Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Дваесет и двегодишна девојка од Македонија загина во несреќен случај на своето работно место во Данска, пренесува порталот А1он. Според данската полиција, настраданата девојка работела како хигиеничарка во училиште, каде што се случила несреќата со машина за чистење. Данските медиуми јавуваат дека таа била пренесена во болница со тешки повреди на кои им подлегнала. – Ние сме во процес на спроведување дополнителни истраги и повторно ги испрашуваме истите сведоци, објаснува Торбен Витендорф од данската полиција. Според данските медиуми, роднините на девојката се веќе известени. Данската управа за работна средина е повикана и мора да биде вклучена во истрагата.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан на својата инаугурација го осуди „самоубиството“ на Западот и ја повтори својата „црвена линија“ за санкциите против Русија, пишува Данас. Самоубиствен бран се движи кон „западниот свет“, кој експериментира со голема програма за размена, рече Орбан, мислејќи на теоријата на заговор популаризирана од екстремната десница, според која елитите организираат замена на европското население со неевропски имигранти. Оваа програма сака да ги замени христијанските деца кои се на пат да исчезнат со мигранти од други цивилизации и на ист начин гледам на лудило на теориите од тој тип, додаде тој. Орбан, чија партија извојува убедлива победа на…
Северна Кореја мобилизираше армија за дистрибуција на лекови и распореди повеќе од 10.000 здравствени работници за да ги лоцираат пациентите во екот на борбата против бранот коронавирус, објави државниот медиум КЦНА. Изолираната земја минатата недела го призна избувнувањето на епидемијата на Ковид-19 за прв пат, предизвикувајќи загриженост за голема криза поради недостаток на вакцини и соодветна медицинска инфраструктура. Државниот кризен центар за спречување на епидемии пријави уште 269.510 луѓе со симптоми на вирусот, додека вкупниот број на смртни случаи се зголеми од шест нови случаи на 56 , соопшти КЦНА. Не е наведено колку луѓе биле позитивни на коронавирус. „Моќните…
Потребно е да бидеме способни да донесуваме разумни, многу добро информирани и исто така, многу храбри решенија – што и го правиме тоа, појасни Шолц. Германскиот канцелар Олаф Шолц не го гледа крајот на војната во Украина во блиска иднина. Тој предупреди на можна понатамошна ескалација, јави ДПА. Според Шолц, засега нема знаци дека луѓето сфатиле колку е важно крајот на конфликтот да биде „што е можно поскоро“. Шолц стравува од „ескалација на војната“. – Потребно е да бидеме способни да донесуваме разумни, многу добро информирани и исто така, многу храбри решенија – што и го правиме тоа – појасни…
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко уште еднаш апелираше до жителите кои побегнаа на побезбедни локации да не се враќаат во главниот град на Украина. „Не можеме да гарантираме безбедност за сите со 100% сигурност“, изјави Кличко за Би-Би-Си. Градот „полека се враќа во живот“ по повлекувањето на руската армија, се отвораат кафулиња и барови, но Киев и понатаму е „мета на руските агресори“. Тој повика на претпазливост на сите жители кои се враќаат во главниот град на Украина. Тој нагласи дека тоа го прават на сопствен ризик бидејќи нема гаранција за нивната безбедност. Кличко кажа дека руските напади може да се случуваат секоја секунда.
