Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа редовната 100-та седница со единствена точка на дневен ред на која беше разгледана Информација за надминување на актуелната состојба во врска со издавање на обрасците на новите лични карти. „Владата на РСМ на денешната седница го прифати предлог решението на МВР за проблемот со лични карти. МВР од утре продолжува со печатење и издавање на лични карти со новите обрасци“, објави на Фејсбук министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Соодветно на информацијата, Владата го задолжи Министерот за внатрешни работи да ги преземе сите потребни активности за донесувањето на подзаконски пропис согласно овластувањето…
Вкупно, Барти има 38 победи на 45 натпревари во 2021 година. Првиот светски рекет Ешли Барти во четвртфиналето на турнирот во Синсинати ја победи шампионката на „Ролан Гарос“ Барбара Крејчикова со 2-0, по сетови, 6:2 и 6:4. Победничката на Вимблдон, го одигра својот 15. натпревар против тенисерки од Топ 20 оваа сезона и ја забележа 14-та победа. Единствениот пораз и го нанесе Арина Соболенко во финалето на турнирот во Мадрид. Во натпреварите со најдобрите 10, билансот на Австралијката е 7:1. За Барти, полуфиналето во Синсинати е шесто на ВТА турнирите оваа сезона. Таа ги доби сите претходни. Во полуфиналето таа…
Од ТАВ Македонија апелираат до патниците да ги почитуваат превентивните мерки против КОВИД-19 што се применуваат во аеродромската терминална зграда. На аеродромите во државава од синоќа во 21 часот влез во аеродромските терминални згради е дозволен само со приложување: сертификат за извршена вакцинација протов Ковид-19, односно примена најмалку прва доза на вакцина, или сертификат / потврда за прележан Ковид во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето или медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест не постар од 72 часа, или брз антиген тест не постар од 48 часа, пред влегување. Ова не се однесува на лица под…
Заменик-државната секретарката на Стејт Департментот Шерман до Заев: Вие сте доверлив партнер на САД
САД ја поздрави заложбата на Северна Македонија како потврден и доверлив партнер во хуманитарната мисија во Авганистан. Премиерот Зоран Заев попладнево оствари работна средба со заменик-државната секретарката на Стејт Департментот на САД – Венди Шерман, на кој беа присутни и останатите сојузници како и претставници на НАТО. На состанокот била разгледана моменталната безбедносна состојба во Авганистан и биле утврдени механизмите за евакуација на миротворното население кое 20 години ја негуваше демократијата во Авганистан. „Премиерот Заев ги информираше Сојузниците дека Северна Македонија ги заврши сите неопходни подготовки и ги подготви протоколите со кои Владата на Република Северна Македонија во овој момент…
Годинава фестивалот ќе трага по одговор на прашањето „Што сега?“, а се очекува селектираната филмска програма да понуди широк спектар на одговори. Симболичниот поздрав на екипата на МакеДокс со високо крената главица кромид во рацете го означи почетокот на филмската програма на 12. издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. „И дури копнееме да видиме како се разлистуваат крошните другде, неминовно се прашуваме накаде одиме – секој одделно и сите заедно. Но, прво мора да се сетиме каде бевме – и да им се навратиме на корените за да се потсетиме што ни даде сила да стигнеме дотаму“, загатнува…
Осумнаесет годишниот Педри е обврзан на соработка со Барселона до 2022 година. Барселона има намера да му понуди нов договор на играчот од средниот ред Педри. Каталонскиот клубот е задоволен од напредокот на играчот од средниот ред и сака да го награди со нов договор. Барселона сака да потпише договор со играчот до 2026 година под подобрени услови, што вклучува значително зголемување на платата и зголемување на висината на надоместокот, тврди „ Diario Sport“. Самиот Педри е подготвен да го обнови договорот. Неговиот агент веќе неформално разговараше на оваа тема со раководството на Барселона. Се очекува клубот да даде официјална…
Барака во скопската населба Пржино попладнево изгоре во пожар. Брза интервенција на Противпожарната единица на Град Скопје спречила поголемо ширење на огнот. Во огнената стихија повреден е соственикот кој се обидел да го гаси пожарот. Од Противпожарната бригада на Град Скопје за МИА информираат дека интервенирале со шест возила и 18 пожарникари и оти пожарот веднаш бил изгасен со што се спречило огнот да биде префрлен кон околните куќи.
Триесетина наши граѓани, кои беа сместени во воената база на САД во Доха, Катар, успешно се трансферирани во Истанбул, Турција, од каде се очекува да се упатат кон Скопје, информираат од Министерството за надворешни работи. Авионот со којшто е предвидено да пристигнат, се очекува да слета во 19:50 часот, по локално време на Меѓународниот аеродром Скопје. На координативниот состанок што се одржа попладнево во Владата од Министерството за надворешни работи информираа дека сите македонски граѓани се безбедно евакуирани од Авганистан и оти се очекува многу скоро да пристигнат дома во Северна Македонија.
Вирџил ван Дајк учествуваше на натпреварот од првото коло во Премиер лигата против Норвич (3:0). Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ги сподели своите размислувања за враќањето на дефанзивецот Вирџил ван Дајк кој закрепна од повредата. „Не бев изненаден. Тој имаше четири и пол недели тренинзи пред почетокот на сезоната. Играше исто како што тренираше, така што ние сме многу среќни што го имаме назад“, изјави Клоп за „Би-Би-Си Спорт“. Во сезоната 2020/21, Ван Дајк одигра осум натпревари за „црвените“ и постигна еден гол. Играчот немаше официјален натпревар од октомври 2020 година поради повреда на коленото на натпреварот против Евертон. На…
Во Подрачното одделение на ДИК во Карпош, во влезната врата на објектот, ставена е пристапна рампа која ќе овозможи пристап во објектот. Државната изборна комисија (ДИК) денеска соопшти дека со цел овозможување на целосно остварување на правата на сите граѓани кои сакаат да дадат поддршка за некоја независна листа во постапката за собирање на потписи, вработените во подрачните одделенија и канцеларии на Комисијата што се сместени во простории каде нема услови за пристап на лица со попреченост, се задолжуваат да им овозможат на овие лица да го остварат ова право надвор од просторијата односно пред објектот каде што се наоѓа…
Пет битолчанки ќе се натпреваруваат на Светското првенство во куглање во Словенија. Непосредно пред заминувањето на Светското првенство во куглање за натпреварувачки до 18 години, кое викендов започнува во Словенија, градоначалничката Наташа Петровска се сретна со македонските репрезентативки и нивниот тренер, при што им посака многу успеси во тамошните натпревари. Девојките, заедно со тренерот Игор Михајловски, изразија посебна благодарност до градоначалничката Петровска за создадените услови за тренинг и поддршката која ја добиваат од општината. За прв пат во историјата на овој спорт, македонската репрезентација е составена само од натпреварувачки од Битола.
Денеска во Владата се одржа координативен состанок со сите вклучени чинители во големата хуманитарна меѓународна мисија за спасување на цивилно мирољубиво население од Авганистан. Премиерот Заев во лично име и во име на Владата изрази огромна благодарност до сите организации и институции кои се вклучени во оваа глобална живото-спасувачка мисија во која Северна Македонија се вклучува како предводник заедно со неколку земји од регионот и со своите сојузници од НАТО, a со која се евакуираа сите македонски граѓани од територијата на Авганистан и со која се спасуваат граѓани од локалното население од демократските мисии во земјата. Владата на Република Северна…