Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Бујар Османи смета дека не треба да се наседнува на провокациите кои доаѓаат од Бугарија, прашан за изјава на бугарскиот претседател Румен Радев кој најави дека нема да дозволи легитимација на македонизмот во Европа. Османи рече дека од соседите има намера да и се наметне на Македонија да биде кај нас. „Јас мислам дека реков и во друга прилика, има чинители во Бугарија, не можам да го апострофирам претседателот Радев, не само што сакаат блокадата да продолжи, туку и вината пред светот да биде наша. Затоа има обиди за провокација и блокада. За да наседнеме и направиме грешки во последните…
Телото на помлад маж е пронајдено во Дунав кај Ада Хуја. Како што дознава „Блиц“, гардеробата на мажот во принцип соодветствува со описот на гардеробата што ја носел Матеј Периш од Сплит ноќта на неговото исчезнување. Телото утрово околу 9.30 часот го пронашле морнари. Се чека идентификација, наведува српскиот портал Блиц. Од 31 декември се трага по Матеј Периш. Во повеќемесечна потрага беа вклучени и српски и хрватски полициски сили, нуркачи од Србија, а за негово евентуално појавување имаше дојави од граѓани од регионот, но и до Европа. Таткото на Матеј Периш, Ненад за Телеграф.рс потврдува дека српската полиција го…
Алармантни нови рекорди за нивото на морето, температурата на океанот и концентрации на штетни гасови во атмосферата се поставени во 2021 година, тврдат експерти, јави ДПА. Годишниот извештај за состојбата на глобалната клима од Светската метеоролошка организација на Обединетите Нации, исто така покажа, дека океаните стануваат сè покисели, затоа што јаглерод диоксидот се раствора во морската вода, загрозувајќи го дивиот свет. Се наведува и оти екстремното време создаде шок кај храната и водата, расели милиони луѓе и предизвика милијарди долари загуби во 2021 година, додека глобалните температури достигн аа зголемување за 1.1 Целзиусов степен над тоа што беа во 19…
Адвокатите на Џони Деп во вторникот се сомневаа во вистинитоста на обвинението на Амбер Херд дека Деп сексуално ја нападнал со шише со алкохол. Херд беше вкрстено испрашувана во поголемиот дел од денот по нејзиното сведочење во тужбата за клевета на Деп против неа. Деп ја тужи Херд во Окружниот суд во Вирџинија поради авторски текст од декември 2018 година што таа го напиша во Вашингтон пост, во кој се опишува себеси како „јавна личност што претставува семејна злоупотреба“. Неговите адвокати велат дека тој бил оцрнет со написот иако никогаш не го спомнала неговото име. Судењето сега е во својата…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска оствари средба со премиерката на Република Србија Ана Брнабиќ. Премиерот Ковачевски и премиерката Брнабиќ на оваа средба, на која присуствуваа и заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, ги потврдија долгогодишните и традиционално добри билатерални односи кои дополнително се зајакнуваат од година во година, низ интензивен и пријателски политички дијалог потврден со редовни и чести средби и посети на високо ниво. Претседателот на Владата Ковачевски истакна дека унапредувањето на односите меѓу двете земји продолжува во насока на продлабочување на односите…
Министерот за земјоделство Љупчо Николовски испрати писмо до лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и до пратениците и коалицијата појаснувајќи дека потребно е заеднички да се настапи кон брзо решавање на животните и егзистенционалните приоритети на земјоделците и сите сограѓани. -Ви се обраќам како министер кому примарна задача во овој период на економска и енергетска криза, а на подолг рок и потенцијална криза за храна е да ги решава проблемите на земјоделците. Барам заедно да им помогнеме на овие наши граѓани да се подготват за нови реколти, поголемо производство и подостоинствен живот. Убеден сум и тоа ме води во…
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун оцени денеска дека одговорот на земјата на првата потврдена епидемија на коронавирус е незрел и ги обвини владините претставници за неадекватен и инертен одговор, објавија денеска државните медиуми. Северна Кореја регистрирала уште 232.880 луѓе со симптоми на треска и уште шест смртни случаи откако земјата ја потврди епидемијата на корона вирусот минатата недела, пренесува Ројтерс. Претседавачот на состанокот на Политбирото на владејачката Лабуристичка партија, Ким рече дека „незрелоста на капацитетот на државата да се справи со кризата ги зголемила сложеноста и тешкотиите во борбата против пандемијата“, според државната агенција КЦНА, пренесува Танјуг. Од нејзиното прво…
Претседателката на Владата на Србија Ана Брнабиќ утрово пристигна во Скопје. Пред зградата на Владата ја пречека премиерот Димитар Ковачевски по што заминаа на разговори во премиерскиот кабинет. Потоа е предвидено заедно да учествуваат на самитот што го организира „Македонија 2025″. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, на скопскиот аеродром ја пречека српската премиерка. Маричиќ, како што информираат од неговиот кабинет, и посакал добредојде и изразил големо задоволство од нејзината средба, посочувајќи дека посетата на премиерката Брнабиќ, во време на предизвиците со кои се соочува Европа и регионот, ќе ја искористат да разговараат на темите поврзани со напредокот во евроинтеграциите…
Невладината „Македонија2025“ денеска и утре во Скопје ќе го одржи 11. Самит на кој ќе се обратат околу 40 говорници меѓу кои и премиерот Димитар Ковачевски и неговата српска колешка Ана Брнабиќ кои ќе учествуваат на панелот „Градење на просперитетна иднина: Улогата на регионалната соработка“.
Апелацискиот суд во Фиренца, Италија, вчера осуди 34-годишна наставничка на 6 години и 5 месеци затвор. Жената имала афера со својот ученик, малолетник кој во тоа време имал 13 години. Наставничката му давала приватни часови по англиски јазик. Кога момчето наполнило 14 години, наставничката останала бремена и родило машко бебе, чие татковство се понудил да го признае нејзиниот сопруг. Наставничката е осудена за сексуална злоупотреба на малолетник. Спротивно на првостепената судска одлука, Апелациониот суд во Фиренца одлучи дека нејзиниот сопруг, кој првично му го дал на детето неговото презиме, не е кривично одговорен. За со сигурност да се утврди татковството…
Почина новинарот, поет, есеист и хроничар на Кочани, Киро Герасимов синоќа, во 72-рата година од животот. Повеќе од три децении Герасимов беше дописник на Македонската радио-телевизија и зад себе остави бројни записи за локалните и за регионалните општествено-политички случувања. Подготви бројни репортажи и документарни емисии посветени на луѓе и настани од Кочанско. Автор е на седумдесетина дела, од кои голем дел се посветени на културниот живот на Кочани. Има издадено и неколку поетски збирки, меѓу кои и препеви од словенечки јазик, а последните години работеше на едицијата „Богатство запишано во времето“. Добитник е на Годишната награда за новинарство на МРТВ,…
Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска ќе одржи координативна седница, на која ќе биде разгледана одлуката на Српската православна црква, која завчера прогласи канонско единство со МПЦ-ОА, што подразбира најширока можна автономија, но не и автокефалност. На седницата, како што потврдија вчера за МИА извори од МПЦ-ОА ќе бидат разгледани и сите прашања, кои се појавија изминатите денови по одлуката на СПЦ и што тоа значи за нашата црква. Секако јавноста очекува и официјален одговор во однос на најавената литургија за помирување на архиепископот Стефан и српскиот патријарх Порфириј утре во храмот „Свети Сава“ во Белград, која…