Author: Biljana

Повеќекилометарскиот конвој руски воени возила надвор од украинската престолнина Киев се дисперзира на повеќе места, но тоа не значи дека заминува, според американската влада, јави ДПА. Некои возила излегоа од патот и се паркираа меѓу дрвјата, изјави висок претставник на американската одбрана на анонимен брифинг од Пентагон. – Тие не одат никаде. Не е како да скршнале од патот до Киев, но веруваме дека се преселиле во дрворедите за да се обидат подобро да ги маскираат возилата бидејќи повторно, Украинците изнаоѓаат начини… за напад на возилата, рече службеникот. Пентагон не можеше да даде детали за тоа колку Киев e опколен.…

Read More

Министерот на економија Крешник Бектеши вечерва на Фејсбук објави дека седум правни субјекти во Скопје се казнети со по 7.000 евра за непочитување на владините одлуки. – Само што добивме извештај од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), 7 правни субјекти (само во Скопје) денеска се казнети со по 7.000 евра за непочитување во целост на одлуките донесени од Владата, наведува Бектеши во објавата. Тој посочува и дека Законот за заштита на потрошувачи предвидува и затворање на дејноста „за нечесни практики во трговијата, кои одат на штета на граѓаните\потрошувачите“

Read More

Западните власти соопштија дека украинските сили убиле и трет руски генерал. Станува збор за генерал-мајор Андриј Колесников, јави Си-Ен-Ен. Според веб-страницата на руското Министерство за одбрана, Колесников бил командант на Источниот воен округ. Официјален претставник на западните одбранбени сили, за да обезбеди контекст, информира дека само тројца руски офицери на генералштабот биле убиени за време на целиот конфликт во Сирија и процени дека Русија во овој момент има вкупно 20 генерали во Украина. Си-Ен-Ен претходно објави дека рускиот генерал-мајор Андреј Суховецки бил убиен додека се борел во Украина, според соопштението на градската управа на Новоросијск во Русија на 3 март.…

Read More

Северна Македонија се приклучи на земјите кои бараат од Меѓународниот кривичен суд во Хаг да отвори истрага за воените дејствија во Украина. – Можам да потврдам дека од денес на 39-те држави кои бараат отворање истрага за воените дејствија во Украина им се приклучија уште две земји – Северна Македонија и Јапонија, објави денес главниот обвинител на Меѓународниот суд во Хаг Карим Кан во изјавата што попладнево ја даде во однос на случувањата во Украина. Обвинителот Кан дополни дека побарал одобрување да собира инкриминирачки докази уште на 28 февруари и дека веќе до 2 март, 39 држави побарале од Меѓународниот…

Read More

 Вчера се урнале две украински беспилотни летала од ист тип Ту-141, објави руската државна новинска агенција. И хрватски Јутарњи лист објавува дека имало уште едно летало, освен она што паднало во Загреб. „Првиот од нив падна во близина на градот Красноперекопск (Република Крим), а вториот во Загреб (Хрватска), прелетајќи повеќе од 700 километри“, изјавил извор за ТАСС. Тој објаснил дека ова беспилотно летало е „во суштина мал млазен авион способен да носи прилично сериозен товар со бомба до еден тон“. Според него, двата апарата извршиле „пробни летови“ до Крим, но еден од нив скршнал од курсот и полетал кон главниот…

Read More

Украинскиот центар за стратешки комуникации соопшти дека не ја исклучува можноста вечерва Белорусија да ѝ се придружи на Русија во нападот врз Украина, по денешната средба во Москва помеѓу претседателите на двете земји Александар Лукашенко и Владимир Путин. „ Според прелиминарните податоци, белоруските трупи би можеле да бидат вклучени во инвазијата на 11 март во 21 часот по локално време“, соопшти Центарот, кој е под украинското Министерство за култура и информации.

Read More

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека одговорност на Алијансата е конфликтот од Украина да не се прелее во други земји. – Ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО, рече Столтенберг во видео обраќањето до полските пратеници и сенатори на свечената седница на двата дома во Варшава на годишнината од членството во НАТО на 12 март 1999 година. Полскиот парламент денеска усвои декларација за поддршка на политиката на отворени врати на НАТО и правото на секоја суверена земја да одлучува за својата иднина, отфрлајќи ги обидите за повторно создавање сфери на влијание во Европа, како што…

Read More

Со 92 гласа „за“, ниту еден „воздржан“, ниту „против“, Собранието го усвои дневниот ред од 67-та седница, на којшто се ставени две точки и тоа предлог-измените и дополнувањата на Законот за додадена вредност и Законот за акцизи и двата по скратена постапка. Заменик-министерот за финансии Филип Николоски, образложувајќи ја потребата од носење на измените и дополнувањата на овие два закони по скратена постапка, рече дека тие треба да се донесат поради брзиот скок на цените, со цел граѓаните и бизнис заедницата да се приспособат на новонастанатите услови. – Се предлага Собранието да расправа и да го усвои Предлог на закон…

Read More

Рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја тврди дека силите на Москва пронашле докази за обид да се расчистат доказите за биолошко оружје во Украина, јави Би-Би-Си. Говорејќи на средбата на Советот за безбедност на ОН, свикана на барање на Русија,  Небензја рече дека руските сили пронашле докази за мрежа од „најмалку 30“ лаборатории за биолошки истражувања чија цел е зајакнување на неколку „смртоносни болести“. Тој тврди дека на локациите биле спроведени „многу опасни биолошки експерименти“ во координација со САД. Тој не приложи никаков доказ за своите тврдења, а шефот за разоружување при ОН Изуми Накамицу рече дека не знае за каква…

Read More

Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина соопшти дека Русија планира терористички напад врз Чернобил. – Според достапните информации – Владимир Путин наредил подготовка на терористички напад врз нуклеарната централа во Чернобил. Се планира предизвикување технолошка катастрофа, а окупаторите ќе ја префрлат одговорноста на Украина, се вели во соопштението. Во моментов, Чернобил е целосно исклучен од системите за мониторинг на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Во последните денови, руските трупите ги нападнаа нуклеарната централа Запорожје и Харковскиот институт за физика и технологија каде што има експериментален нуклеарен реактор. „Окупаторите се обидуваат да создадат лажни докази за да ја обвинат Украина за сè.…

Read More

Стопанската комора на Северна Македонија апелира мерките за ублажување на последиците од кризата, да не го нарушат оперативното работење на компаниите поради намалувањето на трговската маржа за 33 отсто, која од 4,5 денари сега изнесува три денари од литар што претставува историски најниско ниво на досега утврдена трговска маржа кај трговците со нафтени деривати. „Имајќи ги предвид усложнетите економски движења на глобално ниво, што воедно предизвикува и драстично зголемување на цените на нафтените деривати, во услови на несоодветната методологија за пресметка која се применува во Северна Македонија, компаниите членки на Комората од редот на трговците со нафта и нафтени деривати, апелираат…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден објави нови санкции против Русија и рече дека Г7 ќе воведе нови санкции за се поголем број руски олигарси и нивните семејства. – Г7, исто така, го засилува притисокот врз корумпираните руски милијардери. Додаваме нови имиња на списокот на олигарси и нивните семејства, изјави Бајден во Белата куќа. – Тие го поддржуваат Путин. Крадат од рускиот народ и се обидуваат да ги скријат своите пари во нашите земји. Тие се дел од таа клептократија што постои во Москва и мора да бидат дел во овие санкции, рече тој. Бајден рече дека ќе биде забранет увозот на морска храна, вотка и дијаманти…

Read More