Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предлог-стратегијата за родова еднаквост помина на Комисија за еднакви можности

0
By Biljana on March 29, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 29, 2022 16:21

Предлог-стратегијата за родова еднаквост 2021-2026 денеска беше разгледувана во Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Законодавниот дом.

„За унапредување на родовата еднаквост треба сите активно да придонесуваме, бидејќи е клучна за демократијата и просперитетот на нашето општество“, рече пред пратениците министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

„Нашите активности ги насочивме кон постигнување на родова еднаквост во кое жените и мажите, девојчињата и момчињата, имаат еднакви права, пристап до ресурси, можности и заштита во сите сфери на животот, како услов за целокупен и одржлив економски, демографски и социјален развој напредок на земјата. Градиме општество во кое жените и мажите ќе ги имаат истите привилегии и одговорности кои ќе ги остваруваат во вистинско заедничко партнерство“, рече министерката Тренчевска.

Тренчевска очекува до крајот на годината Законот за родова еднаквост да ја помине собраниската процедура.

„Министерството ќе продолжи да работи на креирање политики и мерки за вработување кои ќе ја намалат неактивноста на жените на пазарот на трудот, политики кои го регулираат родителското отсуство, заштита на работното место, флексибилно работно време и работа со скратено работно време и работни места за мајки, како дел од измени и дополнувања на Законот за работни односи“, рече Тренчевска.

Целта на Стратегијата е да се унапреди родовата еднаквост, во согласност со меѓународните стандарди, препораки и обврски.

Со донесувањето на Стратегијата, Република Северна Македонија се насочува кон интегрирање на родовата перспектива во политиките и сузбивање на стереотипите како што се, насилството кон жените, унапредување на положбата во јавниот и приватниот живот, образованието, здравството, земјоделието, правдата, социјалната сигурност, животната средина и климатските промени, спортот, културата, медиумите. ​

Предлог-стратегијата за родова еднаквост 2021-2026 ја помина амандамнската расправа и Комисија за еднакви можности на жените и мажите, ја проследи во понатамошна собраниска процедура.

еднакви можности Комисија за еднакви можности СОБРАНИЕ РСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.