Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стопанската комора апелира антикризните мерки да не го нарушат работењето на компаниите

0
By Biljana on March 11, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 11, 2022 18:29

Стопанската комора на Северна Македонија апелира мерките за ублажување на последиците од кризата, да не го нарушат оперативното работење на компаниите поради намалувањето на трговската маржа за 33 отсто, која од 4,5 денари сега изнесува три денари од литар што претставува историски најниско ниво на досега утврдена трговска маржа кај трговците со нафтени деривати.

„Имајќи ги предвид усложнетите економски движења на глобално ниво, што воедно предизвикува и драстично зголемување на цените на нафтените деривати, во услови на несоодветната методологија за пресметка која се применува во Северна Македонија, компаниите членки на Комората од редот на трговците со нафта и нафтени деривати, апелираат за наоѓање на заедничко решение со Регулаторната комисија за енергетика, бидејќи тие во овој момент работат со загуба, односно набавната цена е поголема од продажната“, се вели во соопштението на Стопанска комора.

Деловните субјекти од овој сектор, велат од Комората, ја поздравуваат одлуката за дневно регулирање на цените на нафтените деривати, но забележуваат на намалувањето на трговската маржа за 33 отсто, која од 4,5 денари сега изнесува три денари од литар што претставува историски најниско ниво на досега утврдена трговска маржа кај трговците со нафтени деривати.

„Ваквата одлука по укажување на компаниите ќе го поремети нивното оперативно работење со што би се довеле во прашање егзистенцијата и понатамошното функционирање на трговците како и целиот енергетски пазар, бидејќи истите со секој продаден литар гориво генерираат загуби. Воедно нејасно е зошто рокот за враќање на маржата не е ставен во правилникот (во еден момент регулаторот вели дека ќе се сменат маржите кога ќе се сменат законите, а од друга страна дека сепак ќе зависи од цената на светските берзи), со што се влева недоверба кај трговците кои набавката на дериватите ја финансираат со сопствени средства“, се вели во соопштението.

Во целиот изминат двегодишен период на траење на кризата предизвикана од коронавирусот, велат од Стопанска комора, компаниите од овој сектор не ги користеа владините мерки за поддршка кои се носеа за деловните субјекти и своето работење го организираат континуирано и непречено и во неизвесни економски услови и затоа нивното размислување е дека сега не е момент да се креираат мерки со кои ќе се обременува нивното работење.

Антикризни мерки Стопанска комора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.