Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Blerina Tahiri
Амбасадата на Република Северна Македонија во Анкара испрати допис до Министерството за правда во кој информира дека ни доставува добиена Нота од МНР на Република Турција, како одговор на Нотата доставена од Амбасадата на РСМ во Анкара од 06.12.2023 година, со која информираат дека врз основа на дописот добиен од Канцеларијата на главниот јавен обвинител Баликесир, определен е екстрадициски притвор за Љупчо Палевски, во траење од 40 дена, информираат од Министерство за правда.
Американскиот весник „Вашингтон пост“ (ВП) објави податоци според кои во првите 45 дена од војната, Израел фрлил повеќе од 22.000 бомби обезбедени од САД на Појасот Газа, нагласувајќи дека Вашингтон во моментов не го оценува придржувањето на Израел до законите на војна.
Во однос на менување на позицијата за прв вицепремиер во техничката Влада, премиерот Ковачевски не одговори директно на прашањето, вели дека со закон е регулирано кои позиции се менуваат во техничката влада и дека нема импровизации во тој дел. „Сè е дефинирано во законот за техничка Влада. Нема импровизации во тој дел. МВР, МТСП, кои заменици министри стануваат дополнителни… Таму е точно наведено. Доколку почнеме да навлегуваме во процеси на импровизирање, тогаш веќе се става дамка на целиот процес“, истакна Ковачевски. Се работи за влада која треба технички да ги подготви изборите, рече Ковачевски. Според него, оставка на премиерот и формирање на…
Владата во изминатиот период многу вложуваше во здравствените работници и во тоа што значи вработување на здравствени работници, но истовремено и со упатување на здравствените работници на соодветна едукација, односно специјализација, порача денеска заменик министерката за здравство, Маја Манолева. -За периодот од 2017 до 2023 година на специјализација вкупно се упатени 1.300 наши лекари, дополнително на тоа уште 500 на супспецијализација што е навистина бројка која што споредена од периодот од 10 години претходно од 2006 до 2016 година од само 700 специјализации за 10 години остава простор да видиме дека навистина се вложува во човечкиот потенцијал затоа што тоа…
На 28 јануари се очекува да се гласа за техничката влада со премиер Талат Џафери, а функцијата претседател на Собранието ќе ја преземе координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски. Гласањето за нов претседател на Собранието се очекува да се одржи по новогодишните и божиќни празници, кон средината на јануари. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе одлучува дали ќе учествува во техничката Влада. Но, партиски извори за „Фронтлајн“ велат дека Христијан Мицкоски со договорот за двојни парламентарни и претседателски избори на последната лидерска средба по автоматизам, се согласил да учествува и во техничката Влада. Од друга страна, политичките партии…
Во услови кога нема прекин на огнот во Газа, земјите членки на ЕУ мора да усогласат некаков начин за да ја направат хуманитарната ситуација на теренот помалку страшна, додека во меѓувреме бомбардирањето продолжува со голем интензитет предизвикувајќи голем број невини човечки жртви, изјави високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел пред денешното заседание во Брисел на министерски Совет за надворешни работи на блокот. – Илјадници луѓе се притиснати кон границата со Египет, што ги прави перспективите во Газа навистина црни. Министрите ќе разговараат за нашата позиција за тоа што треба да преземеме во врска со Газа…
Најмалку 17 лица се повредени откако синоќа два воза се судрија во близина на италијанскиот град Фаенца. Повеќето се полесно повредени, јави новинската агенција АНСА, повикувајќи се на спасувачлките служби на местото на настанот. Несреќата се случила околу 20 часот и 30 минути на делот од пругата меѓу градовите Болоња и Римини, во северната италијанска област Емилија Ромања. Причината за судирот засега не е јасна. Според првичната реконструкција на настанот, двата воза се движеле во правец на север, како што јави италијанската агенција АНСА. Едениот воз удрил во другиот одзади.
Во тек е вештачењето на двете парчиња огнено оружје, кои се најдени и се поврзуваат со двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Кога ќе заврши нивното вештачење, анализите ќе бидат доставени до Основното јавно обвинителство, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој одговараше на новинарски прашања по посетата на СВР-Куманово. -Сите тие информации, како и вештачењата ќе бидат доставени до јавното обвинителство, во моментот кога ќе бидат завршени, изјави Спасовски. Прашан дали може попрецизно да се лоцира и да се дадат детали каде било возилото на убиениот Панче Жежовски, а потоа со него е и…
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека земјава во текот на наредната година ќе се врати на нормалните години на стапките на инфлација и покрај тоа што, како што вели, ќе биде година на закрепнување од сите економски неприлики што се случија или што се случуваат веќе четири години од 2020 година. -Последниот податок укажува дека тенденцијата и трендот на намалување на инфлацијата веќе не носи таму кај што сме биле. Очекуваме следната година да бидеме на нивото од 2 – 2,5 отсто на инфлација и толкав ист годишен раст на БДП, рече Битиќи во одговор на новинарско прашање…
Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Овој текст е „инспириран“ од веста со наслов: „извесен претседател на мес(е)ниот комитет во охридско фатен со дрога и разрешен од функцијата“. И, ќе прашате, какви се моите впечатоци кога го прочитав ова соопштение, или може ќе прашате, што ѝ прават на мајка Македонија заколнатите патријархални верници на бракот, семејството и родот? Важи, одиме на „хартиска задача“.
Сандра Мичел, поранешна функционерка на ОБСЕ во Косово, 38-ми сведок, и денеска ќе сведочи за организациската структура на ОВК. Во Албанија, истрагите на Специјалното обвинителство за горилникот во Тирана, кои доведоа до издавање на 15 налози за апсење, открија низа неправилности во постапките што се следеа за доделување на концесијата на победничката компанија. Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес. КОСОВО Газета Блиц: Поранешната функционерка на ОБСЕ на Косово го продолжува сведочењето во Специјалното обвинителство Во Специјализираните совети на Косово (ДХСК) во Хаг денеска продолжува судењето…
„Граѓанскиот сектор е важен набљудувач на работата на секоја влада и затоа нивната улога е од големо значење за секој демократски систем. Односот на државата, односно на владините институции кон граѓанскиот сектор е одраз на демократската зрелост на едно општество. Ефикасни анти-корупциски мерки можеме да имаме само ако и граѓанскиот сектор е вклучен во нивното креирање, имплементација и контролата на нивното спроведување“, нагласи заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, синоќа на глобалниот Форум за граѓанско општество. Форумот, кој го обедини невладиниот сектор, но и претставници на влади од целиот свет, е во организација…