Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Ковачевски и Петков копретседаваат со меѓувладината седница во Софија

0
By Biljana on January 25, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: НоваТВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 25, 2022 07:23

За НоваТВ од Софија, Биљана Божиновска 

Премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков копретседаваат со пленарната меѓувладина седница која денеска се одржува во претседателската резиденција „Бојана“ во Софија.

„Тоа што го постигнавме за само два дена ни дава мотив да веруваме дека ќе имаме вистински резултати од разговорите за многу кратко време“, рече на отворањето на пленарната меѓувладина седница, премиерот на Бугарија, Кирил Петков.

За претседателот на македонската Влада, Димитар Ковачевски, денешната работна средба е голем успех, бидејќи доаѓа само една недела по првата средба во Скопје, каде беше договорена соработка во повеќе области коишто значат подобра економска соработка, соработка на полето на образованието, инфраструктурата и иновациите, на се она што за граѓаните значи подобра комуникација, подобри врски и подобрување на економската соработка, со цел, како што рече, овој регион да стане регион на економски просперитет и подобар животен стандард за граѓаните.

„Од тие причини денес, нашите колеги од двете Влади, ќе работат на теми кои што се од областа на инфраструктурата, конкретно Коридорот 8, и во областа на патната инфраструктура, железничката инфраструктура и во делот на телекомуникациското поврзување, потоа во делот на поврзувањето во образованието, а кога го поврзуваме образованието ги поврзуваме младите, ја зголемуваме нивната мобилност“, рече Ковачевски и додаде дека тимовите од двете страни во текот на следните шест месеци заедно ќе управуваат со работните групи.

Во работните групи, покрај министрите од двете земји ќе учествуваат и претставници на Стопанските комори, претставници на деловните кластери и образовни институции, како и претставници на културните организации од двете држави.

„Сето тоа треба да не доведе, да покажеме пред Европа дека на Балканот може да се соработува и дека ќе преставуваме пример за успешна соработка и да бидеме пример како се зголемува и економската и образовната и културната соработка помеѓу државите“, рече Ковачевски.

Вториот работен ден на мекедонската владина делегација во Софија почна со тет-а-тет средба на премиерите Ковачевски и Петков и состанок на министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи и министерката за надворешни работи на Република Бугарија Теодора Генчовска.

По пленарната седница, на којашто ќе бидат презентирани резултатите од работните групи, ќе следува потпишување меморандуми и договори за соработка.

Работниот дел на заедничката седница на Владите на Република Северна Македонија и на Република Бугарија завршува со прес-конференција на премиерите Ковачевски и Петков на која пред новинарите и јавноста ќе ги презентираат резултатите од меѓувладината сесија.

Во попладневните часови претседателот на Владата Димитар Ковачевски, придружуван од членови на Владата, ќе има одделни средби со претседателот на Република Бугарија Румен Радев и со претседателот на бугарското Собрание Никола Минчев.

Официјалната посета на Бугарија, почна вчера со свечен државнички пречек на плоштадот „Александар Невски“ во Софија, каде двајцата премиери Ковачевски и Петков положија свежо цвеќе пред споменикот на „Непознат воин“ и пред споменикот на „Св. Кирил и Методиј“.

Потоа двете делегации присуствуваа на отворање на дописништво на МИА во Културно-информативниот центар во Софија, а првиот ден од работната посета двајцата премиери го завршија на државниот универзитет „Св. Климент Охридски“ во Софија.

За време на посетата на универзитетот премиерите Ковачевски и Петков имаа куса средбата и со ректорот проф. д-р Анастас Герџиков, на која меѓу, другото, се разговарало и за заедничкиот интерес на двете влади да ја охрабрат комуникацијата и соработката меѓу државните универзитети во Северна Македонија и Бугарија.

Премиерот Ковачевски, во Бугарија, е придружуван од првиот вицепремиер Артан Груби, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, Славица Грковска, заменик на претседателот на Владата задолжен за  политики за добро владеење, како и министрите, Бујар Османи за надворешни работи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министетрот за економија Крешник Бектеши,  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, советникот за надворешни работи на Владата, Едмонд Адеми.

 

 

 

Димитар Ковачевски Кирил Петков македонско-бугарски односи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.