Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Во Германија ситуацијата со недостиг на квалификувана работна сила во првиот квартал од оваа година дополнително се влоши, објави денеска Институтот за германска економија. „Во март, бројот на непополнети работни места за кои работодавачите не можат да најдат соодветна работна сила се зголеми за дополнителни 88.000 и сега изнесува рекордни 558.000“, се вели во соопштението на Германскиот економски институт, кој се повикува на свое истражување. Недостигот од квалификувани работници, според истражувањето, ги погодува сите сегменти на пазарот на трудот, но особено е изразен во областа на здравството, социјалната заштита, образованието и градежништвото. „Само во секторите за здравство, социјална заштита и…
Рекордно количество пиво испија навивачите на Ајакс на вчерашниот натпревар со кој ја прославија 36. клупска титула и се збогуваа со тренерот Ерик тен Хаг, кој од следната сезона ќе седи на клупата на Манчестер јунајтед. Ајакс во средата го совлада Херенвен со 5-0 пред 55.000 навивачи на „Јохан крој арена“. Според податоците на Ajaxlife.nl домашните навивачи го урнале рекордот од 19 октомври и триумфот на нивниот тим над Борусија Дортмунд (4-0), испивајќи на натпреварот против Херенвен вкупно 70 илјади литри пиво.
По најавата на Финска дека ќе бара членство во НАТО уследија реакции од официјална Москва. Рускиот заменик министер за надворешни работи Александат Грушко изјави дека Москва ќе преземе соодветни мерки ако НАТО распореди нуклеарни сили и инфраструктура во близина на границата со Русија. – Ќе биде потребно да се одговори … со преземање на соодветни мерки на внимателност кои ќе обезбедат одвраќање, истакна Грушко. Тој додаде дека не гледа „реални“ причини“ зошто Финска и Шведска сакаат да ѝ се придружат на Северноатлантската алијанса … Додека потпретседателот на Одборот за одбрана во Думата, Алексеј Жураљов истакна дека Русија може да ја збрише Финска од лицето…
Претседателот на Финска, Саули Нинисто телефонски разговараше со рускиот колега Владимир Путин за плановите на Хелсинки за членство во НАТО. – Разговорот беше директен и отворен и беше воден без отежнување. Избегнувањето на тензиите се оценуваше за важно, посочи Нинисто. Тој во телефонскиот разговор со Путин истакна дека по руската инвазија драстично се променило безбедносното опкружување на Финска поради што земјата одлучила во следните денови да побара членство во Алијансата. По најавата на Хелсинки дека планира да аплицира за членство во НАТО, Финска беше исклучена од руската електрична мрежа, а Русија спроведе воени вежби во Калининград, својата енклава на Балтичкото…
На повеќе локации низ Скопје анонимни активисти денеска поставија макети од мобилни телефони на чии екрани се претставени некои од најчесто употребуваните и најштетните дезинформации пласирани во земјава. Покрај секоја од лажните вести напишана е по една народна поговорка или адаптација на народна мудрост која укажува на штетноста, неморланоста и опасноста од манипулациите врз населението. – АСНОМ е избришан од Уставот – Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!, наведено е на едната макета. – Со договорот од Преспа станавме Северномакедонци – На лагата и се куси нозете, а долги опашките!, се порачува од друга. – Путин ја…
„Борбата со говорот на омраза е неопходна во нашето општество, но воедно е и должност на секој граѓанин, кој како единка има исклучителна важност и значајна улога против дискриминацијата и обезбедување слободно и разновидно општество“. Ова беше главната порака на јавниот настан во Градскиот парк во Скопје организиран денеска во рамки на заедничката кампања на Европската Унија и Советот на Европа „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“ која се фокусира на борбата против говорот на омраза и дискриминацијата. Розите како симбол на љубовта и хармонијата беа главна тема на оваа активност која на едно место ги собра младите активости, младите европски…
НСДП денеска ја одржува седмата седница на Централниот одбор за подготовките на петтиот конгрес на партијата, кандидатурите и изборот на следниот претседател на 4 јуни, информираат од партијата. Пред настанот, организацискиот секретар и кандидат за претседател Кристијан Трајковски изјави дека ја поднел својата кандидатура и програма според сите услови и рокови предвидени со Правилникот за избор и кандидирање на претседател на НСДП кој го усвои Централниот одбор. – Иако сум единствен кој поднесе кандидатура и програма согласно Правилникот, верувам во демократскиот дух на партијата и дека ќе имаме успешни и демократски избори за претседател на партијата на претстојниот конгрес на…
При денешната посета на општина Кисела Вода во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на однесувањето на Талат Џафери во Собранието истакна дека Џафери ги навредил мајките на вработените во Собранието и не разбира зошто нема реакција поради тоа. „Па се срамам што го познавам тој човек вака да ви кажам отворено, се срамам што ете така животот ме натерал да го запознам тој човек бидејќи таму се навредува мајката на вработените кои што можеби се Македонци кои што се Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, не…
На 22 мај нема да има заедничка владина конференција со Бугарија од причина што агендите не го дозволуваат тоа. Во моментов, министерствата за надворешни работи разменуваат идеи, но нема усогласено заедничко решение кое може да биде основа за меѓусебен договор, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Решение со Бугарија, според Ковачевски, е можно единствено ако тоа се заснова на европски вредности, на принципи на задржување на достоинството на граѓаните на двете држави и на меѓусебна почит меѓу политичарите, институциите и граѓаните. – Се додека нема такво решение кое што ќе се базира на овие вредности, нема да има решение. Во моментов, како…
Собранието функционира и покрај бојкотот на дел од опозицијата. Дневниот ред на пленарната седница е усвоен, а започна и расправата за избор на уставни судии, оцени денеска премиерот Димитар Ковачевски. Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општата болница во Прилеп, Ковачевски уште еднаш повтори дека е несериозно да се бојкотира Собранието во услови на најголема светска енергетска криза и ги повика пратениците да бидат одговорни. – Во такви услови, секоја политичка партија треба да биде одговорна и да го даде максимумот за да се носат закони кои го олеснуваат секојдневиот живот на граѓаните. Не постојат закони кои не влијаат…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на меѓународниот настан „Стратешки економски разговори”, во организација на Здружението за развој на деловната мрежа на Југоисточна Европа (SEEBDN), рече дека Европската унија не смее да го заборави Западен Балкан поради кризата во Украина, напротив мора да остане фокусирана на регионот. – Северна Македонија, како и Албанија, треба да започне преговори за членство во Унијата, но исто така важно е и Украина, Грузија и Молдавија да имаат европска перспектива, додавајќи дека Европската Унија е проект на слободна трговија, слободно движење на луѓе, економски напредок, Унијата и 80 години подоцна е најдобриот повоен одговор, и затоа треба и сакаме да станеме членка…
При засилена акциска контрола на Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на државата санкционирани се 174 возачи. Според информациите од МВР, од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час поголема од дозволената. Притоа, 77 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 97 надвор од населено место. – Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР.