Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борел: Мора да најдеме начин да ја направиме хуманитарната ситуација во Газа помалку страшна

0
By Blerina Tahiri on December 11, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
архивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 11, 2023 12:03

Во услови кога нема прекин на огнот во Газа, земјите членки на ЕУ мора да усогласат некаков начин за да ја направат хуманитарната ситуација на теренот помалку страшна, додека во меѓувреме бомбардирањето продолжува со голем интензитет предизвикувајќи голем број невини човечки жртви, изјави високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел пред денешното заседание во Брисел на министерски Совет за надворешни работи на блокот.

– Илјадници луѓе се притиснати кон границата со Египет, што ги прави перспективите во Газа навистина црни. Министрите ќе разговараат за нашата позиција за тоа што треба да преземеме во врска со Газа кога ќе завршат нападите, како и што да се прави со луѓето во Газа за кои велиме дека не смеат да бидат протерани од нивната земја, но тоа е тешко кога тие бегаат од бомбардирањето и бараат заштита, додаде Борел.

Тој потсети и дека земјите на ЕУ членки на Советот за безбедност на ОН гласаа за предложената резолуција, на кој САД ставија вето, и која сега ќе биде упатена на усвојување во Генералното собрание на Светската организација.

Борел истакна дека на состанокот ќе стане збор и за документот за посветеноста на безбедност на Украина, што ќе биде презентиран пред Советот на ЕУ за време на заседанието в четврток и петок, во услови, како што рече, на зајакнати руски бомбардирања и кога Киев пред неколку дена претрпе значителни штети во еден од најголемите напади со дронови од почетокот на војната.

– Сега е време да ги посветиме сите наши капацитети за поддршка на Украина. Советот на ЕУ ќе расправа за тоа, а министрите за надворешни работи ќе треба да ми дадат насоки што ќе ги презентирам пред Советот за безбедносната посветеност, првенствено во однос на зајакнување на капацитетот на европскиот мировен механизам, за билатералните договори меѓу земјите членки и Украина и што ќе преземеме на ниво на Европската Унија, додаде Борел.

Тој изрази надеж дека нема да биде засегнато европското единство во однос на Украина и најави дека министрите за надворешни работи ќе разговараат за предлозите за зголемување на помошта за земјата.

Нагласувајќи дека досега членките на ЕУ ангажираа многу ресурси и обезбедија воена поддршка за Украина од околу 26 милијарди евра, Борел потенцираше дека е многу важно помошта што се дава за земјата на билатерална основа да се координира и да биде обезбедувана на ниво на ЕУ.

– Потребен ни е механизам што ќе ги поврзе земјите членки и со кој ќе ги надминеме детектираните проблеми, додаде Борел.
Тој потенцира дека на Советот ќе се разговара и за случувањата и зголемената терористичка закана во регионот на Сахел и Гвинејскиот Залив, како и за многу значајната надворешно-политичка димензија на економската безбедност на ЕУ.

Борел потенцира дека шефовите на дипломатијата ќе се сретнат и со ерменскиот министер за надворешни работи Арарат Мирзојан, додавајќи дека од нивната последна средба „се случија многу работи“ во Јужниот Кавказ и затоа е потребно ЕУ да обрне посебно внимание на регионот и особено на Ерменија.

Тој информира дека синоќа во пресрет на Совет, министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ имале неформална вечера со лидерката на белоруската опозиција Свјатлана Циханускаја, на која разговарале за политичката состојба во Белорусија, особено во пресрет на најавените избори во земјата.

Борел газа ЕУ Жосеп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.