Author: Biljana

Започна дијалогот за новата методологија која ќе обезбеди одржлив и континуиран раст на пензиите. Низ отворен дијалог ќе се дојде до решение во интерес на сите страни кое ќе овозможи раст на пензиите но и дополнителен финансиски пакет од кој придобивка ќе имаат околу 330.000 пензионери. „Создаваме систем со кој пензионерите ќе имаат сигурност и извесност, а покачувањето на пензиите никогаш повеќе нема да зависи од нечија политичка волја како што тоа беше во минатото. Владата предводена од СДСМ во континуитет покажува вистинска грижа за пензионерите. Пензискиот фонд е стабилен и во време на криза пензиите се исплаќаат предвремено. Дијалогот…

Read More

Претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски ги продолжи активностите на Минхенската безбедносна конференција. Ковачевски на маргините на настанот остварил средба со претставникот на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак. „На средбата на која присуствуваше и заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, премиерот Ковачевски го запозна Лајчак со заедничките активности со премиерот на Република Бугарија Кирил Петков за интензивирање на билатералната соработка и за работата на петте работни групи за економија, инфраструктура, култура, ЕУ интеграција и историја коишто имаат задача да изготват патоказ за спроведување на Договорот за пријателство“, информираа од Владата. Претставникот на ЕУ, Мирослав…

Read More

Во МНР била формирана работна група, која ќе ги проверува сите именувања и упатувања на амбасадори и генерални конзули од 2006 година до денес. Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, во врска со последните изјави на претседателот на Собраниската Комисија за надворешна политика околу именувањата и упатувањата на дипломати на највисоките позиции во амбасадите и конзулатите на земјава, укажува дека во изминатава година на мандат се упатени 20 предводници на странските преставништва, од кои 16 се професионални дипломати од Министерството, што претставува 80% од упатените. „Професионализацијата на дипломатијата останува еден од врвните приоритети на Министерството за надворешни работи…

Read More

Грција од денеска постепено ги олабавува мерките од кои поголемиот дел беа воведени пред Нова година. Tака, дозволено е стоење во кафулињата и клубовите, во приватниот и јавниот сектор се намалува бројот на вработени кои работат од дома, спортските натпревари ќе се одржуваат со публика до 50 отсто од капацитетот, а дозволено е организирање училишни екскурзии, јави дописничката на МИА од Атина. Според министерската одлука објавена во Службен весник, маската и понатаму е задолжителна и во затворените простори и на отворено, исклучок се децата до четиригодишна возраст, а нема промени и во однос на документот за Ковид-19, односно сертификат за…

Read More

Законот за дивоградби е во собраниска процедура. Ако Парламентот е подготвен за дебата, тука сме да ги отвориме сите прашања, рече денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Одговорајќи на новинарски прашања по увидот во изградбата на браната на реката Отиња, Бочварски истакна дека законот е целосно преправен и корегиран, како и дека се земени предвид предлозите на граѓанските здруженија и организации. „Државата е исправена пред овој предизвик, да се донесе законот. Ние целосно го преправивме. Направивме и многу други чекори со кои ги послушавме и испочитувавме граѓанските здруженија и организации за законот да биде прифатлив и за граѓаните…

Read More

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска изврши увид во изградбата на браната Отиња во Штип. Инвестициската вредност на проектот е 306 милиони денари, а со него е предвидено да се изведе камено-земјена брана со централно глинено јадро високо 33 метри. Како што изјави Бочварски по увидот, изведувачите се на терен и работат непречено. „Ова е многу значаен капитален објект за Штип и за источниот регион. Инвестицијата е на Министерството за транспорт и на Владата. Работите течат со одлична динамика, се работи на темелот за инјектирање на десното крило на браната. Се прават сите подготовки за изведба на насипот.…

Read More

Продолжува потрагата по 12 исчезнати од запалениот брод кај Крф. Рано утрово продолжи потрагата по 12 лица, исчезнати по вчерашниот пожар на траектот што пловеше од Грција кон Италија, а веќе се спасени 280 патници и членови на екипажот, јави дописничката на МИА од Атина. Бројот на исчезнати од 11 се зголеми на 12 лица откако вчера беа пронајдени и спасени двајцата патници, кои со часови останаа заглавени во траектот, но по нивната идентификација произлезе дека еден од нив, веројатно мигрант, нелегално патувал и не бил на официјалната листа со патници. Траектот сè уште се наоѓа во морскиот дел во…

Read More

Санкционирани се 94 возачи. Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.02.2022) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 94 возачи, од кои 42 на територија на СВР Скопје, 14 на територија на СВР Битола. При акциската контрола санкционирани се и 125 други видови на сообраќајни прекршоци. „Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците…

Read More

Бајден изрази надеж дека дипломатијата може да ја деескалира ситуацијата. Рускиот претседател Владимир Путин „донесе одлука“ да ја нападне Украина, нагласи во вечерашното обраќање американскиот претседател Џо Бајден. Тој додаде дека Русија има намера да ја нападне Украина во следната недела или денови. „Русија се обидува да „постави лажно оправдување“ за војна против Украина“, нагласи Бајден во своето обраќање од Белата куќа. Американскиот претседател Џо Бајден се осврна на низата дезинформации што Русија ги објавува. Бајден нагласи дека „видел извештаи за голем број прекршувањето на примирјето од страна на борци поддржани од Русија кои се обидуваат да ја испровоцираат Украина…

Read More

Општина Центар започнува акција за реконструкција на детските игралишта на нејзина територија. Вчера, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со општинските служби, направија кратка обиколка и извршија увид во состојбата на постоечките игралишта. Активностите за реконструкција ќе ги опфатат детските игралишта кај поранешна „Агромеханика“, Градски ѕид Блок 9, игралиштето кај „Трготекстил“, ООУ „Гоце Делчев“ и сите останати кај кои ќе се утврдат поголеми оштетувања. ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ ќе добие ново детско игралиште, а на барање на граѓаните, се разгледува можноста за отворање на уште еден влез, кој ќе води до мини-парк во училишниот двор. „Излезени сме на терен…

Read More

Убиен еден украински војник, тврди армијата. Еден украински војник е убиен во судири со сепаратистичките сили, поддржани од Москва, во источниот дел на Украина, соопшти армијата, во момент кога е се поголема загриженоста дека Русија се подготвува за инвазија. „Како резултат на ракетен напад, еден украински војник доби смртоносна рана од шрапнел, соопшти заедничката воена команда за источна Украина“, објавија западните медиуми. Набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска соопштија дека забележале „спектакуларно зголемување“ на прекршувањата на примирјето во источна Украина, каде што проруските сепаратисти и украинските сили се во конфликт од 2014 година. Забележан е…

Read More

Лидерот на самопрогласената „Луганска Народна Република“ Леонид Пашечник денеска потпиша указ за општа мобилизација, јавуваат руските медиуми. „Донесов одлука да објавам општа мобилизација на територијата на Луганска Народна Република“, се наведува во указот на Пашечник. Претходно, општа мобилизација прогласи и лидерот на самопрогласената „Доњецка Народна Република“ (ДНР), Денис Пушилин. Пашечник и Пушилин вчера објавија почеток на евакуација на граѓаните кон Ростовската област во Русија, наведувајќи дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски наскоро ќе издаде наредба за напад на Донбас. Сепак, Украина тврди дека не подготвува операција во Донбас. Украинската армија соопшти дека во раните утрински часови забележала 12 прекршувања на…

Read More