Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брисел да си го одржи ветеното и да ги почнеме преговорите за членство, порача Мицкоски

0
By Biljana on May 14, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 14, 2022 17:23

Упатувам порака до Европската Унија, како што се обедини околу руската агресија на Украина, да се обедини и околу политичката агресија на Бугарија врз земјава и да ни дозволи конечно да ги почнеме тие преговори за членство без какви било условувања, понижувања и отстапки, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ при денешната посета на Општина Кисела Вода.

Одговарајќи на новинарско прашање дали мисли дека постојат шанси за повлекување на бугарското вето на средбата на претставници на двете влади најавена за 22 мај во Скопје, Мицкоски изјави дека не мисли оти „постојат шанси за достоинствено тргање на ветото“.

– Или ќе бидеме понижени и омаловажени од страна на хегемонистичките барања на нашиот источен сосед или нема да биде тргнато ветото, смета Мицкоски.

Тој уште еднаш упати порака до политичарите во Брисел да го исполнат тоа што и го ветуваа на земјава за конечно да ги почне преговорите за влез во ЕУ „без недостоинствени отстапки“.

– Повторно еве ја користам оваа прилика да упатам порака до Европа, до Европската Унија, исто така како што се обединети околу руската агресија во Украина да бидат обединети околу политичката агресија на Бугарија врз Македонија и да ни дозволи конечно да ги почнеме тие преговори без какви било условувања без било какви понижувања и без било какви недостоинствени отстапки, бидејќи јас бев сведок кога истите тие политичари од Брисел ветуваа дека оној срамен Преспански договор е последната отстапка што оваа држава треба да ја направи пред да стане полноправна членка на НАТО и да ги почне преговорите за полноправно членство во ЕУ, рече Мицкоски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.