Author: Biljana

Добро е што Бугарија го рестартира дијалогот со Северна Македонија и очекувам да има надградба на резултатите за политиките со амбициозните планови на Владата, изјави шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска, додавајќи оти Бугарија очекува конкретни резултати. „Со оглед на фактот дека министерствата за надворешни работи на Бугарија и Северна Македонија се координатори на целиот процес, покрај водењето дијалог за политички прашања, во разговорот со шефот на дипломатијата на Република Северна Македонија го проширивме опсегот на разговори“, рече Генчовска. Во таа насока, како што јави дописникот на МИА од Софија, Генчовска додаде дека во однос на Украина, Софија и предложиила…

Read More

62,7% од учениците потврдуваат дека врсничкото насилството е често или постојано присутно во училишната средина, покажало истражувањето на Тинк тенк организацијата „Аналитика“ спроведено во три средни училишта во Скопје. Наодите од истражувањето, даваат поразителна слика за тоа колку и во каков облик се јавува насилството. Најголем број од нив го препознаваат физичкото насилство кое во голема мера е највидливо, понатака според учениците во висок процент е присутно психичкото и сајбер насилството. Високи 70% од учениците сведоци се на насилно однесување во нивните училишта, но истото не го пријавуваат од бројни причини, меѓу кои не знаењето кому да пријават или како…

Read More

Придобивките од иницијативата „Отворен Балкан“ се видливи, а тоа што е потпишано веќе се спроведува, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Николовски кој заедно со министрите за земјоделство на Србија, Албанија и Република Српска, го посетија царинскиот терминал „Делизе“ во Белград, Република Србија, истакна дека нема задржување на камионите на граница, се крати времето на чекање, се кратат административните и царинските процедури, за само 24 часа македонските производи се на српскиот пазар. „Драго ми е што вака работно на терен, заедно со колегите од регионот, имаме прилика да видиме практично како функционира иницијативата „Отворен Балкан“, којашто ја…

Read More

Патничките и товарните возови втор ден останаа блокирани откако машинскиот и извршниот персонал во „Железници транспорт“ се одлучи на бојкот поради неисплатениот втор дел од платата за месец декември. Од кабинетот на генералниот директорот на Железници транспорт, Мубекир Палоши, велат дека штрајкот е незаконски бидејќи бил во спротивност со Законот за работни односи и Колективниот договор. Обвинуваат дека на овој начин машинскиот персонал сака да извлече лична корист преку зголемување на месечните приходи. „Во услови на пандемија и економска криза, платите на вработените редовно се исплаќаат иако Друштвото се соочува со намалени приходи. Напоменуваме дека штрајкот не е преидзвикан поради…

Read More

Покачување на минималната плата на 18.000 денари, како и скалесто покачување нс сите останати плати согласно Колективните договори за работа, побараа од Сојузот на синдикати на Македонија на денешната презентација на студија: „Минималната плата во Република Северна Македонија и нејзините ефекти врз работењето на фирмите“. Претседателот на ССМ, Дарко Димовски рече дека во декември било испратено барање до Владата минималната плата да се зголеми најдоцна до крајот на месецов и ги повика пратениците уште утре да ја поддржат иницијативата на ССМ за Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата упатена до Собранието, а потоа да се фокусираат…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски најави дека за не повеќе од еден месец ќе оди во официјална посета на Бугарија. Тоа го договарал со својот бугарски колега Румен Радев, а целта била двајцата да дадат позитивен придонес во надминувањето на спорот меѓу двете земји. Пендаровски на тркалезна маса „Пристапувањето на Западниот Балкан кон ЕУ: долга, (не)завршена приказна – Одржливост на македонскиот надворешнополитички курс“, повтори дека стартот на новата фаза од билатералните односи е одличен, но далеку сме се уште, како што напомена, од подлабоко навлегување во процесот на решавање на проблемот и негово евентуално позитивно завршување. „Ќе се обидам многу наскоро да…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, на покана на премиерот на Бугарија Кирил Петков присуствуваше на манифестацијата на доделување на наградата „Достојни Бугари“.  Оваа награда традиционално секоја година им се доделува на повеќемина бугарски граѓани кои оствариле големи остварувања и хумани дела за својот народ и за својата земја. Премиерот Ковачевски наградата „Достојни Бугари“ му ја врачи на пожарникарот Давид Галабов, како еден од добитниците на признанието, кој не го штедел сопствениот живот за да ги спаси животите на две мали бебиња од огнената стихија. „Пожарникарот Галабов по втор пат ја добива оваа награда, а првиот пат…

Read More

За НоваТВ од Софија, Биљана Божиновска „Критериум за успешност во инфраструктурата, на пример, е ако во 2023 година, биде завршен патот долг 13 километри до граничниот премин ‘Клепало’ со што ќе може да го пуштиме во употреба и овој граничен премин“, рече на денешната прес конференција претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковечевски зборувајќи за договорените реални проекти помеѓу работните групи. Во однос на политичките прашања, според Ковачевски, критериум за успешност ќе биде доколку низ разговор на комисиите и низ еден политички дијалог помеѓу Владите, се постигне договор и во догледен период се одржи долгоочекуваната прва меѓувладина конференција за…

Read More

За НоваТВ од Софија, Биљана Божиновска Работните групи на владите на Северна Македонија и Бугарија, на денешните состаноци во Софија, ги поставија основите за работа и ги утврдија роковите за исполнување на приоритетите. „Работната група која ја опфаќа соработката во економијата, енергетиката, финансиите, иновациите и развојот, инвестициите и земјоделството ја договори идната динамика на работата, како и заедничката основа за размена на добри практики и искуства за интензивирање на директна соработка во овие области“, информираат од Владата. Втората работна група којашто ги вклучува областите транспорт и врски, инфраструктурата, локалната самоуправа и меѓуграничната соработка, како и соработката во областа на информатиката…

Read More

За НоваТВ од Софија, Биљана Божиновска  Премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков копретседаваат со пленарната меѓувладина седница која денеска се одржува во претседателската резиденција „Бојана“ во Софија. „Тоа што го постигнавме за само два дена ни дава мотив да веруваме дека ќе имаме вистински резултати од разговорите за многу кратко време“, рече на отворањето на пленарната меѓувладина седница, премиерот на Бугарија, Кирил Петков. За претседателот на македонската Влада, Димитар Ковачевски, денешната работна средба е голем успех, бидејќи доаѓа само една недела по првата средба во Скопје, каде беше договорена соработка во повеќе области коишто значат…

Read More

За НоваТВ од Софија, Биљана Божиновска Премиерот на Бугарија, Кирил Петков со највисоки државни почести ја пречека македонската владина делегација во Софија.  Со интонирање на химната на Република Северна Македонија и на химната на Република Бугарија, делегацијата на Владата предводена од премиерот Димитар Ковачевски, свечено со највисоки државни почести беше пречекана на Плоштадот „Александар Невски“ во Софија. На свечената церемонија која се одржа пред Црквата Св. Александар Невски, претседателите на двете Влади, Димитар Ковачевски и Кирил Петков беа пречекани од воениот оркестар и националната гарда на Бугарија. Двајцата премиери положија свежо свеќе пред познатиот „Споменик на незнаен војник“ во центарот…

Read More