Author: Biljana

Макроекономската стабилност во земјава е зачувана и покрај последните случувања во Украина, кои значително го менуваат глобалниот економски контекст. Денарот е стабилен и ќе остане и понатаму стабилен, за што гарантира богатиот монетарен инструментариум на Народната банка, а пред се високото ниво на девизни резерви. Ова било истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска со претставниците на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), претставникот за Северна Македонија Анди Аранитаси, регионалната главна економистка на ЕБОР Ана Крешиќ и економската аналитичарка Оља Белиќ. Од страна на претставниците на ЕБОР биле поздравени политиките кои ги спроведува Народната банка и…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва ги коментираше денешните мировни преговори со Русија во Истанбул. Тој рече дека сигналите од преговорите може да се наречат позитивни, но „овие сигнали не ги намалуваат експлозиите на руските гранати“. Тој вели дека ќе верува само во конкретни резултати. Русија претходно најави дека драстично ќе ја намали воената активност насочена кон Киев и Чернихив. Сепак, САД тврдат дека руските трупи кои се оддалечуваат од двата града само се прераспоредени во другите делови на Украина

Read More

Настап на Светското првенство во Катар обезбеди и селекцијата на Полска. Во финалето од плејофот за настап на Светското првенство 2022, вечерва во Порто, македонската фудбалска репрезентација загуби од Португалија со 2:0. Двоен стрелец на средбата на „Драгао“ одиграна пред околу 50 илјади гледачи, од кои 1.500 Македонци беше Бруно Фернандеш. Португалците беа подобар тим во првото полувреме и од три големи шанси една претворија во гол. Фернандеш погоди во 32. минута на асистенција на Кристијано Роналдо, а по грешката на капитенот Стефан Ристовски. И вториот гол Португалците го постигнаа во транзиција, откако на Енис Барди му беше одземена една…

Read More

Репрезентацијата на Португалија на полувремето води со 1-0 во мечот за пласман на Светското првенство. Иако македонските фудбалери одиграа одлични 30 минути, сепак грешката на Стефан Ристовски беше пресудна противничкиот тим да ја искористи можноста и да даде гол за водство од 1-0. Голот го даде Бруно Фернандез. За играчот на Манчестер Јунајтед ова беше прв погодок во мундијалските квалификации, од вкупно тринаесет за Португалија.

Read More

„ТЕ-ТО“ АД Скопје, ќе работи седум дена во неделата по 24 часа.  Владата на денешната седница донесе одлука за продолжување на мерката со која дополнителните количини на електрична енергија во износ од 160 мегавати ќе се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, информираат од Прес-службата на Владата. Од таму додаваат дека „ТЕ-ТО“ АД Скопје, ќе работи седум дена во неделата во периодот од 00:00 до 24:00 часот со полна моќност, во периодот од 1 април 2022 година до 15 април 2022 година. „Согласно оваа мерка, АД „Електрани на Северна…

Read More

Влезот на Северна Македонија  во ЕУ е тема на состанокот на лидерите од владината коалиција во Бугарија.  Лидерите на партиите членки на бугарската владина коалиција вечерва одржуваат средба во Софија на која главна тема влезот на Северна Македонија во Европската Унија, објави софиски „24 Часа“, повикувајќи се на извори во Владата на Бугарија и на претставници на дел од коалициските партнери. Бугарскиот премиер Кирил Петков вчера по средбата во Софија со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и колегите од Романија и Црна Гора, Николае Чука и Здравко Кривокапиќ, изјави дека Северна Македонија има место во европското семејство и тоа мора…

Read More

Македонски навивачи во огромен број денеска ги „окупираа“ улиците на португалскиот град Порто. Се вееја македонски знамиња и се пееја навивачки песни, во пресрет на фудбаслкиот натпревар помеѓу репрезентациите на Португалија и Северна Македонија. https://youtu.be/cPdPngw-P5o?t=4

Read More

Мешовитата комисија за историски и образовни прашања ќе се состане в четврток и петок. На дневен ред ќе бидат забелешките дадени од бугарската страна за средовековниот период за нашите учебници по историја за седмо одделение, изјави за МИА копретседавач од македонска страна во заедничката македонско-бугарската Комисија, Драги Ѓоргиев. Тој додаде дека работата на Комисијата се одвива во позитивна атмосфера и доколку така продолжи, според него, ќе дојде до приближување на ставовите. Во однос на прашањето за Гоце Делчев, кое се дискутира од аспект на заедничкото чествување, Ѓорѓиев вели дека тоа ќе се отвори на претстојните разговори доколу остане време. Бугарскиот…

Read More

Националната организација за јавно здравје на Грција денеска соопшти за 28.933 нови случаи на Ковид-19. Тоа е највисок број на новозаразени на дневно ниво во изминатите речиси 80 дена, јави дописничката на МИА од Атина. За разлика од вчерашните 27.490 случаи од 113.940 направени тестови, денеска имало речиси четири пати повеќе тестирања, односно новозаразените се од 434.502 тестови. Во изминатите 24 часа починале 49 лица, а 351 пациент (девет повеќе од вчера) бил приклучен на одделите за интензивна нега во грчките болници. Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 2.986.880 случаи на Ковид-19 и починаа вкупно 27.392 лица. (Извор:…

Read More

Британија бара целосно повлекување на руските војници од украинската територија.  Британската влада се огласи денеска со реакција, откако по мировните преговори во Турција, Русија соопшти дека има намера да ги намали борбените активности околу два украински града. „Ќе го судиме (Владимир) Путин и неговиот режим според неговите постапки, а не според неговите зборови. Не сакаме да видиме ништо помалку од целосно повлекување на руските сили од украинска територија“, изјави портпаролот на премиерот Борис Џонсон. (Извор: МИА)

Read More

Делегација на Владата, предводена од премиерот Димитар Ковачевски, попладнево имаше средба со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), на која е договорено продолжување на континуираниот дијалог со цел изнаоѓање одржливи и системски решенија, соопшти владината Прес-служба. „На средбата се разговараше за барањата на СОНК и на истата е донесен заеднички заклучок дека Владата е отворена за континуиран дијалог со цел изнаоѓање одржливи и системски решенија кои ќе постават рамка која ќе го заштити стандардот и интегритетот на наставниот кадар, а со акцент на стартната позиција врзана со социјалниот статус на вработените во воспитно-образовниот систем како основ за понатамошните…

Read More

Почнувајќи од утре  учениците во основните училишта нема да носат заштитни маски. Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести донесена пред две недели.  Сепак, останува одлука на секој родител поединечно да реши дали неговото дете ќе носи заштитна маска додека следи настава. Главниот координативен кризен штаб за справување со коронавирусот на крајот од минатата недела ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за носење маски во основните училишта, како и препорака за физичко присуство на наставата на факултетите. Тие прифатија и укинување на сертификатите на терасите од кафулињата, што значи дека од утре…

Read More