Американскиот претседател Џо Бајден го нарече  Владимир Путин „касап“ за време на средбата со украинските бегалци денеска во Варшава.

На новинарското прашање за тоа што мисли за Путин кратко одговори:

-Тој е касап – изјави Бајден.

Претходно, американскиот претседател од Варшава на крајот од неговата европска турнеја, во рамки на која присуствуваше и на самитите на ЕУ, НАТО и на Г7 изјави дека со руската инвазија врз Украина Путин мислел дека ќе го подели НАТО.

Бајден ѝ се заблагодари на Полска за товарот кој го презеде со приемот на воените бегалци од Украина, чија бројка е над два милиони .

-Уверен сум дека Владимир Путин сметаше на тоа да може да го подели НАТО, да може да го одвои источното од западното, да може да ги одвои нациите врз основа на минатите истории. Но, тој не можеше да го направи тоа – сите останавме заедно – порача Бајден.