Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трговската размена помеѓу Македонија и Германија пораснала за 23,6 отсто

0
By Biljana on March 31, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 31, 2022 14:32

За 23,6 отсто пораснала трговската размена помеѓу Северна македонија и Германија минатата година.

Ова беше истакнато на денешниот настан „Очекувањата на приватниот сектор од новата Влада во време на корона и енергетска криза“.

Директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија, Патрик Мартенс истакна дека во 2021 година била постигната рекордната трговска размена помеѓу двете земји, со вредност од 4,7 милијарди евра.

„Минатата година имаше и проширувања на инвестициите кај повеќе германски инвеститори во земјата од автомобилската индустрија. Некои од постоечките компании треба да ги прошират своите производни капацитети да вработат нови лица за да ги постигнат сите оние нови побарувања коишто ги имаат добиено од нивните клиенти. ‘Вебхелп’ и ‘Мажорел’ се две нови компании, две нови инвестиции во државава коишто се од областа на услужната дејност и корисничкото искуство – кол-центри и кои се, големи интернационални работодавачи. Тие работат со клиенти на пазарите во Европа и во Америка, и ќе отворат голем број работни места и тоа добро платени работни места за граѓани со високо образование кои имаат познавање на јазици“, рече Мартенс.

За германската амбасадорка Анке Холштајн, доверливата клима на соработка со македонската Влада е важно признание за квалитет за локацијата Северна Македонија.

„Заедно ќе продолжиме да ја негуваме – за успешно да работат тие што се веќе овде, како и за понатаму да ја рекламираат Северна Македонија како добра дестинација за инвестиции“, рече амбасадорката Холштај.

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека германските инвестиции, како и европските се клучни за нашата земја.

„Во Европа може да се произведуваат многу работи, а тоа значи и заштеда на трошоците. Северна Македонија тоа ќе го искористи и затоа правиме амбиент за нови инвестиции. Ние сме членка на НАТО, нашата позиција е и членство во Европската Унија, за инвеститорите да знаат дека имаат сигурност и предвидлив деловен амбиент, впрочем тоа е нашата предност и во однос на некои од земјите од регионот“, изјави Ковачевски и додаде дека Владата во партнерство со сите релевантни чинители за да се спречи ценовниот шок предизвикан од светската енергетска криза, брзо и навремено, донесе пакет од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра за да се амортизираат притисоците врз стандардот на граѓаните и да се обезбеди ликвидност на компаниите.

Настанот беше во организација на  Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија и Македонско-Германското стопанско здружение.

Трговска размена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.