Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Oбвинителен предлог против заменик директор на основно училиште во селото Чегране, поднесе Основното јавно обвинителство во Гостивар. Тој се товари за кривичното тело – малтретирање во вршење на службата според член 143 став 1 од Кривичниот законик. „При вршење на службата како заменик-директор на основно училиште во селото Чегране, постапувал спрема ученик на начин со кој се понижува човечкото достоинство и личност. Оштетеното дете, ученик во осмо одделение, добил известување дека заедно со уште двајца соученици ќе биде прераспореден во друго одделение. Тој се качил на вториот кат во училиштето за да го земе распоредот за новото одделение, но го…
Направени биле 2.225 тестирања. 262 нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа, објави Институтот за јавно здравје. Од нив, 39 се реинфекции. Регистрирано е едно починато лице од Скопје (87г), во болнички услови. Починатиот имал коморбидитет. Регистрирани сe 326 оздравени пациенти. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.979, бројот на оздравени пациенти е 294.988, на починати е 9.221, а бројот на активни случаи изнесува 1.770.
За 23,6 отсто пораснала трговската размена помеѓу Северна македонија и Германија минатата година. Ова беше истакнато на денешниот настан „Очекувањата на приватниот сектор од новата Влада во време на корона и енергетска криза“. Директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија, Патрик Мартенс истакна дека во 2021 година била постигната рекордната трговска размена помеѓу двете земји, со вредност од 4,7 милијарди евра. „Минатата година имаше и проширувања на инвестициите кај повеќе германски инвеститори во земјата од автомобилската индустрија. Некои од постоечките компании треба да ги прошират своите производни капацитети да вработат нови лица за да ги постигнат сите оние нови…
„Маршот на видливоста“ почна пред Владата, а заврши пред Законодавниот дом. Со мирен марш од Владата до Собранието на РСМ, активисти и поддржувачи на трансродовите лица упатија порака до надлежните институции за унапредување на правата на трансродовата заеница во земјава. Меѓу другото, од Владата побараа во најскоро време да го врати до Парламентот, Законот за водење на матична евиденција и ги повикаа пратениците да го поддржат. „Иако декларативно државата се залага за унапредување на човековите права, во суштина и во пракса прави сè да не го признае најосновното човеково право на трансродовата заедница – правото на сопствен идентитет, со што…
За 2,3 отсто, во изминатата година, се намалил бројот на работници во индустријата, објави Државниот завод за статистика. Најголем пад на вработените има во секторот Рударство и вадење на камен од 3,8 %, во секторот Преработувачка индустрија од 2,3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,6 %. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2022 година, во однос на февруари 2021 година, бележи опаѓање кај Енергија за 5,4 % и нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,9 %, додека пораст има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,6…
Од утре, жичарницата на Средно Водно ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот. „Согласно одлуката за возен ред за месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу. Секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за жичарницата се неработни денови. После речиси двегодишна пауза поради мерките за заштита и превенција од Ковид 19, жичарницата повторно се пушти во употреба на 30.12.2021 година. Oд тогаш до денеска, продадени се вкупно 48.544 билети, а најголема посетеност е регистрирана во јануари, односно продадени…
Пописот покажува алармантни бројки кои што се поразителни за сите општини освен за градот Скопје, особено со тоа што има преголемо иселување, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Пописните бројки се показател за неуспех бидејќи има силен бран на иселувања“ рече на денешната прес конференција, пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски и додава дека операцијата е спроведена со низа забелешки. „Имаме 7,2% коишто го бојкотирале пописот тоа се повеќе од 132.000 граѓани, а живеат во државата. Имајќи предвид дека дел од Македонците овој попис го бојкотираа. Бројките на ДЗС требаше да се соопштат откако ќе се дефинираше припадноста на секој…
Резултатите од пописот не се одраз на фактичката состојба, оценуваат од Демократскиот сојуз. „Според првичните анализи на објавените податоци од пописот, во дијаспората, проценките се дека само околу 10% од Македонците се попишани, додека во Македонија, од резидентното население, претежно Македонци, над 130.000 не се попишани. Овие бројки го наметнуваат заклучокот, дека пописот е неуспешен и за тоа треба да се бараат причините и одговорноста“, се вели во соопштението од Демократскио сојуз. Оттаму додаваат дека повеќе фактори влијаеле да не успее пописот: деструкцијата и повикот за бојкот на некои партии, лошите подготовки, методологијата за спроведување на пописот, партизацијата, слабата обука…
Само 3504 граѓани се изјасниле како етнички Бугари на Пописот 2021 година. Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, етничките Бугари според бројката се на осмо место на останати етнички заедници, односно како Бугари се изјасниле 3.504 граѓани или 0,19 отсто од вкупното население. Токму правата на Бугарите во Северна Македонија е една од точките на кои инсистира бугарската страна во преговорите помеѓу Скопје и Софија. Бугарскиот премиер Кирил Петков во повеќе наврати потенцира дека унапредувањето на правата на бугарското малцинство односно нивно впишување во Уставот на Република Северна Македонија е еден од условите земјава да ги почне преговорите…
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени биле 2.430 тестови, а регистрирани се 294 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни, регистрирана е 41 реинфекција. Регистрирани сe 235 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани биле две починати лица од: по едно починато лице од Скопје (70г) и Ресен (78г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица, од Скопје, Кичево, Штип и Кочани, на возраст од 74 до 82 години. Пријавените лица се починати во период…
Претседателот на ДУИ Ахмети упати честитка до институциите за завршената работа по објавените резултати од пописот на населението. „Им честитам на сите институции кои беа вклучени и го помогнаа пописот како процес кој започна во март минатата година со дијаспората во земјата и заврши во септември со пописот во државата, процес и предизвик нималку лесен, но успеавме да биде завршен успешно”, вели Ахмети. Тој вели дека пописот на населението дава појасна слика за бројот на жители во земјава. „Албанците се 29,5% од вкупното население и 24,3% од резидентното население, додека во градот Скопје 22,8% (во споредба со 20,04% во 2002…
Комисијата за заразни болести ќе препорача да се укине одлуката за носење на заштитни маски и за средношколците. Членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок донеле одлука да и препорачаат на Владата да се укине обрската за носење на заштитни маски во средните училишта, дознава НоваТв од извори во Комисијата. Вчера Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се укине обрската за носење на заштитни маски во основните училишта. Основците од денеска можат да посетуваат настава со физичко присуство без задолжително носење заштитна маска. Одлуката стапува на сила од денеска и ќе важи сé до…