Рускиот претседател денеска се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен да продолжи да работи со Западот на безбедносните прашања за да се деескалираат тензиите околу Украина.

Подготвени сме да работиме понатаму заедно. Подготвени сме да одиме по патеката на преговорите“, нагласи Путин на прес-конференција по разговорите со германскиот канцелар Олаф Шолц во Москва.

Путин рече дека Русија не сака војна откако западните престолнини ја обвинија Москва дека распоредува војници во близина на Украина со планови за инвазија.

„Дали го сакаме ова или не? Се разбира – не. Токму затоа и дадовме предлози за процес на преговори“, рече Путин.