На 18 февруари, 20-годишник од Велес неовластено држел огнено оружје – пушка марка „Баикал“ од руско производство, со калибар 12 милиметри, со две цевки со внатрешни ударни механизми и автоматска кочница. Движејќи се по улица во Велес, оваа пушка ја носел со себе, кога го запреле полициски службеници.

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против  за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки матери од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Поради околности кои упатуваат дека осомничениот може да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, до судијата на претходна постапка е доставен предлог за определување мерка притвор против осомничениот.

Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​