Направени биле 2.225 тестирања.

262 нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа, објави Институтот за јавно здравје. Од нив, 39 се реинфекции.

Регистрирано е едно починато лице од Скопје (87г), во болнички услови. Починатиот имал коморбидитет.

Регистрирани сe 326 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.979, бројот на оздравени пациенти е 294.988, на починати е 9.221, а бројот на активни случаи изнесува 1.770.