Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Енергетиката, иновациите и странските инвестиции во фокус на разговорите помеѓу Бектеши и Брнз

0
By Biljana on March 11, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 11, 2022 15:09

Економските последици од руско-украинскиот конфликт и инфраструктурните проекти во Северна Македонија биле теми на разговор за време на денешната средба помеѓу амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз и Министерот за економија Крешник Бектеши.

Во рамките на состанокот министерот ги презентирал реализираните проекти и планираните активности во делот на енергетиката, трговијата, иновациите, поддршката на странските инвеститори.

„Министерот Бектеши ја информираше амбасадорката за сетот од 26 мерки кој што го донесе Владата за поддршка на економијата и истакна дека со голема внимателност се следи ситуацијата, пред се во делот на цените на енергенсите за што се развиваат сценарија за можни исходи. Тој ја изрази својата благодарност до Владата на САД како наш главен стратешки партнер, којашто постојано и дава значајна поддршка на нашата Влада во спроведувањето на активностите насочени кон економски раст и стабилност на земјата“, се вели во соопштението од Министерството за економија.

Соговорниците договориле дека треба да продолжи економската соработка меѓу двете земји со посебен акцент на поттикнување на проекти и инвестиции кои ќе овозможат трајна и одржлива енергетска независност на Северна Македонија.

На средбата била упатена благодарност за поддршката на Северна Македонија, која како НАТО сојузник, се приклучи кон повикот за запирање на воените дејствија во Украина.

Амбасада на САД Енергетика иновации Кејт Мари Брнз Крешник Бектеши трговија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.