Алармантни нови рекорди за нивото на морето, температурата на океанот и концентрации на штетни гасови во атмосферата се поставени во 2021 година, тврдат експерти, јави ДПА.

Годишниот извештај за состојбата на глобалната клима од Светската метеоролошка организација на Обединетите Нации, исто така покажа, дека океаните стануваат сè покисели, затоа што јаглерод диоксидот се раствора во морската вода, загрозувајќи го дивиот свет.

Се наведува и оти екстремното време создаде шок кај храната и водата, расели милиони луѓе и предизвика милијарди долари загуби во 2021 година, додека глобалните температури достигн аа зголемување за 1.1 Целзиусов степен над тоа што беа во 19 век.

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш изјави дека глобалниот енергетски систем е скршен и нè носи уште поблизу до климатска катастрофа.

– Фосилните горива се ќорсокак – еколошки и економски. Војната во Украина и брзите ефекти врз цените на енергијата предизвикани од неа, е уште еден повик за будење. Единствената одржлива иднина е обновлива, подвлече Гутереш, меѓу другото.