163 нови случаи на Ковид-19 регистрирал Институтот за јавно здравје во последните 24 часа. Од нив, 24 се реинфекции.

Направени биле 2.020 тестови.

Во последното денониќие нема пријавени починати лица, но согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени биле 4 починати лица кои ја изгубиле битката со вирусот во периодот од 02.03.2022 до 21.03.2022 година. Починатите биле на возраст од 64 години до 83 години од Скопје, Тетово, Охрид и Струмица.

Од пријавените лица тројца починале во болнички услови, а едно лицево домашни услови. Кај тројца од починатите се регистрирани коморбидитети, информираат од ИЈЗ.

Регистрирани сe 259 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.507, бројот на оздравени пациенти е 296.833, на починати е 9.240, а бројот на активни случаи изнесува 1.434.