Група академици, општествени, научни, просветни, здравствени, културни работници во земјава испратија отворнео благодарствено писмо до вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј за историската одлука донесена неделава. Примањето на Охридската Архиепископија во канонско единство е чин со кој Вие изградивте одбранбен ѕид против агресивната политика за духовна колонизација на Балканот, спротивна на црковните канони и традициите на Православието„ се вели во писмото. – Како просветлен Првојерарх на Великата Христова Црква, Вие храбро и трпеливо го понесовте крстот да бидете, според зборовите на Господ Исус Христос, „прв во служење на другите“и достојно одговоривте на својот историски призив. Ви благодариме особено и заради тоа што…
Централниот одбор на НСДП за единствен кандидат за претседател на петтиот конгрес на партијата го утврди Горан Мисовски,се наведува во партиското соопштение. Предлогот, како што се вели во соопштението, бил утврден со мнозинство гласови од присутните членови на Централниот одбор, по завршување на дебатата. Кристијан Трајковски, организациски секретар на партијата пред да почне Централниот одбор изјави дека се кандидирал за лидерската позиција со програма, а и дека неговата кандидатура ги исполнува сите услови предвидени со Правилникот за избор и кандидирање на претседател на НСДП кој го усвои Централниот одбор претходно и кој правилник дозволува Трајковски да се самокандидира на конгресот…
Сообраќајната несреќа во која загинал возач на возило со македонски регистерски таблички се случила околу 11,50 часот на автопатот во Србија кај Нови Сад во близина на клучката Ковиљ, откако возилото се судрило со друг автомобил. Според српските медиуми има повредени четворица, од кои две деца, државјани на Македонија. Обновено На самото место на несреќата загинал возачот на „Пежото“, М.А. (56), државјанин на Хрватска, а повредени се две жени, седумгодишно девојче и 10-годишно момче, сите четворица македонски државјани, јавуваат српските медиуми. Децата се пренесени во Детската болница во Нови Сад, а жените се згрижени во Клиничкиот центар на Војводина. Поради…
Министрите за надворешни работи на Финска и на Турција, Пека Хавесто и Мевлут Чавушоглу вечерва ќе се сретнат во Берлин и ќе разговараат за членството на Финска во НАТО. – Сигурен сум дека ќе пронајдеме решение, изјави Хавесто пред состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО во Берлин. Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган вчера изјави дека внимателно ги следи случувањата во врска со можното членство на Финска и Шведска во НАТО, но оти нема позитивно мислење за тоа. – Немаме позитивно мислење. Скандинавските земји се како гостинска куќа за терористички организации, истакна Ердоган. Додека советникот на…
Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ, најави дека улица во Белград ќе го носи името на легендарниот југословенски тренер Ивица Осим, кој почина на 1 мај на 81-годишна возраст. Харизматичниот страгег, кој во својата играчка кариера го доби прекарот „Штраус од Грбавица“, ја предводеше репрезентацијата на поранешна СФР Југославија од 1986 до 1992 година, кога се повлече од должноста поради војната во БиХ. – Навистина ми е мило што Белград и Србија на соодветен начин ќе му се оддолжат на еден прекрасен човек и фантастичен фудбалски работник, изјави Стојковиќ, кој беше дел од југословенската репрезентација под водство на Осим. Осим беше космополит, убаво…
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски придружен од министерот за здравство Беким Сали, денеска го посети и отвори одделението за магнетна резонанца во рамки на одделот за рентген во ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност – Прилеп. „Нашата посета на Општата болница во Прилеп е по повод отворањето на одделот во кој поставен ново набавениот апарат за магнетна резонанца. Магнетната резонанца е од огромна придобивка за граѓаните на Прилеп и околината. Во овој оддел од денеска највисока здравствена услуга неопходна за точна дијагностика ќе добиваат околу 120.000 граѓани”, рече премиерот Ковачевски и додаде дека после повеќе од 50 години болницата добива…
Упатувам порака до Европската Унија, како што се обедини околу руската агресија на Украина, да се обедини и околу политичката агресија на Бугарија врз земјава и да ни дозволи конечно да ги почнеме тие преговори за членство без какви било условувања, понижувања и отстапки, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ при денешната посета на Општина Кисела Вода. Одговарајќи на новинарско прашање дали мисли дека постојат шанси за повлекување на бугарското вето на средбата на претставници на двете влади најавена за 22 мај во Скопје, Мицкоски изјави дека не мисли оти „постојат шанси за достоинствено тргање на ветото“. – Или ќе бидеме…