Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Скринингот во училиштата нема да продолжи. Нема потреба да продолжи скринингот кај учениците, рече министерот за здравство Беким Сали, посочувајќи дека согласно добиените резултати од скринингот кој спроведе минатата недела во неколку основни училишта, процентот на инфицирани ученици бил многу мал. Тој напомена дека бројките на новозаразени секојдневно се следат и оти сега се наоѓаме во фаза на смирување на четвртиот бран. „Според досегашните резултати сметаме дека нема потреба да се продолжи со скринигнот, затоа што ја постигнавме целта. Баравме од овој скрининг да видиме колкав е процентот на новоинфицирани деца, гледаме дека бројката е многу мала, 0,8 отсто, така…
Ковачевски на Самитот на ЕБОР: Северна Македонија е атрактивна дестинација за странските инвеститори
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска се обрати на пленарната сесија на отворањето на Инвестицискиот самит на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон. Ковачевски говореше за економските политики и за финансиската поддршка наменета за странските инвеститори, кои веќе покажаа исклучително позитивни резултати и по кои Република Северна Македонија се препознава како атрактивна дестинација за странските инвеститори. „Неколку прашања се од важност за инвеститорите кога треба да изберат каде да инвестираат, а тоа се макро економска стабилност, колку се пријателски околностите за водење бизнис и дали е развиена инфраструктурата. Во однос на првото прашање имаме стабилна макроекономска…
Министерството за надворешни работи ги повикува сите македонски државјани кои престојуваат во Русија да се вратат пред да има целосен прекин на сообраќајот. „Со оглед на одлуката на ЕУ и други европски земји, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија, за затварање на Европскиот воздушен простор за Руските авиопревозници, апелираме нашите граѓани кои престојуваат на територијата на Руската Федерација, да ги искористат сеуште расположливите комерцијални летови, копнени и морски линии за напуштање на таа земја. Ваквото предупредување следува поради можноста да дојде до целосен прекин на авио линиите од и кон Русија. Соодветно, ги повикуваме сите државјани на Северна Македонија кои…
Словенечка делегација предводена од претседателката на Комисијата за надворешна политика на Државниот збор на Словенија во работна посета на македонското Собрание. „Од Словенија имате постојана поддршка. Ве охрабруваме да ги вложите сите напори и да бидете активен учесник на патот кон ЕУ. Уверени сме дека тивката дипломатија ќе даде резултат на преговорите и оти што е можно поскоро Северна Македонија ќе биде дел од Унијата“, порача претседателката на Комисијата за надворешна политика на Државниот збор на Словенија, Моника Грегорчиќ по средбата со нејзиниот македонски колега и домаќин претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски. Грегорчиќ која ја предводи…
Европа и Западен Балкан се на прагот на една голема економска криза предизвикана од актуелната воена состојба во Украина, алармира универзитетскиот професор Бранимир Јовановиќ. Осврнувајќи се на актуелната воена криза во Европа, Јовановиќ рече дека војната помеѓу Украина и Русија ќе генерира уште поголема економска криза од онаа во која не „втурна“ пандемијата со Ковид-19. „Следи уште поголемо поскапување на цените, што веќе се забележува. Цената на нафтата е највисока во последните неколку години и се забалежува пораст од 30 отсто на европските пазари. Се повеќе се забележува степенот на инфлација во Северна Македонија кој достигна близу 7 проценти во…
Со 28 нови ретки дијагнози, осветлени бројни објекти и локации, пуштање во употреба на четвртата ретка поштенска марка, беше одбележан месецот на ретките болести. Под мотото „Ги запознаваме ретките болести“, активисти и Здруженија и оваа година работеа на подигнување на свеста за луѓето погодени од некоја ретка болест, но и со проблемите со кои се соочуваат тие и нивните семејства. Националната кампања ја поддржаа огромен број државни и локални институции, единици на локални самоуправи, училишта, организации, претпријатија, здравствени организации и бројни групи и поединци кои силно застанаа зад лицата со ретки болести. Заедно со Македонска пошта беше промовирана четврта по…
