Скопската полиција извршила контроли во угостителски објекти и од слобода лиши 12 лица, од кои 11 од Скопје и едно од Охрид, бидејќи кај нив е пронајдена дрога, информира МВР.

 Кај седум лица е пронајдена марихуана, кај четворица бела прашкаста материја, а кај едно и марихуана и кокаин.

Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен поднесок по член 215 од Кривичниот законик, велат од МВР.