Author: Biljana

Лидерите на земјите членки на ЕУ, собрани во замокот во Версај, усвоија заедничка агенда, за преземње конкретни мерки за справување со последиците од војната во Украина. Во однос на енергетиката, ЕУ ќе дефинира „акционен план“ за излез од „руската енергетска зависност“ до 2027 година, јави дописникот на МИА. – Но, овие независни избори имаат цена. Ние мериме колку нашата храна, нашата одбрана се предмет на суверенитет. Сакаме да ги избираме нашите партнери и да не зависиме од нив, нагласи домаќинот на самитот Емануел Макрон. Во однос на одбраната, станува збор за „дефинирање на инвестициите што ни се потребни“. „До мај“…

Read More

Воената агресија на Русија врз Украина, евроинтеграциите на Србија, регионални прашања со акцент на БиХ и дијалогот со Косово во фокусот на денешните разговори во Белград меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, јави дописиникот на МИА од Белград. -Европа повторно е во војна, а тоа се однесува на сите нас во Европа. Ниту Србија, ниту Германија не одлучија така. Тоа Путин го одлучи кога започна кампања без преседан. Во Украина се бомбардираат болници, има глад, луѓето се во бегство и бегаат во соседните земји, изјави на прес-конференцијата Бербок. Кога станува збор за војната…

Read More

Набрзо по полетувањето од белградскиот аеродром на летот ЈУ 652Д на „Ер Србија“ за Москва, била пријавена бомба, дознава РТС. Според безбедносната процедура, авионот бил вратен во Белград веднаш по добивањето на информацијата за бомбата, јави РТС. Српските медиуми јавуваат дека попладнево авионот и натаму бил на пистата, а припадниците на Специјалната антитерористичка единица на српското МВР безбедно ги евакуирале сите патници и членови на екипажот. По полетувањето кон Москва, Аеродромот „Никола Тесла“ ја известил полицијата дека по мејл им пристигнала дојава за поставена експлозивна направа во авионот. Според процедурите за безбедност на воздушниот сообраќај, наложено е враќање на авионот…

Read More

Со 98 гласа „за“, Собранието попладнево ја потврди потребата измените на Законот за додаддена вредност да бидат донесени по скратена постапка. Потоа едногласно беше усвоена и потребата за донесување по скратена постапка на законот за акцизи. Откако сите присутни пратеници, и од власта и од опозицијата гласаа „за“, спикерот Талат Џафери закажа седница на Комисијата за финансирање и буџет во 17.30 часот, за да се разгледаат и амандманите што ги поднесе опозицијата на предлог-законите што ги подготви Владата. Џафери ја закажа комисиската седница затоа што Комисијата за финансирање и буџет е без претседател, откако Тимчо Муцунски беше избран за градоначалник…

Read More

Цените на меѓународната и на добиточната храна може да се зголемат за осум, до 20 отсто, како резултат на конфликтот во Украина, предизвикувајќи „скок“ на бројот на неухранети лица ширум светот, соопшти денеска агенцијата за храна на Обединетите нации. Во прелиминарната оценка за руската инвазија на Украина, Организацијата за храна и земјоделство соопшти дека не е јасно дали Украина ќе може да собира житни култури за време на долготрајниот конфликт, има неизвесност и околу рускиот извоз на храна. Според организацијата, Русија беше најголемиот светски извозник на пченица, додека Украина беше петта по големина. Двете земји, заедно, обезбедуваат 19 отсто од…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија најмува „убијци“ од Сирија за да се борат во Украина, откако Москва рече дека на борците од земјата разурната од војна ќе им биде дозволено да им се придружат на нејзините сили. – Ова е војна со многу тврдоглав непријател … кој одлучи да користи платеници против нашите граѓани. Убијци од Сирија – земја во која сè е уништено … како што прават овде со нас, рече тој во видео обраќање објавено на Телеграм. Зеленски рече дека Европската унија „треба да направи повеќе“ за неговата земја која е во проблеми, еден ден откако лидерите на ЕУ…

Read More

Доколку Албанија не е дел од НАТО, таа би била лесен плен за секого, но сега никој ништо не и може, изјави албанскиот премиер Еди Рама, во разговор во живо со граѓани на Фејсбук. Според Рама, и Албанија не може, а да не е опфатена со кризата, бидејќи војната ги засегнала сите. -Војната ги погодува сите, цената на енергенсите е зголемена во соседните земји. Ние не ја зголемуваме цената на енергијата, субвенционираме 80 отсто, што значи милиони. Добро би било да ги остраниме сите даноци, но тогаш со што ќе ги финансираме, рече Рама. Точно е, додаде тој,  дека  во…

Read More

Полицијата ноќеска во возило на место викано „Лакавичка раскрсница“ во општина Конче открила девет мигранти од Индија и Пакистан. – На 11 март во 03.30 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш на место викано „Лакавичка раскрсница“ општина Конче пронашле моторно возило „Џип Сангојнг“ во кое имало девет лица мигранти, од кои пет од Индија и четири од Пакистан, на возраст помеѓу 20 и 30 години, соопшти МВР. ОВР Радовиш во координација со инспектори од РЦ Исток презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Read More

Швајцарија ги советува своите граѓани да ја напуштат Русија, соопшти швајцарското Министерство за надворешни работи. – Се препорачува швајцарските граѓани чие присуство во Русија не неопходно, да ја напуштат земјата на свој трошок. Одлуката за напуштање на државата е индивидуална одлука, се вели во упатството за патување на веб-страницата на швајцарското МНР, кое беше ажурирано денеска. 

Read More

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени биле 2.182 тестови, а регистрирани се 302 нови случаи на Ковид-19. Од вкупниот број на позитивни (302), регистрирани се 35 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица од: две починати лица од Скопје (79г и 81г) и по едно починато лице од Струмица (72г), Струга (80г) и Битола (90г). Пријавените лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Охрид (88г), починатиот е пријавен на 07.03.2022 . Пријавеното лице е…

Read More

Притвор во траење до осум дена за четворица осомничени кои краделе во цркви.  Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп, по предлог на јавен обвинител, определи мерка притвор за четворица осомничени кои во периодот од декември 2021 година до 8 март 2022 година, по претходен меѓусебен договор, извршиле вкупно 32 тешки кражби во куќи и цркви во прилепско. Како што информираат од Основното Јавно обвинителство, осомничените лица се на возраст од 19-40 години. „Лицата на возраст од 33, 30, 40 и 19 години, се осомничени дека во периодот од декември 2021 година до 08.03.2022 година, по претходен меѓусебен…

Read More

Економските последици од руско-украинскиот конфликт и инфраструктурните проекти во Северна Македонија биле теми на разговор за време на денешната средба помеѓу амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз и Министерот за економија Крешник Бектеши. Во рамките на состанокот министерот ги презентирал реализираните проекти и планираните активности во делот на енергетиката, трговијата, иновациите, поддршката на странските инвеститори. „Министерот Бектеши ја информираше амбасадорката за сетот од 26 мерки кој што го донесе Владата за поддршка на економијата и истакна дека со голема внимателност се следи ситуацијата, пред се во делот на цените на енергенсите за што се развиваат сценарија за можни исходи. Тој…

Read More