Author: Blerina Tahiri
Во јавноста, полека но сигурно се смири тензијата, што пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов ја предизвикаа со својот вандалски чин, кршејќи опрема во Собранието.
Пишува: ДРАГАН МИШЕВ Ќе дојде ли шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров идната недела на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје? И дали воопшто треба да дојде? Дали Министерот за надворешни работи на земјата агресор која претставува најголем ризик за безбедноста во Европа и во светот треба да присуствува на Самит на Организација задолжена за безбедноста и почитување на човековите права? Дополнително, дали воопшто треба да добие покана од земја за која има непријателски став (Русија ја стави Северна Македонија на листата непријателски земји) и константно се меша во нејзините внатрешни работи и евроатлантски аспирации?
Главната управа за разузнавање (ХУР) на украинското Министерство за одбрана објави успешна специјална сајбер операција, во рамките на која се добиени голем број доверливи документи на структурната единица на руското Министерство за транспорт – Федералната агенција за воздушен транспорт (Росавијација). ХУР ова го соопшти во објава на Фејсбук, пренесува Укринформ.
Неколку истражувачи на OpenAI му напишале писмо на бордот на директори предупредувајќи за моќно откритие за вештачката интелигенција што може да го загрози човештвото, објави Ројтерс.
Малолетник утрово во 08:15 часот пред Техничкото училиште во белградската населба Железник избодел друго шеснаесетгодишно младо лице, потврдено е во МВР, јави дописникот на МИА од Белград. Малолетниот сторител е приведен и во моментов се сослушува во полицијата. Другото момче веднаш било пренесено во Ургентен центар и ученикот сега е во стабилна состојба. Од Техничкото училиште соопштија дека инцидентот не се случил во самото училиште, туку во негова близина. -Нападот се случи во близина на училиштето, на 100-тина метри и пред почетокот на наставата. Исто така, и повредените и напаѓачот се ученици на нашето училиште, велат од оваа образовна институција.…
Прекумерната употреба на антибиотици опасно ја поткопува нивната ефикасност и ја зголемува отпорноста која може да биде одговорна за 10 милиони смртни случаи годишно во светот до 2050 година, предупреди европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО).
Во Брисел денеска продолжува дијалогот на земјите од Западен Балкан со Европската унија, за Планот за раст на Западен Балкан. Делегацијата од РС Македонија, која ќе учествува на билатералните состаноци во Брисел ја предводи министерот за финансии Фатмир Бесими.
Модернизација и воведување нови гранични премини, Маркова нога и Клепало, како и целосна дигитална трансформација со воведување на нов граничен бизнис хаб за вршење на целиот увоз, извоз и транзит од едно место, најавува директорот на Царинска управа, Стефан Богоев во интервју за Извоз.мк. Во интервјуто, директорот Богоев вели дека Царинската управа, интензивно работи на проектите за изградба на нови гранични премини, на Маркова нога со Грција и на Клепало со Бугарија. За изградба на овие гранични премини веќе се обезбедени средства од Европската Унија. Воедно како што потенцира ќе се модернизираат и реконструираат и граничните премини Деве Баир и Ќафасан.…
Струјата нема да поскапи, ниту по 1 јануари, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Според него, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе може да интервенира во цената, ако се утврди дека пресметките не се направени како што треба.
Актуелниот градоначални на Велес од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марко Колев, иако во кампањата за локалните избори 2021 година кога и го презеде раководството на општината, на граѓаните им вети 213 проекти, две години подоцна овие ветувања останаа само напишани на хартија. Изминатите две години од мандатот на локалната власт на ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Марко Колев резултират со НУЛА резултати. Иако не реализираа ништо од ветеното, Колев и ВМРО-ДПМНЕ удрија по џебот на велешани и ги поскапеа сметките на локално ниво. На велешани локалната вас на ВМРО-ДПМНЕ им ги поскапи цените за собирање на отпад за 100 %. „Улиците во Велес се постојано во…
Тензиите во албанското собрание предизвикаа големо внимание не само во медиумите, туку и кај меѓународната заедница. По американската амбасада, апел за дијалог меѓу партиите упати и делегацијата на ЕУ во Тирана.
Портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи изјави дека разговорите за заложниците со посредство на Доха „напредуваат“ и оти точното време за почеток на примирјето ќе биде објавено во наредните часови.