Од централната банка денеска соопштија дека стабилноста на финансискиот систем е поддршка на домашната економија. „Треба да се продолжи со внимателно следење на ситуацијата, која се менува од час во час. Со оглед на малата поврзаност на нашата економија со економиите на Русија и Украина, не се очекуваат директни последици, но можни се индиректни. Најновите случувања влијаат особено на глобалните пазари на енергенси и храна, што заедно со сè поголемата неизвесност може да ги влоши изгледите за раст на европската и на светската економија“, констатира на седница Советот на Народната банка. Според НБ, заштитните механизми во нашиот финансиски систем се…
Премиерот Ковачевски телефонски разговарал со претставникот на ЕУ за надворешна политика, Јосеп Борел. Денес, на барање на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Јосеп Борел, со премиерот Димитар Ковачевски телефонски разговарале за случувањата во Украина, објави Ковачевски на неговиот фејсбук профил. “Во разговорот, Борел ја изрази својата благодарност за целосната усогласеност на Република Северна Македонија со надворешната политика на ЕУ. Стоиме заедно и со целосна поддршка на граѓаните во Украина”, порача македонскиот премиер по телефонскиот разговор.
Со овој договор се покажа колку е важно да се биде дел од НАТО, да имате сојузници со кои ќе можете заедно да делувате, вели германската амбасадорка. „Договорот од Преспа значи безбедност за Северна Македонија“, порача денеска германската амбасадорка во земјата, Анке Холштајн, коментирајќи ги најновите случувања со инвазијата на Русија во Украина. Таа вели дека никој не очекувал дека ќе се случи ваков развој на настаните и никој не знае каде сето ова ќе води, но на македонските граѓани денеска треба да им стане јасно што значи Преспанскиот договор за земјата. „Северна Македонија денеска јасно гледа што значи да…
Поранешниот заменик-министер за одбрана Емил Димитриев, во изјава за НоваТВ вели дека граѓаните на нашата земја, се солидаризираат со украинскиот народ и се на страната на мирот и меѓународното право. „Мој впечаток е дека развојот на настаните поврзан со Украина, т.е интензивирањето на воените дејствија е за осуда по повеќе основи. Ќе подвлечам само неколку. Ако тргнеме од најстарата дефиниција за војната како последен инструмент на политиката во конкретниов случај не сум сигурен дека докрај беа исцрпени сите политички солуции за мирна разрешница. Просторот за меѓународен дијалог како да беше прескокнат и многу бргу се премина кон воени дејствија. Вториот…
Македонката Мери Амбросова, која во последните неколку години со семејството живее во Украина, објави видео на социјалната мрежа Инстаграм. Во видеото, кое е снимено во автомобил, Амбросова раскажува како со ќеркичката патуваат кон граница, со надеж дека ќе ги пуштат да заминат од Украина и да се вратат во Македонија. Таа вели оти сопругот за сега ќе остане во Украина и тој подоцна ќе се врати во Македонија. View this post on Instagram A post shared by Моја Фитнес Мама (@meri.ambrosova)
Украински и руски воени авиони го надлетуваат небото над Киев. Корисниците на социјалната мрежа Твитер, објавуваат видео снимки на кои може да се види како украински и руски борбени авиони летаат ниско над куќите. „Негде близу Киев, украински МИГ-29, кој лета ниско, пресретнува руски СУ-35“, пишуваат корисник на социјалната мрежа. #Ukraine 🇺🇦: somewhere near #Kyiv a Ukrainian MiG-29 (low-flying) is taking on a Russian Su-35. pic.twitter.com/qpdJo12uzV— Thomas van Linge (@ThomasVLinge) February 24, 2022 Ал Џезира пак објави видео на кое се гледа како руски проектил го погоди аеродромот Ивано-Франкивск во западна Украина. Watch the moment a missile hit Ivano-Frankivsk airport…