Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Бојан Јовановски даде завршни зборови за случајот „Меѓународен сојуз“. Првообвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски – Боки 13, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје во завршните зборови рече дека е горд што бил претседател на невладината организација „Меѓународен сојуз”, која, како што нагласи, не добила ниту еден денар државни пари, туку финансирањето било од бизнис секторот. Јовановски изјави дека е горд на два потпишани договори, кои, според него, се општествено корисни и од капитално значење за државата. „Поддршката од Владата, од Зоран Заев како премиер, ја имав од првиот ден на формирањето на „Меѓународен сојуз“. Дека Зоран Заев…
Вработените во А.Д. Пошта во недела излегуваат на протест. Протестот ќе се одржи во 12.00 часот започнувајќи пред платото на Дирекцијата на АД Пошта на РСМ, каде потоа учесниците на протестот ќе се упатат пред Влада на Р.С. Македонија. Од репрезентативниот Синдикат, Конфедерација на слободни синдикати на Македонија, информираат дека одлуката на Синдикалните организации на А.Д. Пошта на Северна Македонија, произлегла од „крајно алармантната состојба“, поради долгогодишното непочитување на работничките права и економско-социјалните интереси на вработените. „Соочени сме со енормно зголемување на трошоците за живот во земјава кое како последица драстично ја намалија куповна моќ на жителите. Во вакви услови…
По војната започната од Русија ќе има радикални промени, не само во европската, туку и во светската политика, вели во интервју за МИА украинската амбасадорка во земјава Наталија Задорожњук. Во врска со барањето на Украина за брз прием во Европската Унија, амбасадорката вели дека Киев сега работи на тоа брзо да ја помине специјалната процедура и Украина да стане членка на ЕУ. „Се зависи од политичката волја на Европа, на што работи Киев. Европската Унија сега презема чекори без преседан за поддршка на Украина. Ќе го почекаме одговорот на Европската комисија“, вели Задорожњук. Според неа, со цел прекин на воените…
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле регистрирани 324 нови случаи на Ковид-19. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Велес (70г), починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени две починати лица од: Кичево (75г) и Ресен (83г). Починатите се пријавени во период од 04.03. и 05.03.2022 година, а починале во домашни услови. Кај сите починати лица биле регистрирани коморбидитети. Направени биле 2.290 тестови. Регистрирани се 49 реинфекциии. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и денеска ќе носи одлука за цените на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ. Одлуката, како што изјави портпаролката на РКЕ Марина Узинов, ќе биде соопштена во текот на денот. „Предусловите се исполнети, РКЕ ќе донесе одлука која ќе биде на сила од вечерва на полноќ“, изјави Узунов. Цените на горивата се носат врз основа на изменетиот Правилник за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати со кој РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на горивата доколку пресметката за цената на било кој нафтен дериват оди нагоре…
70 семејства од Општина Центар добиле по 7000 денари парична помош за новороденчиња, информираат од локалната самоуправа. Средствата им биле доделени како првична помош и поддршка на родителите кои имаат принова во семејството и се жители на Општина Центар. Градоначалникот Горан Герасимовски денеска посети дел од семејствата и лично им ги врачи решенијата за доделување на парична помош заедно со пригодни подароци и на најмладите им посака добро здравје и безгрижно детство. Оваа парична помош Општина Центар ја доделува тековно секоја година како дел од активностите за детска заштита и во рамки на проектот за првична помош и поддршка на…
Влатко Стефановски ќе одржи концерт заедно со своето трио и неколку гости. По точно 40 години, Влатко Стефановски се враќа во МКЦ со концерт, во рамки на одбележувањето на јубилејот 50 години Младински Културен Центар, во организација на Баги Комуникации и МКЦ. Концертот е закажан на 8 април, со почеток во 20 часот во сала 25 мај. Интересно е што последен пат Влатко настапил во МКЦ во 1982 година, заедно со групата „Леб и Сол“, а во последниве 40 години немал ниту еден свој концерт во оваа установа. „Среќен сум што ќе бидам дел од прославата на значаен јубилеј и…
Три граѓански здруженија се пожалија дека бил скратен буџетот за Програмите за превенција од ХИВ за 2022 година. Тие на денешната прес-конференција пред Министерството за здравство се пожалија дека со ваквиот буџет, кој е помал за 40 отсто во однос на минатогодишниот, не може да се извршуват ниту досега обезбедените минимални услуги. „Со ова се загрозува здравјето на најмалку 10.000 директни корисници на овие услуги од програмите од маргинализираните групи. Наместо предвидените 46,5 милиони денари во програмата наменети за услугите на превенција што се спроведуваат во 12 града во земјава, Министерството завчера објави јавен повик за здруженија во износ намален…
Овации за Зеленски при видео обраќањето до американскиот Конгрес https://youtu.be/GxSZuptu_TY?t=55
Околу 450 земјоделци во Струмица ќе добијат обештетување за штетите предизвикани врз земјоделските посеви од елементарните непогоди во 2017 и 2018 година. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски посочи дека Владата донесе одлука за исплата на штетите од елементарни непогоди што ги претрпеа земјоделците во 2016, 2017 и 2018 година во 35 општини, вклучително и во Струмица. Висината на обештетувањето ќе биде 10 отсто од вкупно проценетата вредност. Обештетни ќе бидат над 9.100 земјоделци. За Струмица по тој основ ќе се исплатат околу 4 милиони денари. „Ова беа постапки коишто беа заглавени низ административните лавиринти и законските процедури.…
Во Израел е откриена досега непозната варијанта на Ковид-19. Како што соопштило тамошното Министерство за здравство, новата варијанта, која ја комбинира доминантната подваријанта Б.A.1 на Омикрон со поновата БA.2, била дијагностицирана на аеродромот Бен Гурион кај двајца патници кои се вратиле во земјата, објави The Times of Israel. Според надлежните во Израел, се верува дека мутацијата сепак потекнува од нивната земја, а не оти била „увезена“ од надовор. Министерството за здравство на Израел, утрово објави дека во изминатите денови во Израел биле дијагностицирани два случаи на нова, претходно непозната варијанта на корона вирусот. Новата варијанта предизвикала лесни симптоми кај двајцата…
Децата во основните училишта нема да носат заштитни маски, потврдија од Комисијата за заразни болести. Членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот редовен состанок донесе одлука да препорачаат да се тргнат маските за децата од основните училишта. „Ги ослободуваме од обврската да носат маски учениците во основно образование, но ова нема да важи за наставниците и техничкиот персонал“, вели претседателот на Комисијата, доктор Александар Петличковски, кој признава дека имало дискусија на оваа тема помеѓу членовите на Комисијата но сепак конечната одлука била донесена со мнозинство. Од Комисијата велат дека внимателно ќе ги следат сите параметри околу епидемиолошката состојба во…