Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Владата на својата Фејсбук страница објави дека ги донесе Одлуките за измена на распоредот на средствата во посебниот дел утврден со Буџетот и за одобрување на тие средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година за реализација на мерките за справување со кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија. „Одлуките се донесени за реализација на мерките за обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија, заради справување со кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија. Дополнително, Владата ги задолжи сите институции во надлежност на извршната власт од сопствените буџетски сметки и програми предвидени за набавка на електрична енергија, веднаш…
50 отсто од договорената количина на тутун е веќе откупена, вели претседателот на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ, Гоце Георгиевски. Според него, заклучно со 4 јануари 2022 година откупени се 10.522 тони на сите 173 откупни пунктови, со просечна цена од 191 денари од вкупно договоренaта количина од 22.137 тони. „За да нема никакви неправилности и малверзации при откупот, од самиот почеток на откупот Државниот инспекторат за земјоделство е постојано на терен, и ќе биде присутен се до завршување на откупот. За реколтата 2021 склучени се 27.650 договори, за очекувано производство на околу 22.137 тони суров тутун…
Повод за посетата е 30-годишнината од признавањето на независната македонска држава од страна на Бугарија. Бугарската Влада соопшти дека премиерот Кирил Петков на 18 јануари ќе ја посети Република Северна Македонија. Петков ќе биде придружуван од министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, како и од министерот за транспорт и врски, Николај Сабев. Утрово и македонското МНР информираше дека висока делегација од Република Бугарија предводена од премиерот Петков на 18 јануари ќе ја посети земјава. Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на соопштението од бугарската Влада, посетата ќе означи нов почеток во развојот на билатералните односи меѓу…
МВР демантира дека поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев избегал со авион што во Киргистан слетал од Северна Македонија. Дезинформација е дека поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев избегал со авион што во Бишкек, Киргистан слетал од Северна Македонија, велат за МИА од МВР. Директорот на АЦВ Томислам Тунтев за МИА изјави дека на 7 јануари имало лет од Скопје за аеродромот Манас во Бишкек, при што авионот дошол од Истанбул и заминал за Бишкек. Тој појасни дека станува збор за најавен и одобрен бизнис лет со авион од типот „бомбардиер глобал експрес“ од турски оператор што ги исполнува сите…
Развојот на финтек-секторот ќе придонесе за зголемување на конкуренцијата, што од своја страна ќе доведе до поголем и полесен пристап за граѓаните до нови видови финансиски услуги, но и до поевтини финасиски услуги. Народната банка презема повеќе активности за создавање околина во која ќе се развива финтек-секторот, меѓу кои и изработка на платформа за соработка со иновативната деловна заедница ‒ Порта на иновации, прва национална финтек-стратегија и соодветна регулативна рамка, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во изјава за МТВ. „Како централна банка преземаме повеќе видови активности. Пред неколку години ја отворивме Портата за иновации, платформа за комуникација помеѓу…
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски изрази сочувство до семејството на професионалниот војник на АРСМ кој вчера почина во болница во Приштина. „Изразувам длабоко сочувство до семејството по повод ненадејната смрт на припадникот на нашата Армија кој беше дел од мисијата во Косово. Армијата загуби свој припадник, колега и војник кој посветено и служеше на нејзината мисија. Вечен спомен, нека почива во мир“, напиша Пендаровски на социјалните мрежи. На професионалниот војник И.Ч (44), кој беше во состав на контингентот на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата КФОР, вчера во текот на попладневните часови му се слошило, по што…
Македонските држвајани кои се наоѓаат во Казахстан се на безбедни локации, информираат од МНР. Министерството за надворешни работи редовно ја следи состојбата во Казахстан и преку нашата Амбасада во Нур – Султан е во постојана комуникација со нашите државјани кои се наоѓаат во земјата. И покрај честиот прекин на интернет и телекомуникациските мрежи, сепак се остварува редовен контакт со нашите државјани, кои се наоѓаат на безбедни локации. Засега само двајца наши државјани се обратиле до амбасадата, поради ситни потреби на чие барање е веднаш одговорено, но, ниту еден од спонематите не се наоѓа во загрозена состојба. Остануваат во сила препораките…
Три од повеќето дадени изјави на српскиот претседател Александар Вучиќ во текот на 2021 година ја посочуваат надворешната политика на Србија кон Северна Македонија. Србија во 2021 година покрај евроинтегративните процеси, дијалогот со Косово и реформите, на надворешно-политички план имаше напнати односи со Хрватска, БиХ, Црна Гора, Косово, а единствен сосед со кој односите се развиваа кон градење на најдобри можни односи, беа односите со Северна Македонија. „Разговаравме со Северна Македонија во рамките на т.н. мини Шенген. Ние можеме да бидеме среќни само ако и соседите се среќни и задоволни. Вакцините за Северна Македонија се пријателски и братски потег“, изјави…
Висока делегација од Република Бугарија, предводена од новоименуваниот премиер Кирил Петков на 18 јануари ќе пристигне во официјална посета на Република Северна Македонија. Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија известува дека висока делегација од Република Бугарија предводена од премиерот Кирил Петков ќе пристигне во Скопје, на 18 јануари. Во придружба на бугарскиот премиер ќе биде и министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, како и министерот за транспорт и врски, Николај Сабев. „Посетата е планирано да се реализира веднаш по стапувањето во функција на новата Влада на Република Северна Македонија, со што двете држави сведочат за важноста која ја…
Поради брзото ширење на Омикрон сојот на Ковид -19, во моментов во светот се активни над 300 милиони случаи. Вкупниот број на регистрирани случаи на Ковид-19 во светот надмина 300 милиони. Брзото ширење на сојот Омикрон постави нови рекорди за инфекција во десетици земји во текот на минатата недела. Во изминатите седум дена, 34 земји го регистрираа својот најголем број неделни случаи од почетокот на пандемијата, вклучувајќи 18 нации во Европа и седум во Африка. Дури и кога беа пријавени 13,5 милиони случаи во изминатата недела, 64 отсто повеќе од претходните седум дена, просечната глобална стапка на смртност падна за…
На професионалниот војник му се слошило по што бил веднаш пренесен во болница во Приштина, каде починал, најверојатно како последица од срцев удар. Во болница во Приштина вчера околу 18:15 часот ненадејно почина професионалниот војник И.Ч (44), кој беше во состав на контингентот на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата КФОР, соопшти Генералштабот на Армијата. На професионалниот војник кој извршувал должности во водот за обезбедување во командата на КФОР-запад во Пеќ, во текот на попладневните часови му се слошило, по што веднаш откако бил забележан од присутните е пристапено кон пружање прва помош од страна на надлежната санитетска служба…
Со само 16 години, Пол Ванер стана најмал фудбалер во германската Бундеслига. Германскиот фудбалер Пол Ванер стана најмладиот играч на клубот на натпревар од Бундеслигата. Тој синоќа со 16 години и 15 дена дебитира за баварскиот гигант на средбата со Борусија Менхенгладбах во натпреварот од 18. коло на шампионатот во Германија. Ванер во игра влезе во 75. минута но не успеа да му помогне на својот тим да го избегне поразот (1:2). Претходно, најмлад фудбалер на Баерн на меч од Бундеслигата беше Џамал Мусиала со 17 години и 115 дена. Ванер оваа сезона одигра 17 натпревари за младинскиот тим на…