Author: Biljana

Децата од социјално ранливите категории кои живеат во Општина Центар ќе може да прават бесплетни стоматолошки прегледи, но и да користат услуги за поправка на заби на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Оваа соработка денеска била договорена помеѓу градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и првата дама д-р Елизабета Ѓоргиевска, која е раководител на катедрата за детска и превентивна стоматологија при Стоматолошкиот факултет на УКИМ. Повод на средбата била проширување на соработката за нега на оралното здравје, која оваа година за првпат ќе ги опфати и децата од прво до деветто одделение од социјално ранливите категории во сите основни училишта во…

Read More

Република Бугарија попушти пред едно од барањата кои го кочеа евроинтеграцискиот процес на земјава. Краткиот назив Северна Македонија веќе нема да биде пречка пред ниту една меѓународна институција. Ова на денешната средба го договориле премиерите на двете земји Димитар Ковачевски и Кирил Петков. Премиерот на Бугарија за ваквата одлука ги известил и Обединетите Нации, откако добил гаранција од македонскиот колега дека со употребата на кусото име, Северна Македонија нема територијални претензии кон делови од Република Бугарија. Двете земји најавија и формирање на работни групи од повеќе области од интерес на граѓаните во двете земји со цел унапредување на меѓусебните односи…

Read More

Република Бугарија, поради влошената епидемиолошка состојба, од среда ќе го ограничи влезот на нејзина територија за патници од Република Северна Македонија. Од МНР информираат дека согласно најновата одлука на бугарското Министерство за здравство, изменет е режимот за влез и за државјаните на Република Северна Македонија, почнувајќи од 19-ти јануари, со која се ограничува влезот за сите таканаречени не-есенцијални патувања во земјата (во исклучоците спаѓаат медицински лица, хуманитарни работници, студенти, лица со регулиран престој, делегации и слично). Од Министерството за надворешни работи велат оти се во постојана комуникација со надлежни институции во Република Бугарија со цел замена на постојното решение кое…

Read More

„Длабоко сум свесен за огромната одговорност што ќе ја имам како министер за здравство на Република Северна Македонија, особено во период во кој се соочуваме со најзголемиот предизвик – пандемијата и нејзините последици“, рече по денешното примопредавање на функцијата министерот за здравство Беким Сали. Тој вели оти, соочен со предизвиците, ќе продолжел таму каде што застанале неговите претходници, уважувајќи ја нивната работа, но и детектирајќи го она што допрва треба да биде адресирано. „Ќе сторам се што е во моја моќ здравствениот систем да биде што помалку ранлив, а што повеќе издржлив на предизвиците со кои се соочуваме и со…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз. „Амбасадорката Брнз му го честиташе изборот за премиер на Димитар Ковачевски и му посака успех во спроведувањето на програмските цели на новиот владин кабинет меѓу кои соработката со САД, како стратешки партнер на Република Северна Македонија е во врвот на приоритетите на меѓународната политика на земјата“, соопштуваат од Владата. На средбата се разговарало и за определбата да продолжи економската соработка меѓу двете земји со посебен акцент на поттикнување на проекти и инвестиции кои ќе овозможат трајна и одржлива енергетска независност…

Read More

Справувањето со енергетската и здравствената криза и подобрување на животниот стандард на граѓаните ќе биде фокусот на новата Влада предводена од мандатарот Димитар Ковачевски. Ковачевски претпладнево новиот владин кабинет го претстави пред претседателот на државата Стево Пендаровски во Вила Водно. По средбата премиерот Ковечевски зборуваше за трите приоритети на Владата, меѓу рече оти силен фокус ќе биде ставен на евроинтегративниот процес. „Клучен прв приоритет е справување со енергетската криза, која што е светска криза, но се чувствува и во Северна Македонија. Втор приоритет е задржување и подобрување на животниот стандард на граѓаните и поддршка на компаниите во светло на економската…

Read More

За еден денар се зголемува цената на бензините, а на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за денар и пол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Од полноќ во следните седум дена, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 76,5 денари, Еуросупер БС-98 по цена од 78,5 денари, а новата цена на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 69 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 1,103 денар/килограм и сега ќе изнесува 42,827 денари за килограм. Новите повисоки цени на нафтените деривати се должат на зголемувањето на цените на светските берзи во…

Read More

Германија и порача на земјава дека реформите и доброто влаеење мора да продолжат бидејќи без консеквентна борба против корупцијата ниедна земја не може да се развива. „Во однос на Северна Македонија, ЕУ стои на својот збор, сите предуслови за почетокот на пристапните преговори се исполнети и пристапните преговори со ЕУ со вашата земја и со Албанија треба да започнат. За нас и понатаму е важно, билатералните прашања мора да бидат билатарално решени и тоа независно од пристапниот процес со ЕУ“, рече министерката за Европа и клима на Сојузна Република Германија Ана Лирман, која на денешниот прв работен ден на новоизбраната…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска ја прими министерката за Европа и клима на Сојузна Република Германија Ана Лирман.  Тој изрази задоволство што на неговиот прв работен ден како премиер остварува средба со претставничка на Владата на земја којашто е докажан пријател на Република Северна Македонија и искрен и силен поддржувач на европските интеграции на нашата земја. На состанокот со министерката Ана Лирман, на кој присуствуваше и министерот Бојан Маричиќ, премиерот Ковачевски изрази благодарност што новоизбраната влада на СР Германија, предводена од канцеларот Олаф Шолц, го стави проширувањето на ЕУ со Западен Балкан високо на нејзината…

Read More

Денеска во кругот на Министерството за одбрана се одржа свечено примопредавање на функцијата министер за одбрана. „Пред мене стои сериозен предивзик, да го сочувам она што досега е постигнато и да бидам политички двигател во процесите што ни претстојат“, рече новата министерка за одбрана, Славјанка Петровска, која денеска и официјално ја презеде функцијата од нејзината претходничка, Радмила Шеќеринска. Шекеринска доби плакета како признание за придонесот во Армијата на Република Северна Македонија.

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ана Лирман, државна министерка за Европа во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Честитајќи ѝ за преземањето на функцијата, претседателот Пендаровски оцени дека посетата на министерката Лирман набрзо по нејзиното именување, ја демонстрира јасната посветеност на германските власти за аспирациите на државите од Западен Балкан за членство во Европската Унија. Претседателот Пендаровски се заблагодари што проширувањето на Европската Унија и Западниот Балкан се меѓу клучните приоритети на новата Влада на канцеларот Олаф Шолц. Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија останува посветена на европската агенда и го реафимираше очекувањето за скорешен почеток…

Read More