест може да прерасне во генерален семасовен штрајк. Од ССМ алармираат дека со последните податоци на Државниот завод за статистика синдикалната потрошувачка кошничка изнесува 36.786 денари што…
Ракетен напад во украинскиот град Краматорск. При гранатирањето на железничката станица во Краматорск присутни биле околу 4.000 луѓе, од кои повеќето жени, деца и постари лица, изјави градоначалникот на градот. Според извештаите на локалните медиуми, во нападот загинале најмалку 30 луѓе, а над 100 се повредени. На проектилот што ја погоди железничката станица во Краматорск биле напишано „за децата“, пренесува Скај Њуз. Се сугерира дека зборовите биле напишани од страна на руските сили, иако тоа тврдење не е потврдено од независен извор, потенцира Скај њуз.
Втор ден протести во државните институции: Растот на цените е аларм оти мора да се покачат и платите
Вработените во државната управа, министерствата, локалната самоуправа, правосудните органи, ФЗО, ПИОМ и други државни институции и денеска од 10 до 12 часот го прекинаа работниот процес и излегоа на мирен протест пред институциите каде што работат. Од Синдикатот на УПОЗ велат дека податоците кои вчера ги објави Државниот завод за статистика се аларм дека решение за платите во аминистрацијата мора да се најде што поскоро. „Гледаме дека инфлацијата веќе во големи проценти расте. Растат цените на основните производи за живот, расте млекото, растат јајцата, расте лебот, баш оние производи за коишто ние бараме плати да можеме да ги купиме и…