Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Палоши: Штрајкот во железници е предизвикан од лична корист на машинскиот персонал

0
By Biljana on January 27, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 27, 2022 13:13

Патничките и товарните возови втор ден останаа блокирани откако машинскиот и извршниот персонал во „Железници транспорт“ се одлучи на бојкот поради неисплатениот втор дел од платата за месец декември.

Од кабинетот на генералниот директорот на Железници транспорт, Мубекир Палоши, велат дека штрајкот е незаконски бидејќи бил во спротивност со Законот за работни односи и Колективниот договор. Обвинуваат дека на овој начин машинскиот персонал сака да извлече лична корист преку зголемување на месечните приходи.

„Во услови на пандемија и економска криза, платите на вработените редовно се исплаќаат иако Друштвото се соочува со намалени приходи. Напоменуваме дека штрајкот не е преидзвикан поради социјален момент или други услови поврзани со извршување на работните задачи, туку поради лична корист на машинскиот персонал, кои имаат највисоки примања изнудени со метод на присила, односно преку незаконски прекин на железничкиот сообраќај“, се вели во дописот од Железници транспорт.

Според нив, просечната месечна плата на машиновозачите била близу 51.000 денари, споредено со еден дипломиран инжинер, раководител кој земал 29.000 денари.

Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал, пак за МИА изјавил дека бојкотот ќе продолжува до исполнување на поставеното барање, исплата на вториот дел од платата за месец декември. Тој рекол дека имало најави од раководството на претпријатието дека вториот дел од платата ќе бил исплатен утре.

Поддршка за штрајкот машиновозачите добија и од Движењето за социјална правда „Обединети работници“.

„Секој работник, независно дали е вработен во приватен или државен сектор, има право на плата согласно завршените работни задачи кои произлегуваат од договорниот однос. Но, исто така, работниците уживаат право и на навремена исплата на платата! Поради тоа што на овие работници континуирано им се јавува проблем со исплата на нивните чесно заработени плати, го повикуваме раководството на “Железници – Транспорт” веднаш да обезбеди средства за целосно исплаќање на сите заостанати плати, како и останати надоместоци согласно закон“, стои во соопштението на „Обединети работници“.

Инаку, согласно Одлуката од 2 ноември 2021 година, машинскиот и извршниот персонал најавија дека нема да ги извршуваат работните задачи ако платата за претходниот месец не биде во целост исплатена до 25-ти во тековниот месец. Одлуката беше донесена по прекинот на работата во ноември, исто така поради доцнење со исплатата на платата. Поради истата причина бојкот имаше и во август лани.

(Б.Б.)

возови Македонска железница штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.