Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски на Самитот на ЕБОР: Северна Македонија е атрактивна дестинација за странските инвеститори

0
By Biljana on February 28, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 28, 2022 13:42

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска се обрати на пленарната сесија на отворањето на Инвестицискиот самит на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон.

Ковачевски говореше за економските политики и за финансиската поддршка наменета за странските инвеститори, кои веќе покажаа исклучително позитивни резултати и по кои Република Северна Македонија се препознава како атрактивна дестинација за странските инвеститори.

„Неколку прашања се од важност за инвеститорите кога треба да изберат каде да инвестираат, а тоа се макро економска стабилност, колку се пријателски околностите за водење бизнис и дали е развиена инфраструктурата. Во однос на првото прашање имаме стабилна макроекономска слика и тоа е осигурено со стабилниот рејтинг на земјата кој го потврди и „Стандард и Пурс“. Со добри политики одржуваме стабилна макроекономска состојба и јавен долг кој е под нивото на земјите од регионот“, истакна премиерот Ковачевски во своето обраќање на Инвестицискиот самит на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон.

Во врска со поддршката што им ја даваме на инвеститорите во Северна Македонија, рече премиерот Ковачевски, атрактивните стимулативни мерки за инвестирање се покажаа како посебно атрактивни за инвеститорите кои доаѓаат од автомобилската и ИТ индустријата а ќе имаме стимулации и за другите инвестиции.

„Денес, во Северна Македонија домашните и странските инвеститори добиваат еднакво добра и силна поддршка, а програмите се целосно транспарентни и насочени кон нови вработувања. Инвеститорите имаат можност за соработка со добри домашни изведувачи, кои постојано се унапредуваат технолошки, што значи нова машинерија, нови технолошки процеси, зголемување на продуктивноста – сето тоа создава опкружување во земјата коешто во економска смисла е повеќе од посакувано, особено после првата негативна година од пандемијата“, потенцираше претседателот на Владата, Ковачевски на самитот на ЕБОР во Лондон.

Овие добри показатели влијаеја и на намалувањето на невработеноста, информираше премиерот Ковачевски, и тоа ја достигна историски најниската стапка од 15,7%, за разлика од периодот пред 2017 година кога достигна речиси 30%.

Ковачевски го издвои како посебно значаен концептот за дуално образование како одговор на потребите на инвеститорите од стручна работна сила.

Во однос на најважните приоритети на Северна Македонија, премиерот Ковачевски ги истакна инфраструктурните проекти за актуелните фази од патното и железничкото поврзување со Република Бугарија, односно европскиот Коридор 8, кој го вклучува и вториот приоритет за поврзување на дистрибутивните системи за електрична енергија со Албанија, како и интерконекторот со Грција за поврзување со гас за стабилно снабдување со овој енергенс.

На самитот на ЕБОР за инвестиции во Западен Балкан, како за посебно значајно се издвои прашањето на енергетската сигурност и трансформацијата на енергетските капацитети кои работат со јаглен или мазут во капацитети кои користат обновливи извори на енергија.

Ковачевски нагласи дека Северна Македонија има за цел до 2030 година да ја оствари својата стратегија за целосна транзиција кон чисти енергетски капацитети и информираше за трансформацијата на постоечките електрани на фосилни горива во фотоволтаични централи, како и за поволните услови за инвестиции во соларни и ветерни електрани.

Како дел од работната агенда, премиерот Димитар Ковачевски, се сретна со еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Оливер Вархеји.

„Ковачевски и комесарот Вархеји се согласија дека се создадени услови за забрзување на процесот на наоѓање решенија на релација Скопје – Софија. Европската интеграција на Северна Македонија не смее да се одлага ниту ден повеќе и затоа неопходно е да се искористат француското претседателство и поволниот амбиент кој постои во моментов за изнаоѓање решенија“, се вели во дописот од Владата

Димитар Ковачевски ЕБОР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 18, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

ВЕСТИ June 18, 2026

Доналд Трамп потпиша договор од 14 точки со Иран, тврдејќи дека тоа донело „голема победа“…

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.