Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Цените за билетите за меѓуградските линии од денеска се зголемени за 15 до 20 отсто. Во моментов најскапо е патувањето со автобус од Скопје кон Охрид и обратно, кое со последното зголемување во еден правец чини 680 денари, додека повратен билет е 930 денари, објави Сител. Возење во еден правец од Скопје до Гевгелија од денеска чини 520 денари, а повратниот билет е 770 денари. „Секој превозник сам одлучува за цената. За поблиските релации, како за Куманово или Велес, цените се зголемени за 20 до 30 денари“, вели Масар Омерагиќ од „Руле турс“. Според превозниците, зголемените цени на горивата, резервните…
Веб страницата на Министерството за одбрана и неколку банки во Украина мета на сајбер напад. Украинскиот центар за кибер безбедност соопшти дека веб-страниците на украинското Министерство за одбрана и на банките Приватбанк и Ошадбанк биле се под кибер напад. Според информации на Украинскиот центар за кибер безбедност соопшти дека Русија е најверојатно виновна за нападот. Во пораката на почетната страница на веб-страницата на украинското Министерство за одбрана се вели има технички проблеми.
Одлуки на Владата по денешната 14-седница. Владата на Република Северна Македонија го задолжи АД Електрани на Северна Македонија да отпочне процес за потпишување на Договорите за реализација на Меморандумот за разбирање склучен помеѓу АД ЕСМ и Гастрејд С.А врзани со проектот Терминал за течен гас во Александропулос, Република Грција. „Со овие договори и преземени обврски, Терминалот за течен гас во Александропулос ќе обезбеди сигурно и долгорочно снабдување со течен гас за потребите на Северна Македонија. Реализацијата на овој проект, кој е прогласен за проект од посебен интерес на Европската Унија за природен гас и за кој Европската комисија одобри поддршка,…
Заинтересирани сме за создавање на гасоводот Петрич-Струмица, рече министерот за економија на Северна Македонија, Крешник Бектеши за БНТ. Тоа, посочи Бектеши, важи и за енергетскиот сектор, особено за диверзификацијата и снабдувањето со гас на Северна Македонија. Друг важен фактор е зајакнувањето на безбедноста на снабдувањето со гас во Северна Македонија, бидејќи мора да се има предвид дека во Скопје производството на топлинската енергија доаѓа од снабдувањето со гас. Северна Македонија е заинтересирана самостојно да се приклучи на терминалот за течен природен гас во Александрополис. Тој коментира дека Скопје е во постојан контакт со инвеститорите, но и со учесниците на терминалот,…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Јарослав Лудва, новоименуван амбасадор на Чешката Република во нашата држава. На состанокот било пренесено дека Чешката Република го поддржува европскиот пат на Република Северна Македонија и дека нашата држава ќе ја има и понатаму поддршката, посебно што Чешката Република ќе претседава со Советот на ЕУ од 1 јули оваа година. Оценето е дека Северна Македонија има геостратешко значење и дека Европа е безбедна со интеграција на нашата држава и на целиот регион во ЕУ. Премиерот Ковачевски порачал дека Чешката Република е вреден партнер на Северна Македонија и значаен…
Декларација за провокација – реакција на професорот Ѓорѓи Спасов. „Декларацијата за Гоце е само еден од инструментите за заплашување на народот, не за обединување туку за продлабочување на сомневањата, поделбите на патриоти и предавници, на големи Македонци и на оние другите, на чесните и корумпираните. И сето тоа се прави во овој случај преку затворање на очите за се што е направено во сите изминати 70 години за почитување и одбележување на ликот и делото на Гоце Делчев“, пишува во објава на социјалните мрежи професорот Ѓорѓи Спасов. Неговиот пост доаѓа како реакција, откако партиски членови на ВМРО ДПМНЕ денешното отфрлање…
Рускиот претседател денеска се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен да продолжи да работи со Западот на безбедносните прашања за да се деескалираат тензиите околу Украина. „Подготвени сме да работиме понатаму заедно. Подготвени сме да одиме по патеката на преговорите“, нагласи Путин на прес-конференција по разговорите со германскиот канцелар Олаф Шолц во Москва. Путин рече дека Русија не сака војна откако западните престолнини ја обвинија Москва дека распоредува војници во близина на Украина со планови за инвазија. „Дали го сакаме ова или не? Се разбира – не. Токму затоа и дадовме предлози…
Франција го намалува рокот на важност на ковид сертификатите. Почнувајќи од денеска рокот на важност на потврдата за вакцинација против Ковид-19, издадена во Франција, се намалува од седум на четири месеци, јавува француската телевизија BFMTV. Тоа значи дека оние кои првично се вакцинирани против Ковид-19 треба да добијат засилувачка доза најмалку четири месеци по првите две дози. Досега, периодот меѓу првите две дози и дополнителната беше седум месеци. Се намалува рокот и за оние кои се заразиле, а потоа примиле една доза од вакцината, како и за оние кои примиле една доза од вакцината, а потоа се заразиле. Исклучок е…
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа, направени биле 4.047 тестови, а регистрирани се 1.269 нови случаи на Ковид-19. Најголем број на нови случаи има во Скопје – 686, Тетово – 75, Битола – 65, Куманово – 61, Велес – 48, Гостивар – 44, Кавадарци – 33, Прилеп – 32, Кичево – 26, Гевгелија – 25, Охрид и Валандово – по 20, Неготино – 16, Ресен – 12, Струмица и Струга – по 11, Дебар – 9, Кочани, Крива Паланка и Богданци – по 8, Штип и Делчево – по 7, Радовиш и Крушево – по…
Во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите за прележан Ковид-19, велат од Комисијата за заразни болести. Во моментот кога ќе има релаксирање на епидемиолошката состојба, кога нема да имаме толку високи бројки ќе може да разговараме и за поинакви мерки кои ќе бидат аплицирани, меѓутоа сега во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите за прележан Ковид-19, истакна денеска портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ. Посочи дека сертификатите не се во насока на тоа да се спречи трансмисијата, туку да се спречи пренесувањето на вирусот на тие коио немаат имунитет. „Денеска…
Бурни реакции по денешната манифестација во Кавадарци. Традиционалното закројување на лозјата, по повод празникот Св. Трифун, заштитникот на лозарите, во најголемиот регион познат по лозарството, Кавадарци, наместо празник на виното и грозјето, доби контекст на политички настан. Имено, владиката Повардарски, Агатангел, во својот говор пред насобраните кавадарчани, ја искористи приликата да зборува за државни и политички теми. „Верувам дека заедно претседателот на нашата најголема и најсветла партија, ВМРО ДПМНЕ, господинот Христијан Мицкоски, се она што го дадовме верувам дека ќе го вратиме назад. Првин со него, а потоа и со божја помош. Јас верувам дека Бог, Исус Христос и мајката…
Болницата „Св. Еразмо“ во Охрид доби неврохируршки микроскоп. Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид за прв пат доби неврохируршки микроскоп со кој лекарите ќе може да вршат тешки операции од областа на неврохирургијата, објави на својот профил на Фејсбук, неврохирургот Венко Филипче. Според Филипче, овој софистициран микроскоп дава прецизна и детална слика на оперативното поле. „Денеска со моите колеги д-р Милошевски и д-р Миќуновиќ, со хируршкиот микроскоп извршивме операција на тумор на мозок. Овој софистициран микроскоп дава прецизна и детална слика на оперативното поле. Сега и во болницата ,,Св. Еразмо” со помош на овој современ метод и експертизата на лекарите ќе…