Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Белгија протерува 21 руски дипломат поради наводно шпионирање и претставување закани за безбедноста, соопшти Министерството за надворешни работи. Руските дипломати се од амбасадата на Москва во Брисел и конзулатот во Антверпен. „Сите тие беа акредитирани како дипломати, но работеа на операции за шпионирање и влијание“, изјави портпаролот на Министерството. Холандското Министерство за надворешни работи, исто така, денеска протера 17 руски разузнавачи кои беа акредитирани како дипломати, врз основа на информации од сопствените безбедносни служби, соопшти холандското МНР. (Извор: МИА)
Почнува реализацијата на нова инвестиција на КИЕЛ Македонија во ТИРЗ Тетово. Компанијата КИЕЛ, која е водечки производител на седишта за возови и автобуси, почнува со изградба на новиот производствен погон во ТИРЗ Тетово, инвестиција од 9,2 милиони евра, напиша министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил. Во новиот производствен погон во Тетово, кој ќе се простира на површина од 7.500 квадратни метри, како што посочува, предвидено е да бидат отворени 300 нови работни места за лица од Полошкиот регион. „Министерството за економија даде согласност за потпишување на договор помеѓу Друштво за производство на внатрешни компоненти КИЕЛ Македонија и…
Предлог-стратегијата за родова еднаквост 2021-2026 денеска беше разгледувана во Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Законодавниот дом. „За унапредување на родовата еднаквост треба сите активно да придонесуваме, бидејќи е клучна за демократијата и просперитетот на нашето општество“, рече пред пратениците министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. „Нашите активности ги насочивме кон постигнување на родова еднаквост во кое жените и мажите, девојчињата и момчињата, имаат еднакви права, пристап до ресурси, можности и заштита во сите сфери на животот, како услов за целокупен и одржлив економски, демографски и социјален развој напредок на земјата. Градиме општество во кое…
За 2,22 проценти се зголемува цената на нафтените деривати, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Со новата одлука која ќе стапи на сила вечерва на полноќ за 1,50 денари за литар се зголемуваат цените на бензинот и дизелот. Со тоа, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 83,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 85,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 87,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 3,00 ден/лит, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,140 ден/кг и со тоа малопродажната цена на…
Денеска во Скопје се одржа завршниот настан „Безбедни и иновативни здравствени услуги во време на Ковид-19“ подржан од СЗО, УНИЦЕФ и Фондот за население при Обединетите нации. Дури 1000 жени од руралните и помалите општини за два месеци добиле преглед во мобилната гинеколошка амбуланта, велат од Канцеларијата на Обединетите нации во Скопје кои се носители и финансиери на проектот. Целта, според нив, била да им се овозможи на жените од ранливите категории кои немаат избран матичен гинеколог што побрзо да добијат гинеколошка услуга, а фокусот бил ставен на превенција на карцином на грлото на матката. „Загрижувачко е тоа што меѓу…
Инцидентот кој се случи на сцената на синоќешното 94-то доделување на наградите на Филмската акаемија – Оскар, фрли сенка врз целата гламурозна манифестација. Имено, инциентот се случи пред објавувањето на победникот во категоријата „Најдобар документарен филм“, кога комичарот Крис Рок се пошегува на сметка на актерката Џејда Пинкет Смит, сопруга на актерот Вил Смит. Рок рече дека „Џејда, која носи многу кратка фризура бидејќи има алопеција, личи на Деми Мур во филмот ‘Џи Ај Џејн’“. Актерот Вил Смит прво се насмеа на шегата, по што се качи на сцената и му влепи шлаканица на Рок. Шокиран од ненајдениот напад, Крис…
Американскиот претседател Џо Бајден денеска од Варшава повика на смена на рускиот претседател Владимир Путин. – Па овој човек не може да остане на власт, изјави Бајден. По реакцијата во јавноста, Белата куќа ја појасни неговата изјава. „Поентата на претседателот беше дека на Путин не може да му се дозволи да има власт над соседите или во регионот. Тој не го коментираше владеењето на Путин во Русија или промената на режимот“, изјави претставник на Белата куќа за Волстрит Џурнал. Реакција веднаш пристигна и од Москва. – За тоа не може да одлучува господинот Бајден. Тоа може да биде избор само…
Зградата на МНР вечерва е осветлена во боите на НАТО по повод утрешното одбележување две години откако земјава е полноправна членка на Алијансата. -Да се биде дел од трансатлантското семејство, особено во овие времиња на геополитичка нестабилност, е значајно постигнување и цврста гаранција за нашата безбедност и просперитет, напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил. Според него, Северна Македонија е на заедничка маса со најразвиените демократии во светот и е активен чинител во глобалните безбедносни политики. -Со нашите НАТО партнери сме обединети и одлучни заеднички да одговориме на актуелните безбедносни предизвици предизвикани од инвазијата на Русија…
Американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека војната во Украина нема брзо да заврши и дека луѓето ќе мора да се подготват за долга борба во наредните месеци. Тој денеска во Варшава откако се сретна со украински бегалци одржа и говор во Кралскиот замок од каде што порача дека Путин не може да остане на власт, јави СНН. „Оваа војна е веќе стратешко фијаско за Русија. Путин научи малку од историјата кога го потцени одговорот на Украина. „Нападот на Украина не е потег на голема нација“, рече американскиот претседател. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, му одговори на Бајден, велејќи: „Ова не…
Американскиот претседател Џо Бајден го нарече Владимир Путин „касап“ за време на средбата со украинските бегалци денеска во Варшава. На новинарското прашање за тоа што мисли за Путин кратко одговори: -Тој е касап – изјави Бајден. Претходно, американскиот претседател од Варшава на крајот од неговата европска турнеја, во рамки на која присуствуваше и на самитите на ЕУ, НАТО и на Г7 изјави дека со руската инвазија врз Украина Путин мислел дека ќе го подели НАТО. Бајден ѝ се заблагодари на Полска за товарот кој го презеде со приемот на воените бегалци од Украина, чија бројка е над два милиони .…
Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изјави дека се зголемува веројатноста Русија да употреби нуклеарно оружје. Тој го изјави ова за време на посетата на американскиот амбасадор на Хирошима, првиот град во историјата во кој е детонирана атомска бомба. Јапонија, единствената земја која некогаш била нападната со нуклеарно оружје, редовно се противи на употребата на такво оружје. Кишида денеска во придружба на американскиот амбасадор Рам Емануел го посети споменикот на жртвите од атомската бомба во Хирошима. – Во време кога се зголемува веројатноста Русија да употреби нуклеарно оружје, верувам дека посетата на амбасадорот Емануел на Хирошима и она што тој го…
Политичарите во Србија денес се сведоци на фактот дека луѓето за кои до вчера веруваа дека се семоќни и недопирливи – претседателот Путин, на пример – добија прилично остри санкции од Западот и нема опција да се ослободат од нив, вели Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска и професорка на Филозофскиот факултет во Загреб во врска со санкциите против Русија поради инвазијата врз Украина. Според неа, „ако таква казна доживеале семоќниот Путин, руските олигарси и политичари, тогаш на балканските дестабилизатори им останува само да мислат како ќе поминат“. -Тие многу полесно може да се санкционираат. Конечно, прашање…