Author: Blerina Tahiri
Четиридневната работна недела го подобри здравјето на работниците намалувајќи го нивниот стрес, истовремено намалувајќи ја и емисијата на штетни гасови и имаше корист за децата, покажа пилот-програмата спроведена во Валенсија, а претставена синоќа.
На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ минатата недела е изведен комплициран оперативен зафат – реконструкција на горен екстермитет на 44-годишен маж кој бил повреден со огнено оружје. Како што соопшти Клиниката, направена е трансплантација на подлактица со коскено ткиво од донор.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ќе биде домаќин на австрискиот покраински министер за европски и меѓународни прашања, образование и човечки ресурси на Штаерска, Вернер Амон.
Во нападот врз болница во Газа загинаа стотици Палестинци, со што се продлабочија тензиите на Блискиот Исток и се зголемија влоговите за американскиот претседател Џо Бајден, кој денеска замина за Израел за да изрази поддршка за неговата војна против Хамас. Се очекува да пристигне во Изреал во 10 часот по локално време.
„Кога почнавме со претседавањето имавме еден воспоставен принцип: no business as usual – оваа година. Не може да разговараме за обичните теми на ОБСЕ во смисла на сеопфатната безбедност. Кога ви се рушат темелите на организацијата тогаш мора да се фокусирате на тоа, а овде во Украина баш тоа се случува: руската агресија врз Украина ги руши принципите на меѓународниот поредок“, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој е во посета на Кијив. Османи истакна дека Украина беше топ приоритет на нашето претседавање на ОБСЕ, затоа што тука се утврдува или се руши иднината на пристапот на ОБСЕ во…
Постигнувањата во рамки на Берлинскиот процес и влијанието на иницијативата врз регионалната соработка, нејзината важност во заокружувањето на европската интеграција, како и билатералните односи, ќе бидат во фокусот на Самитот на лидери на Берлинскиот процес што се одржува денеска во Тирана и на кој учествуваат премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
Седумдесет и едногодишен маж од Илиноис е обвинет за убиство на шестгодишно момче и повредување на 32-годишна жена во, како што наведе полицијата, злосторство од омраза поради што биле муслимани и поради војната помеѓу Израел и исламистичката група Хамас.
Секој потег на Израел повторно да го окупира Појасот Газа би бил „голема грешка“, рече американскиот претседател Џо Бајден во интервју за Си-Би-Ес, додека израелските трупи се подготвуваат за копнена инвазија.
Египет, Израел и СAД се договорија за прекин на огнот во јужниот дел на Газа со почеток во 8 часот по средноевропско време (9 часот по локално време), што треба да се совпадне со повторното отворање на граничниот премин Рафах меѓу Газа и Египет.
Единаесет светски етаблирани состави од САД, Европа, Бразил и Северна Македонија ќе ја претстават својата музика во Националната опера и балет и во МКЦ во рамки на 42. издание на Скопскиот џез фестивал, кој ќе се одржи од 19 до 22 октомври.
Пишува: Емилија ЦЕЛАКОСКА Една важна работа заради која образованието служи е воведувањето на човекот од мали нозе во свет кој не е дихотомно црно-бел. Во процесот на „анти-дихотомизирање“, притоа, многу се потпира токму на дихотомизирањето, бидејќи е најпроста техника на категоризирање – бинарна. На пример, тоа се ситуациите кога треба да се направи разлика што е точно, а што не е, што е различно од нешто друго, правење на одлуки во самиот процес на учење кои преовладувачки често се сведуваат на избор меѓу две опции, но и понатаму, итеративно меѓу други две опции, итн. Овој процес е напорен, бидејќи иако…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска не престанува со разрешување на директори под нејзина надлежност.
