За 2,22 проценти се зголемува цената на нафтените деривати, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Со новата одлука која ќе стапи на сила вечерва на полноќ за 1,50 денари за литар се зголемуваат цените на бензинот и дизелот.

Со тоа, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 83,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 85,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 87,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 3,00 ден/лит, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,140 ден/кг и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 84,00 ден/лит, додека на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 57,347 ден/кг.