Author: Biljana
Промените во Комисијата за заразни болести ќе бидат во насока на проширување на нејзиниот состав со нови, професионални кадри. Промените во Комисијата за заразни болести ќе бидат во насока на проширување и дополнување на нејзиниот состав, со нови, професионални кадри од повеќе области. Во тек се дискусиите, а во таа насока денеска имав состанок со претседателот и секретарот на Комисијата, изјави за МИА министерот за здравство Беким Сали. Професионалното работење на Комисијата за заразни болести, посочи министерот, е од најголема важност, а одговорот кон потребите на граѓаните врвен приоритет. „Апсолутно го разбирам интересот на јавноста за натамошните чекори поврзани со…
Светот ги менува протоколите за заштита од Ковид-19. Откако властите во Велика Британија и Израел најавија укинување на зелените пасоши, сега и Светската здравствена организација им порача на светските лидери да размислат за повлекување на ковид сертификатите како услов за патување. Надлежните во земјава се уште не зборуваат на оваа тема, но лекарите велат дека препораките на СЗО би требало да се почитуваат и оти здравствените власти треба да размислуваат во оваа насока. Доктор Александар Петличковски, од Институтот за имунологија, во разговор за НоваТВ вели дека во овие нови услови, на ширење на омикрон мутацијата, вакцинацијата не е гаранција дека…
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз, придружувана од д-р Ерик Јановски, претставник на Канцеларијата на УСАИД (Агенција на САД за меѓународен развој) во Република Северна Македонија, како и д-р Слаѓана Србиноска, менаџер-специјалист во американската Агенција. „Амбасадорката Брнз ја потенцираше отвореноста на САД за соработка и продолжување на спроведување на реформите и системските мерки, кои се од огромна важност во квалитетната борба против корупцијата и од значење за унапредување на евроинтегративниот процес на државата“, стои во дописот од Владата. Грковска ја изразила својата…
Претседателот Пендаровски на средбата ја истакнал долгогодишната соработка со ОБСЕ и поддршката во унапредување на демократските реформи, што е од големо значење во контекст на аспирациите на државата за членство во Европската Унија. „Република Северна Македонија е позитивен пример на функционална мултиетничка демократија во однос на почитувањето и унапредувањето на правата на различните заедници, како и во пристапот на градење толеранција и доверба, во согласност со вредностите и заложбите на ОБСЕ“, истакна претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, Каират Абдрахманов. На средбата биле разменети мислења за севкупните активности на ОБСЕ во земјава…
ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работните групи со Бугарија и го повика Османи на собраниска комисија. ВМРО-ДПМНЕ нема добиено покана од Владата да има претставници во работните групи со Бугарија, а доколку и добие покана опозициската партија нема да учествува зашто така би била декор на власта и би дала легитимитет на нивното погрешно функционирање, рече партискиот портпарол Димче Арсовски. Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција, тој додаде дека собраниската Комисија за надворешни работи е местото каде што власта треба да учествува и да одговора на нивни прашања. „Ние упорно ги каниме да дојдат и да одговараат на прашања и…
Претставници на Сојузот на синдикати на Македонија и на Владата ќе одржат средба на 24 јануари. На средбата ќе се разговара за барањата на синдикатот за зголемување на минималната плата и за примената на законските измени со кои недела е прогласен за неработен ден. Од синдикатот бараат итно зголемување на минималната плата на 18 илјади денари и скалесто зголемување на сите останати плати, а нивно барање е и утврдување на правото на регрес во јавниот сектор. На средбата, како што информираат од синдикатот, ќе се разговара и за примената на законот со кој недела е прогласен за неработен ден затоа…
Министерството за образование и наука испрати допис до училиштата во наредните денови, кога и учениците се на распуст, да не се оди на работа, со цел да се заштеди енергија. Во дописот до директорите на училиштата се вели да не се организираат работни активности за наставниците, стручните соработници и административно – техничкиот кадар, освен за техничкиот кадар којшто е неопходен за обезбедување на објектите и имотот на училиштата во периодот од 20 до 26 јануари, кога се користи зимскиот одмор за учениците. „Оваа препорака се дава со цел да се намалат трошоците за енергија и за електрична енергија во училишните…
Корона пандемијата ги испразни библиотеките, а читателите наместо книга в рака се почесто читаат онлајн поради стравот да изнајмат книга оти не знаат кој друг ја читал пред нив. Дека пандемијата го намали обемот на работа на библиотеките признаваат и библиотекарите, но велат, љубителите на пишаниот збор полека се враќаат на старите навики за читање. За само неколку минути од нашето пристигнување во холот на библиотеката „Другарче“ во скопската населба Карпош, затекнавме ред од десетина читатели кои трпеливо чекаа да ги вратат прочитаните книги и да земат нови. Сепак погледот внатре беше малку поинаков. Покрај библиотекарката и убаво наредените книги,…
Поранешниот претседател на Европската комисија, Романо Проди, денеска во обраќање пред учесниците на онлајн-церемонијата на доделување на Светската награда за хуманизам ја повтори неопходноста од продолжување на процесот на проширување на Европската унија со земјите од Западен Балкан. Обраќањето тој го искористи токму да го посвети на Северна Македонија и потешкотиите со кои се соочува земјата на нејзиниот евроинтеграциски пат, особено неговото изненадување од одлуката на Франција да не даде зелено светло за отпочнување на преговорите со Северна Македонија за членство. „Сметам дека процесот на проширување на ЕУ мора да се заокружи. Европа е мешавина на германска, саксонска, словенска култура…
„Бугарија мора да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права и да признае македонско малцинство во Бугарија“, пиша поранешниот германски министер за Европа и актуелен пратеник, Михаел Рот. Рот ја поздрави денешната средба на премиерите на Бугарија и Северна Македонија, Кирил Петков и Димитар Ковачевски во Скопје. Тој на својот Твитер профил објави дека Бугарија конечно треба да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права и „да признае македонското малцинство во Бугарија“. „Многу е добро што се среќаваат новите премиери на Бугарија и на Северна Македонија. Како што Северна Македонија признава бугарско малцинство, конечно Бугарија мора…
АД ЕСМ од четврток 21 јануари ќе го преземе управувањето со БЕГ и Скопје Север за што претходно на седница одлука ќе донесе Владата, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши. „Ние не субвенционираме приватни фирми и затоа е донесена одлука од страна на ЕСМ, која е фирма во 100 процентна сопственост на државата, да се преземе управувањето со БЕГ. Во пресрет на корисниците ќе излеземе преку ЕСМ, а не преку БЕГ, како што беше претходно најавено, имајќи предвид дека не се вклучија општините и Градот Скопје за да помогнат во оваа ситуација. Преку државната ЕСМ ќе се покрива разликата…
Премиерот на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заедно со премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков положија цвеќе на спомениците на Св. Кирил и Методиј и на Св. Климент и Св. Наум Охридски во центарот на Скопје. Двајцата премиери заеднички оддадоа почит на делата на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј и на Св. Климент и Св. Наум како уште една потврда за важноста од соработката на двете држави, за зајакнување на меѓусебната доверба која се гради со заедничка работа во име на напредокот на народите во двете земји. Премиерите Ковачевски и Петков потоа се упатија преку Камениот мост и…