Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска телефонски разговараше, речиси два часа, со рускиот колега Владимир Путин околу кризата во Украина. Според француското претседателство, денешниот разговор меѓу Путин и Макрон, по нивната средба на 7 февруари во Москва, претставува „последни можни и неопходни напори за да се избегне голем конфликт во Украина“, пренесоа француските медиуми. Макрон денеска повторно ќе разговара и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Шефот на украинската држава вчера му рече на Макрон дека нема да одговори на, како што рече, руските „провокации“ и остана отворен за „дијалог“ со Москва. Но, во говорот на Минхенската безбедносна конференција, тој исто така…
Османи – Албарес од Минхен – Шпанија подржува јасна ЕУ песрпектива за Северна Македонија Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на учеството на Минхенската безбедносна конференција имаше билатерална средба со својот колега, министерот за надворешни работи, Европска унија и за соработка на Кралството Шпанија, Хозе Мануел Албарес. Министрите разговарале за европските перспективи на земјата, за развојот на економската и билатералната соработка и за мултилатералните форуми на заедничко делување, особено за соработката во ОБСЕ во фокусот на следното претседавање на Северна Македонија со оваа организација во 2023 година. Османи го запознал Албарес за отворениот процес за градење доверба со…
Кралицата Елизабета е позитивна на Ковид-19, соопшти Бакингемската палата. Британската кралица има „благи симптоми слични на настинка“, но се очекува да продолжи со „лесните обврски“ во Виндзор во текот на следната недела, соопшти палатата. „Таа ќе продолжи да добива лекарска помош и ќе ги следи сите соодветни упатства“, се додава во соопштението. Кралицата (95) била во контакт со нејзиниот најстар син и наследник, принцот од Велс, кој минатата недела беше позитивен на тестот. Би-Би-Си јави дека голем број луѓе биле позитивни на Ковид-19 во замокот Виндзор, каде што живее кралицата.
Акција на МВР во Битола – пронајдена дрога и лажни сертификати. Утрово во периодот од 01.30 до 04.30 часот полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во четири ноќни клубови и кабареа во Битола. При тоа, во два ноќни клуба е пронајдена дрога (прашкаста материја и марихуана) и ќе бидат поднесени кривични пријави по член 215 од Кривичниот законик. „Едно лице употребило лажен ковид сертификат и за тоа ќе следува соодветна кривична пријава, а до надлежното обвинителство ќе биде поднесен…
На маргините на Минхенската безбедносна конференција претседателот на Владата на Република Северна Македонија денеска се сретна со директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева. Премиерот Ковачевски го истакнал како многу значаен ангажманот на ММФ во справувањето со КОВИД-19 пандемијата во нашата земја. Како исклучително корисни ги посочи и препораките на ММФ за дизајнирање и спроведување на идните реформи кои ќе овозможат справување со предизвиците од пандемијата и енергетската криза. Претседателот на Владата Ковачевски нагласил дека Северна Македонија влезе во пандемијата со солидни макроекономски основи, и како и во текот на предкризниот период, одржуваше ниска инфлација, одржлив фискален дефицит и…
Обраќање на премиерот Ковачевски на Безбедносната конференција во Минхен. „Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само прашање на проширување, туку е пред сѐ прашање на заеднички стратешки ангажман. Интеграцијата значи заедничка посветеност за изградба на силна, стабилна и обединета Европа, како дом на демократски и цивилизациски вредности и сили“, рече премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на дебатата на тема „Не гледај раздвоено – Цртање на пат за ЕУ и Западен Балкан“ во рамките на официјалната програма на годинешната Минхенска безбедносна конференција. Во тој контекст на остварувањето на таа визија за Европа, посочи Ковачевски, исклучително е…
Првичните информации се дека тој е во добра здравствена состојба. По два дена од избувнувањето на пожарот, по над 50 часа поминати во гаражата на траектот, утрово беше пронајден жив и спасен еден од 12-те исчезнати патници од бродот „Euroferry Olympia“ што во петокот наутро се запали во близина на Крф додека од Грција пловеше кон Италија, а паралелно продолжува потрагата по останати патници, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми станува збор за 21-годишен државјанин на Белорусија, возач на камион, кој сам успеал од гаражата да стигне до палубата, од каде што беше преземен од спасувачките екипи,…
Бесими на работни средби во Брисел со претставници на ЕК. Министерот за финансии Фатмир Бесими од денеска до 22 февруари 2022 година ќе престојува во работна посета на Брисел, каде ќе оствари средби со високи претставници на Европската Комисија. „Разговорите на министерот со своите соговорници ќе бидат фокусирани на ЕУ перспективите на РС Македонија, очекувањата од француското Претседателство за напредок во процесот на отворање на пристапните преговори, кои во моментов се блокирани од Бугарија и нашата посветеност да продолжи дијалогот за решавање на отворените прашања, како и приоритетите на Министерството за финансии, кои се насочени кон засилување на реформскиот процес…
Геополитичките случувања, вклучително и руско-украинските тензии може неповолно да се одразат врз динамиката на заздравувањето на глобалната економија, како и на глобалните пазари на примарни производи. Директната изложеност на нашата кон руската и украинската економија е мала и оттаму не се очекуваат позначителни директни ефекти. Сепак, доколку дојде до забавување на глобалниот раст, а особено растот на ЕУ, како наш најзначаен трговски партнер, тоа може да има одредено неповолно влијание и на динамиката на растот на домашната економија. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на конференцијата од високо ниво, насловена „Пост ковид-19 и скорешните геополитички тензии: која…
Во Северна Македонија треба да се подобри брзината и достапноста на возови. „Железничката линија Белград-Скопје сега е во лоша состојба бидејќи не се одржува и нема инвестиции во последниве 30 години. Железницата во Северна Македонија треба да се реконструира и да се користи почесто од страна на патниците и за превоз на товар“, вели во интервју за МИА Матеј Закоњшек, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница на ЈИЕ. Тој истакнува дека се во тек и во план активности за реновирање на клучните делници на паневропските Коридор 8 и Коридор 10, железнички рути што ја прават Северна Македонија важен транспортен центар.…
При контрола на граничен премин, фатени превозници кои вршеле превоз без документација. На 19.02.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце и од Одделението за прекуграничен криминал Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север била извршена контрола на четири автобуси и две патнички возила кои вршеле меѓународен превоз на патници. „При контрола на автобус со гостиварски регистарски ознаки, управуван од С.Б.(43) од Прилеп, автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.Л. од с.Челопек, тетовско, автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Д.(63) од Скопје и С.Т.(52) од с.Горно Косоврасти, дебарско и автобус со данска…
Американскиот претседател Џо Бајден го свика Советот за безбедност. Американскиот претседател Џо Бајден за денеска свика состанок на Советот за национална безбедност на Белата куќа поради ситуацијата во Украина, стои во соопштение за печат објавено од портпаролката на Белата куќа Џен Псаки. „Утре претседателот ќе свика состанок на Советот за национална безбедност за ситуацијата во Украина“, информира таа. „Претседателот Бајден продолжува да ја следи ситуацијата во Украина што се развива и редовно се информира за случувањата на терен од неговиот тим за национална безбедност. Тие потврдија дека Русија може да изврши напад против Украина во секое време“, се додава во соопштението.