Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ: Нема од што да се оградам, не сум контактирал со официјална Русија

0
By Biljana on March 11, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 11, 2022 17:25

Воената агресија на Русија врз Украина, евроинтеграциите на Србија, регионални прашања со акцент на БиХ и дијалогот со Косово во фокусот на денешните разговори во Белград меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, јави дописиникот на МИА од Белград.

-Европа повторно е во војна, а тоа се однесува на сите нас во Европа. Ниту Србија, ниту Германија не одлучија така. Тоа Путин го одлучи кога започна кампања без преседан. Во Украина се бомбардираат болници, има глад, луѓето се во бегство и бегаат во соседните земји, изјави на прес-конференцијата Бербок.

Кога станува збор за војната во Украина, мора да има јасни ставови во целата меѓународна заедница и процесот на пристапување во ЕУ мора да вклучува подготвеност да се застане зад мислењето на ЕУ. Кој ги дели европските вредности не може да стои настрана, изјави Бербок во Белград.

-Во овој момент мора да имаме јасни позиции не само внатре во Европа, туку и целата меѓународна заедница. Дел од пристапувањето во ЕУ е подготвеноста да се усогласат позициите со заедничките позиции на ЕУ. Во Генералното собрание на ОН, земјите јасно ја осудија руската агресија и одлуката на Србија да се приклучи се цени во Германија. Целта на оваа осуда беше претседателот на Русија, Владимир Путин и неговите милитантни помошници. Затоа е важно да имате јасен став, а не да ја вртите главата. Сега треба да следат дела, луѓето на Балканот знаат што значи војна и колку е скапоцен мирот, кажа таа и додаде дека мора да се спротивставиме на идејата дека границите може да се менуваат со сила и да мораме активно да работиме на мирната иднина на Балканот.

Бербок порача дека Германија во иднина ќе биде поприсатна на Западен Балкан.

-Ние се залагаме по изборите да се најдат владите на Србија и Косово и да најдат решение. Ние сме против загрозување на територијалниот интегритет на БиХ и видовме колку е важно тоа да се зачува, кажа таа, додавајќи дека брзината за влез на Србија и на другите земји во ЕУ зависи од нивните постапки, а не од нечија одлука.

Српскиот претседател Александар Вучиќ одговорајќи на новинарско прашање дали е подготвен да се дистанцира од Владимир Путин, а што позитивно ќе се одрази на преговорите на Србија со ЕУ, кажа дека „од почеток на нападот на Украина немал личен контакт со руските официјални лица така да нема од што да се огради, бидејќи позицијата на Србија кон Украина е јасна.“

Вучиќ праша што згрешила Србија и каква врска има со конфликтот во Украина.

-Не зборуваме за личности и кај нема љубов и омраза, туку за почитување на меѓународното јавно право и нормите. Исто како што Украина ги почитуваше по прашањето на Србија и територијалниот интегритет на Србија. Така и ние го почитуваме територијалниот интегритет на Украина и никогаш не се изјаснивме против тоа.  И во Генералното собрание на ОН, ние поддржавме дека нападите и заканите за територијалниот интегритет на Украина се неприфатливи, не затоа што сакаме некого или не, туку затоа што тоа се норми на меѓународното јавно право, кажа Вучиќ.

На прашањето дали е на страната на Путин или на санкциите, Вучиќ рече дека  „би можел да зборува за тоа, кој и какви санкции по потреба се воведуваат и кога ќе бидат воведени, но разговарав за тоа со Бербок и и благодарам што сакаше да ги слушне ставовите на Србија“. 

Александар Вучиќ Путин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.