Author: Blerina Tahiri
ЏАБИР ДЕРАЛА Прикриениот национализам е, на многу начини, исто толку штетен и деструктивен како и милитантниот национализам. Латентниот или прикриениот национализам релативно тешко се препознава и идентификува, а уште потешко е, ако не и невозможно, да се искорени. Не зборувам овде само за ставовите „мој најдобар другар од војска беше Албанец“ или „и Албанците се луѓе“ за кои и малите деца веќе знаат дека се националистички или може да произлегуваат од националистички наративи за кои често и самите носители не се свесни.
Во Јапонија ова лето беше со највисока просечна температура во последните 125 години, соопшти Националната метеоролошка агенција.
Годишната стапка на инфлација во Еврозоната за минатиот месец е проценета на 5,3 отсто, со што таа остана непроменета во однос на јули годинава, соопшти денеска Европската статисичка служба – Евростат.
Бројот на заразени со Ковид-19 во Белгија бележи раст во последниве недели, но според вирологот на белгискиот Национален здравствен институт „Сајнсано“, Стивен Ван Гухт, засега нема причина за паника.
Во Србија започна новата учебна година, а во училишните клупи ќе седнат 760.000 основци и средношколци. Како што претходната учебна година не заврши вообичаено, поради трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“, кога ученик од тоа училиште уби девет ученици и еден чувар, така и новата учебна година нема да започне како и порано. Министерството за образование испрати насоки до училиштата како да работат со учениците и воведе неколку новини во воспитно-образовниот процес, јави дописникот на МИА од Белград.
Во Полска денеска се одбележува 84-годишнината од почетокот на Втората светска војна.
Пожари на отворен простор вчера имало вкупно 20 и сите се изгаснати, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Со два концерта, еден на дуото Добрила-Доријан, вториот на интернационалниот состав на Јордан Костов (Јордан Костов, „Jingarabushi“) на малата сцена во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп и официјално почна 12. Фестивал на џезот – „Прилеп џез викенд“. Му претходеа два настана во придружната програма – во понеделникот концерт на Џенгис Ибрахим на археолошкиот локалитет Врбјанска ќука и на 29 август, во вторникот во Клубот Калинка настапија „Next to Silence“.
Ново разгорување на активните жаришта имаше во текот на ноќта во пожарот во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, а пожарникарите веќе 14 дена водат битка огнената стихија да биде ставена под контрола, јави дописничката на МИА од Атина.
Македонски журналистички и медиумски парадокси: Кралевите на лажните вести обвинуваат за лажни вести!, напиша познатиот новинарски ветеран и политички аналитичар, Зоран Иванов, на социјалните мрежи.
Повод за денешната панел дискусија на ЦИВИЛ на тема „Неславен ден за спортот: Насилство и говор на омраза во Скопје“ е вчерашното насилство на улиците на Скопје, поврзани со натпреварот меѓу домашниот фудбалски клуб „Шкупи“ и бугарскиот „Левски“ во Скопје.
ЦИВИЛ – Центар за слобода изразува згрозување и крајна осуда за екстремниот говор на омразата и насилството на улиците на Скопје, пред и по натпреварот меѓу домашниот фудбалски клуб „Шкупи“ и бугарскиот „Левски“ во Скопје, на 27 јули. Ова треба да се запомни како неславен ден за спортот. Политиката, екстремниот национализам и насилството беа главен белег на овој спортски настан.
