Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека територијалниот интегритет на Украина мора да се почитува. „Јас мојот став го кажав јасно и во лице пред дваесет дена на состанок со амбасадорот на Руската федерација во Македонија: “територијалниот интегритет на Украина како и на секоја суверена земја е константа и мора да се почитува, а сите различни ставови во поглед на актуелните прашања да се решат по дипломатски пат”, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фајсбук, додавајќи оти би дал се кога би можел да спречи страдање на цивилите и невини човечки жртви. „Но она што исто е важно за…
Има ли начин како да се „откочи“ работата на Комисијата за избори и именувања? Џафери тврди оти имал механизам, но не открива како и кога ќе го реши проблемот. „На пратеникот Фадил Зендели не му е местото во Комисијата за избори и именувања“, дециден е собранискиот спикер Талат Џафери. Според Џафери, проблемот поради кој оваа Комисија е блокирана повеќе од три месеци е поради тоа што, откако партијата Беса излезе од владејачката коалиција, сега распределбата на мандатите во Комисијата е диспропорционална и не соодветствува со пропишаното согласно Деловникот за работа на Собранието. „Би било корисно пратеникот Фадил Зендели да си…
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени биле 3.156 тестови, а регистрирани се 674 нови случаи на Ковид-19. Од вкупниот број на позитивни (674), регистрирани се 98 реинфекции. Најголем број на нови случаи има во Скопје – 352, Битола – 44, Велес – 33, Прилеп – 31, Кавадарци – 27, Куманово – 22, Гевгелија – 21, Кичево – 17, Струмица – 16, Тетово и Гостивар – по 12, Охрид – 11, Неготино – 10, Ресен – 9, Радовиш – 8, Штип – 6, Кочани, Струга, Свети Николе, Валандово и Крушево – по 5, Македонски Брод…
Во најновиот извештај на известувачот на ЕП за Северна Македонија, Илхан Ќучук, уште еднаш се бара брзо отворање на пристапните преговори со Северна Македонија, а се поздравува и политичкиот поттик за обновениот дијалог меѓу Софија и Скопје. Потсетувајќи на „потребата да се продолжи темпото и кредибилитетот на европската интеграција, известувачот бара „брзо отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, имајќи предвид дека двете земји ги исполнија потребните услови и испорачаа одржливи резултати во основните области“, јави дописникот на МИА од Стразбур. Препораката за брзо отворање на преговорите, според Ќучук, доаѓа со оглед на тоа што „европската интеграција ги…
Со 90 гласа „За“ и ниту еден против Собранието ги усвои Предлог измените за дополнување на Законот за минимална плата со кој над 80.000 работници од следниот месец на своите сметки ќе добиваат примања зголемени за 2800 денари. Пратениците од власта и опозицијата и денеска, трет ден по ред, ги соочуваа аргументите околу тоа дали Законот е од интерес на работниците или пак е некомплетен како што тврди опозицијата. За пратеничката Марија Костадинова од СДСМ, со носењето на овој Закон работниците ќе се заштитат од неоправдано ниски плати, а ќе се оствари уште едно ветување на власта за зголемување на…
Градоначалникот на Општина Центар вели оти јавниот интерес е поважен од бизнис интересите. „Центар мора да се развива и ’Треска’ и ’Холидеј Ин’, јас на самиот почеток на предизборната кампања говорев, а сега и така ги спроведуваме сите ветувања, за хуман урбанизам ќе го почитуваме прво јавното добро и интересот на граѓаните, а потоа бизнис интересите и нивните профити. Тоа го спроведуваме“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во „Утрински Брифинг“. Според Герасимовски, решението е измена на ДУП-от, нешто што требало да се направи многу одамна. Во гостувањето нагласи дека веќе е во тек барањето за нова планерска куќа…
Студентите кои ги исполнуваат условите за користење на годишен студентски билет за бесплатен јавен превоз до крајот на месец февруари ќе мора да ги продолжат, односно да ги заверат билетите, информираат од ЈСП-Скопје. „Од 1.03.2022 год секој студент од посочената категорија, доколку не поседува уредно заверен/продолжен билет, во случај на линиска контрола, ќе добие записник (казна), доколку не поседува друг тип валиден билет. Единствен валиден документ за користење на бесплатниот превоз е уредно заверен/продолжен билет за тековната година, не се признаваат индекс, потврда за студент и слично. ЈСП Скопје и годинава по барање на студентите, за три месеци го продолжи…
Бизнис потенцијалите на Северна Македонија претставени пред стопанствениците во Дубаи. „Владата во бизнис секторот и во инвеститорите гледа партнери за поддршка на развојот на економијата. Преку отворен и континуиран дијалог со бизнис заедницата во изминатите неколку години изградени се цврсти и чесни јавно-приватни партнерски односи кои носат резултати“, рече вицепремиерот за економски прашања во Владата, Фатмир Битиќи на денешната бизнис конференција во рамки на Експо Дубаи 2020. „Пред неколку години ги избришавме разликите за државна поддршка кои постоеја помеѓу домашните и странските компании. Сите компании кои работат во Северна Македонија се наши и ги имаат истите услови и можности за…
Жестока расправа помеѓу пратениците од власта и опозицијата на вториот ден од општиот претрес по Предлог измените на Законот за минимална плата во Собранието. За власта, со овој Закон ќе се обезбеди сигурна иднина за најмалку 80.000 работници чиј животен стандард, во услови на економска криза и инфлација, значително ќе се подобри. За опозицијата, Законот е дискриминирачки и тој велат ќе воведе раздор помеѓу работниците. Од СДСМ велат дека предлог измените на Законот биле донесени преку еден транспарентен и отворен дијалог со социјалните партнери, Синдикатите како преставници на работниците и бизнис секторот, со што било исполнето уште едно ветување на…
Потврдено е присуство на птичји грип кај дива птица во штипско. Агенцијата за храна и ветеринарство попладнево ги доби резултатите од лабораториските испитувања на Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, со кои кај мостра од дива птица – корморан, од штипско, е потврдено присуство на болеста авијарна инфлуенца (птичји грип). За утврдување на поттипот на сој на вирусот, кој не е детектиран на фарма, туку кај дива угината прелетна птица најдена во природата, ќе се спроведат дополнителни лабораториски испитувања. „Пријава за сомнеж на случај, АХВ доби на 18 февруари, кога од страна на ветеринарно друштво од Штип,…
Почна општиот претрес по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата на редовната 62 пленарна седница во Собранието, откако тој во второ и трето читање ги мина матичните Комисии за труд и социјала и законодавно-правната. Предлог законот пред пратениците го образложи министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, која рече дека новото законско решение било подготвено низ еден инклузивен и транспарентен процес преку дијалог со социјалните партнери, работниците и работодавачите. „Низ тој дијалог се донесе решението кое е општо прифатливо за сите партнери, а поддршка дадоа и Синдикатите. Очекуваме дека со порастот на минималната плата,…
Поддршка од власта за да се обезбеди ликвидноста на енергетските компании. Енергетската криза и инфлацијата, мерките што се преземаат од страна на Владата и постоењето можности за поддршка во реализација на овие мерки од страна на ЕК биле теми на денешната средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со комесарот за економија Паоло Џентилони, која се реализираше во рамки на работната посета на министерот Бесими на Брисел. „Како и за време на пандемијата, кога создадовме и имплементиравме пакети мерки за поддршка на здравството, економијата и ранливите категории, а кои овозможија падот на БДП да биде помал за 4,2 отсто во…