Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија тврди дека пронашла докази за украинското биолошко оружје, САД и Украина негираат

0
By Biljana on March 11, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 11, 2022 19:04

Рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја тврди дека силите на Москва пронашле докази за обид да се расчистат доказите за биолошко оружје во Украина, јави Би-Би-Си.

Говорејќи на средбата на Советот за безбедност на ОН, свикана на барање на Русија,  Небензја рече дека руските сили пронашле докази за мрежа од „најмалку 30“ лаборатории за биолошки истражувања чија цел е зајакнување на неколку „смртоносни болести“.

Тој тврди дека на локациите биле спроведени „многу опасни биолошки експерименти“ во координација со САД. Тој не приложи никаков доказ за своите тврдења, а шефот за разоружување при ОН Изуми Накамицу рече дека не знае за каква било програма за биолошко оружје во Украина.

Украина ги отфрли сите наводи дека работи на биолошко оружје.

САД ги нарекоа таквите тврдења од Русија „смешни“ и предупредуваат дека Русија може да ги искористи за да ја оправда сопствената потенцијална употреба на слично оружје против Украина.

– Украина нема програма за биолошко оружје. Нема украински лаборатории за биолошко оружје поддржани од САД, изјави американската амбасадорка во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд.

Томас-Гринфилд вели дека Украина има свои лаборатории за јавно здравје за откривање и дијагностицирање на болести како ковид-19, додавајќи дека САД и помогнале на Украина „да ги направи безбедни“.

– Русите се тие кои долго време ја одржуваат програмата за биолошко оружје, кршејќи го меѓународното право, додаде таа.

Биолошкото оружје се разликува од хемиското оружје. Тоа е фраза што се користи за да се опише претворањто на опасен патоген, како што е на пример еболата, во оружје.

Русија ја обвини Украина дека работи со САД на биолошко оружје. Една од причините е тоа што Украина, како и многу земји во светот, работи на истражување на Ковид и други патогени и бара начини да го одбрани населението од нив, појаснува Би-Би-Си.

Проблемот е што постои потенцијално сива зона помеѓу работата на начините за заштита на вашето население од штетни патогени и тајното работење на тоа како тие би можеле да се користат како оружје. Русија не достави никакви непосредни докази за украинските злодела во оваа област.

Русија, кога беше дел од Советскиот Сојуз, контролираше навистина голема програма за биолошко оружје, управувана од агенција наречена Биопрепарат.

По крајот на Студената војна, научниците влегоа да ја демонтираат во 1990-тите. Откриле дека Советите масовно произведувале и претворале во оружје антракс, сипаници и други болести откако ги тестирале на живи мајмуни во јужна Русија. Тие дури ставале спори на антракс во боевите глави на меѓуконтиненталните ракети со долг дострел насочени кон западните градови, наведува Би-Би-Си.

Биолошко оружје Русија САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.