Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Почесниот претседател на ВМРО, Красимир Каракачанов, поранешен вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија за БНТ изјави дека околу 24 мај дел од владата на чело со премиерот Кирил Петков и партијата „Продолжува промената“ ќе направи национално предавствo. – Имате одлука на бугарската влада од 2019 година, одлука на парламентот од 2019 година, одлука на Советот за национална безбедност под претседателот од 2020 година, имаше и одлука на Советот во јануари оваа година. Бугарскиот став е јасен: компромиси за темата Македонија не се прават додека не се промени политиката на Скопје кон Бугарија – категоричен е Каракачанов. Тој нагласи дека за…
Скопската полиција извршила контроли во угостителски објекти и од слобода лиши 12 лица, од кои 11 од Скопје и едно од Охрид, бидејќи кај нив е пронајдена дрога, информира МВР. Кај седум лица е пронајдена марихуана, кај четворица бела прашкаста материја, а кај едно и марихуана и кокаин. Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен поднесок по член 215 од Кривичниот законик, велат од МВР.
Повеќе од 700.000 луѓе кои избегале од војната во Украина дошле во Германија, објави денеска германскиот весник „Велтам Зонтаг“, цитирајќи го Министерството за внатрешни работи. Од почетокот на војната во Украина до 11 мај во германскиот Централен регистар за странци се регистрирани 727.205 лица, меѓу кои 93 отсто се лица со украинско државјанство. Се наведува дека некои можеби заминале во други земји на ЕУ или се вратиле во Украина. Околу 40 отсто од украинските бегалци се малолетни, а жените сочинуваат 81 отсто од возрасните бегалци. Бројот на луѓе кои ја напуштиле Украина надмина шест милиони, што е најголемата бегалска криза…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на маргините на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, во Берлин, оствари средба со министерот за надворешни работи на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ. Упатувајќи честитки за формирањето на новата Влада на Црна Гора и за изборот на Ранко Кривокапиќ на функцијата министер за надворешни работи, Османи ги потенцираше одличните традиционални партнерски и пријателски односи меѓу двете земји, изразувајќи уверување дека ова партнерство продолжува и во наредниот период. „Северна Македонија и Црна Гора имаат исклучително добра и интензивна соработка, но и разбирање во однос на заокружувањето на нашите взаемни стратешки…
Австриските власти повеќе нема да бараат потврда за вакцинација или заболување од ковид-19 при влез во земјата, како дел од промената на одредбите што ќе стапат на сила задутре. И патниците повеќе нема да треба да покажуваат негативен тест за ковид-19, според новите измени на прописите на Министерството за здравство од вчера. Теоретски, оние кои доаѓаат во земјата од области каде што постојат варијанти на коронавирус треба да подлежат на одредени услови, но ова правило во моментов не се однесува на ниту една земја.
Илјадници луѓе се собрале на улиците на Ерусалим за да присуствуваат на погребот на познатата палестинска новинарка Ширин Абу Акле, која е убиена во средата додека известувала за воената рација во градот Џенин на Западниот брег. Израелската полиција употребила солзавец и пендреци поради што на кратко луѓето го испуштија ковчегот, пренесува CNN. Стотици луѓе пред погребот се собрале пред болницата Праведен Јосиф во источниот дел на Ерусалим, каде се наоѓало телото на Абу Акле. Муслиманите имале молитва, а ожалостените извикувале „пешки, пешки”, барајќи ковчегот со новинарката да се пренесе пешки од болницата до Грчката православна црква. Кога го изнеле ковчегот на…
Фингрид, финскиот национален мрежен оператор, потврди за Скај њуз дека повеќе нема струја што доаѓа од Русија. Реима Паивинен, виш потпретседател на Фингрид, рече дека се „убедени дека нема да има големи проблеми“, а се очекува Шведска да помогне. Електричната енергија од Русија сочинува околу 10 отсто од вкупната потрошувачка на Финска. Ова дојде откако Финска потврди дека ќе поднесе барање за членство во НАТО.
Конфликтот против Русија ќе достигне пресврт до средината на август и ќе заврши до крајот на годината, изјави шефот на украинската воена разузнавачка служба. Во интервју за Скај Њуз, генерал-мајор Кирило Буданов изјави дека во Русија е во тек пуч за смена на Владимир Путин, но и дека рускиот лидер е „сериозно болен и боледува од рак“. – Пресврт ќе биде во втората половина на август. Најголем дел од активните борбени акции ќе бидат завршени до крајот на оваа година. Како резултат на тоа, ќе ја вратиме украинската моќ на сите наши територии што ги загубивме, вклучително и Донбас и…
Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО овој викенд ќе се состанат во Берлин за да разговараат за долгорочна стратегија за Русија и можниот влез на Финска и Шведска. Геополитичкото влијание на НАТО нагло се зголеми по руската инвазија на Украина и наскоро би можело да добие нови членки. Владејачката Социјалдемократска партија во Финска денеска ќе го објави својот став за евентуалното пристапување во НАТО. Финскиот државен врв во четвртокот објави дека Финска мора да поднесе барање за членство во НАТО „без одлагање“. Шведските владејачки социјалдемократи во недела треба да одлучат дали ќе се откажат од децениското противење…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека разговорите со Русија за спасување на ранетите ветерани од фабриката Азовстал во Мариупол биле многу сложени и дека Киев користи „влијателни посредници“. Украина предложи евакуација на 38 најтешко ранети ветерани, а доколку Москва им дозволи, Киев вели дека ќе ослободи голем број руски воени заробеници. „Во моментов се водат преговори за следната фаза од мисијата за евакуација – отстранување на тешко повредените, медицинските лица. Станува збор за голем број луѓе. Се разбира, правиме се што можеме за да ги евакуираме сите други, секој од нашите бранители. Веќе ги вклучивме сите ширум светот кои би…
Страв и адреналин беа дел од чувствата на првите посетители по стапнувањето на најдолгиот висечки мост во светот, кој се протега над планинска долина во Чешка. „Дојдовме овде затоа што го сакаме адреналинот“, рече планинарката Михаела Клестилова кога се приближуваше до мостот долг 721 метар, кој виси 95 метри над земјата на неговата највисока точка и беше отворен во петокот. Мостот го доби името Скај Бриџ 721 (Sky Bridge 721), а изградбата, чија вредност е 200 милиони куни, траеше две години. „За мене ова е одличен поглед“, рече Михал Хофирек, првиот посетител на мостот. Се наоѓа на повеќе од 1.100 метри…
Скопје и Софија продолжуваат со разговорите за изнаоѓање решение за спорните прашања со цел деблокада на нашите евроинтеграции. Македонија смета дека е можно фер решение, но нагласува дека на потег е Бугарија и посакува процесот да се заокружи со сеопфатен документ, со јасно утврдени обврски на двете страна. Бугарската страна потврдува дека се преговара, но посочува дека ништо конкретно нема да биде потпишано на 22 мај, за кога е најавена посета на бугарска делегација на Скопје. Во исто време, од Ке Д’Орсеј стигна порака дека во случај на договор меѓу Скопје и Софија, Франција е решена да организира меѓувладини конференции…