Вчера се урнале две украински беспилотни летала од ист тип Ту-141, објави руската државна новинска агенција.

И хрватски Јутарњи лист објавува дека имало уште едно летало, освен она што паднало во Загреб.

„Првиот од нив падна во близина на градот Красноперекопск (Република Крим), а вториот во Загреб (Хрватска), прелетајќи повеќе од 700 километри“, изјавил извор за ТАСС.

Тој објаснил дека ова беспилотно летало е „во суштина мал млазен авион способен да носи прилично сериозен товар со бомба до еден тон“.

Според него, двата апарата извршиле „пробни летови“ до Крим, но еден од нив скршнал од курсот и полетал кон главниот град на Хрватска.