Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Blerina Tahiri
Бројот на убиени жени и девојки во светот во 2022 година се искачи на највисоко ниво во последните 20 години, соопштија Обединетите нации.
Бројот на новинари убиени во конфликтот меѓу Израел и Хамас од 7 октомври е зголемен на најмалку 53, соопшти Комитетот за заштита на новинарите, пренесува Си-Ен-Ен. Бројот на загинатите се состои од 46 Палестинци, четворица Израелци и тројца Либанци, се вели во соопштението на Комитетот во вторник. Последните новинари кои ги загубија животите беа репортер и фоторепортер и двајцата работеа за либанскиот медиум Ал Мајадин. Тие беа убиени во израелските напади врз јужен Либан во вторникот, се вели во соопштението на Ал Мајаден. Од израелската војска соопштија дека го разгледуваат инцидентот. Групата за застапување на новинарството вели дека конфликтот од 7 октомври…
Нашата домашна задача е да продолжиме да работиме забрзано и посветено до целосно интегрирање во ЕУ, како што тоа го направивме со интегрирањето во НАТО Алијансата. Членството во ЕУ е наша цел и ние немаме друга алтерантива, потенцираше премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција по завршувањето на неформалниот состанок на лидерите на НАТО сојузниците од регионот. Ковачевски информираше дека со соговорниците разговарале за актуелните прашања за регионот и за посветеноста на Алијанса кон неговата стабилност и безбедност. Како што посочи, на состанокот разговарале за предизвиците кои се поврзани со регионалната безбедност, меѓутоа и со сајбер безбедноста, како прашање со кое…
Нема да има промена на опсегот на четирите блок-тарифи за електричната енергија на регулираниот пазар и покрај забелешките на ММФ. Ова вчера во емисијата „Отворено 24“ на ТВ 24 го потврди претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски. – РКЕ го носи тарифниот систем и кажува во кој опсег ќе се блок-тарифите. Да, има забелешки од ММФ дека блоковите треба да се намалат, но одговорно тврдам – блоковите и нивниот опсег нема да се намалат. Не е тоа решение. Блоковите даваат резултати. Воведената реформа има ефект и има заштеди од 16 отсто. Дури и тоа што беше потопла зимата…
Предлог-законот за „заштита на националниот суверенитет“ кој синоќа го поднесе унгарската Влада, според кој се планира криминилазација на странското финансирање на политичките партии и да воспостави надзорно тело за навладините организации, противниците на партијата Фидес на Орбан го сметаат за уште еден нелиберален потег за замолчување на критиките и за слабеење на опозицијата пред европските избори во 2024 година. Унгарската владејачка партија во вторникот поднесе нацрт-акт за кој владата тврди дека ќе ја ослободи политиката на земјата од странски пари, но опозициските партии се согласуваат дека е дизајниран да ги неутрализира критиките пред изборите за Европскиот парламент во јуни 2024 година…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да го слушне „мировниот план“ предложен од поранешниот американски лидер Доналд Трамп, но Украина нема да ѝ ја отстапи својата територија на Русија, пренесе Укринформ. „Подготвен сум да го слушнам Трамп. Ако има многу конкретен „мировен план“, може да го сподели со мене. Да, можеме да ја запреме оваа војна ако и ги дадеме на Русија Донбас и Крим. Според мене, нашата земја нема да биде подготвен за таков мировен план. И ова не е мировен план“, рече Зеленски. Трамп претходно изјави дека ако победи на претседателските избори во САД во 2024 година,…
“Снаоѓајте се. Од 28 ноември нема да ви бидат продолжени договорите за вработување”. Вака накратко би гласело писмото кое го добиле вработените од ЈП Водовод и канализација Скопје од страна на менаџментот. Претпријатието нема пари за да исплаќа плати на времено вработените, а агенцијата преку која се ангажирани го потрошила буџетот. Инаетот на ВМРО ДПМНЕ и советниците од оваа партија во градот Скопје и членовите на УО кои се именувани од истиот совет, а сè со поддршка од ВМРО ДПМНЕ, кој го водат со градоначалничката Данела Арсовска ќе остави на улица 60 вработени, а Скопјани би можеле да останаат и…
Папата Франциск денеска одвоено се сретна со израелските роднини на заложниците кои ги држат Хамас и Палестинците со семејствата во Газа и рече дека конфликтот отишол подалеку од војната и станал „тероризам“. Состаноците и коментарите на папата дојдоа неколку часа откако израелската Влада и Хамас се согласија за прекин на огнот во Газа за најмалку четири дена, што ќе овозможи да пристигне помош и да се ослободат најмалку 50 заложници кои ги држат милитантите во замена за најмалку 150 Палестинци затворени во Израел. Говорејќи без пишан текст на општата аудиенција денеска на плоштадот „Св. Петар“, набрзо по состаноците во раните…
По две години владеење на Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ како градоначалник на Охрид, ветените проекти му останаа само на хартија. Актуелната локална власт на Охрид ги зголеми цените на услугите по јавните претпријатија. Поради оваа „социјална“ мерка на ВМРО ДПМНЕ и Пецаков охриѓани плаќаат над 40% повисоки сметки за паркинг, за гробарина за 75%, а за градски пазар за 35% повеќе од претходно. Од друга страна резултатите од ветените проекти се НУЛА. Поради ова незаинтересираност на локалната власт и ВМРО-ДПМНЕ за Охрид, владата предводена од СДСМ водејќи сметка за сите граѓани подеднакво вложи 6 милиони евра во охридското образование. Долгот…
Секоја година, на 21 ноември, во Украина се одбележува Денот на Достоинството и Слободата, токму на овој ден со интервал од девет години започнаа два судбоносни настани за Украина: Портокаловата револуција од 2004 година и Револуцијата на Достоинството во 2013 година.
Од Мисијата на ОБСЕ на Косово соопштија дека го добиле писмото од премиерот Албин Курти, преку кое тој ја изразува потребата од специјален договор за да им се овозможи на косовските Срби да го остварат своето право на глас на српските избори, кои се очекува да се одржат на 17 декември. Во Косово, за десет месеци се извршиле напади врз 120 полицајци, според статистичките податоци на косовската полиција. Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес. Во продолжение се темите од денешниот избор. Зери: ОБСЕ го…
По средбата со семејствата на Израелците кои ги милитантната група Хамас ги држи како заложници во Газа, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја истакна својата посветеност за обезбедување на нивното ослободување, нарекувајќи го „света и врвна мисија”.