Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Владата денеска на 71-та седница задолжи неколку институции да направат веднаш контроли и за 14 дена да и достават информации по информацијата објавена од Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ за постоење сомневања дека во одреден период во земјата биле увезувани токсични нафтени деривати опасни по здравјето и животната средина. Објавата на ИРЛ дека токсичните деривати при увоз влегувале како мазут и се користеле како гориво за греење во повеќе државни институции, но и како гориво во приватни компании во земјава, Владата ја оцени како вонредна и итна. – Владата со загриженост и внимателност им пристапи на изнесените информации и ја…
Иако во последните неколку години може да се забележи подобрување по одредени прашања кои ја засегаат ЛГБТи заедницата во С.Македонија, сѐ уште има многу место за напредок. Според организацијата Rainbow Europe, С.Македонија моментално се наоѓа на 31вото место во нивниот агрегатен ранк за човекови права достапни до ЛГБТи луѓе. Овој ранк се базира на следните категории: 1) еднаквост и недискриминација, 2) фамилија, 3) криминал и говор на омраза, 4) правно признавање на родот и телесен интегритет, 5) просторот на граѓанското општество, и 6) азил. Според критериумот еднаквост и недискриминација, С. Македонија се наоѓа на 28мо место, а според критериумот фамилија…
Палестинците во Израел, Ерусалим и на окупираниот Западен брег денеска одговорија на повикот за генерален штрајк во знак на протест против конфликтот во Појасот Газа. Тие протестираат и против израелската политика, за која многу активисти и некои организации за човекови права тврдат дека претставува систем на апартхејд во кој на Палестинците им е ускратено правото што го имаат Евреите. Израел ги отфрла ваквите проценки, тврдејќи дека граѓаните на таа земја ги имаат истите права и ја обвинува Хамас, исламската екстремистичка организација што владее со Газа, за конфликтот и за поттикнување насилство низ целиот регион. Лидерите на палестинската заедница во Израел,…
Граѓаните кои го пропуштиле терминот за вакцинација против ковид-19 поради најразлични причини се интересираат дали може да презакажат и кога повторно ќе стасаат на ред за имунизација. Матичните лекари велат дека најчесто кај нив реагираат помлади граѓани кои уште пред два-три месеци се пријавиле за вакцина, а сѐ уште не добиле термин. Во врска со тоа дали овие граѓани коишто не се вакцинирале во закажаниот термин по презакажувањето ќе бидат планирани како последни за вакцинација од Министерството за здравство одговараат: -Граѓаните кои го испуштиле терминот за вакцинација, повторно треба да се пријават за вакцинирање на vakcinacija.mk или кај матичниот лекар.…
Шпанската Влада распореди воени сили во Сеута за да патролираат долж границата со Мароко, откако неколку илјади мигранти вчера допливаа во оваа шпанска енклава на африканскиот континент, изјави денеска неименуван извор од шпанското Министерство за внатрешни работи. Војниците ќе патролираат на границата заедно со шпанската полиција. -Одлуката веднаш стапува на сила, изјави изворот, без да прецизира колку војници ќе бидат распоредени, пренесуваат британските медиуми. Портпаролот на шпанската владина делегација во Сеута изјави дека војниците ќе соработуваат со полицијата во чувствителните области во енклавата, пред се, за одржување на редот на улиците. -Околу 6.000 Мароканци, вклучувајќи и околу 1.500 малолетници, вчера…
Предвремени парламентарни избори ќе нема, а следните ќе се одржат во 2024 година, вели премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев. -Тесното мнозинство ја држи Владата будна. Сметам дека време е да одработиме до крај, така што следните парламентарни избори би биле во 2024 година, одговори Заев во интервју во дневникот на Јавниот сервис запрашан дали со локалните се можни и предвремени парламентарни избори. Изборите, истакна, влијаат врз економијата и треба да се остави Владата да го одработи целиот четиригодишен мандат. -После сериозни процеси, како што беа уставните измени, новата методологија на ЕУ, ние излеговме на избори за да провериме…
Во напис за CNN Лук Мекги и Саскја Вандорн објаснуваат дека повеќето лидери во ЕУ на некој начин ја зголемиле нивната моќ и дека малку од нив имаат реални планови за како да ја вратат таа моќ по завршувањето на пандемијата. Писателите од CNN дури сметаат дека ни Франција нема ваков план. Минатата недела, националното собрание на Франција во средата одобри создавање на КОВИД-19 „здравствен пас“ што луѓето можат да го користат за да присуствуваат на спортски настани, фестивали и тематски паркови со голем број луѓе, што е жестоко оспорена владина мерка за безбедно отворање на економијата. Исто така вонредната…
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека бројката од околу 50.000 дивоградби што би биле опфатени со новиот закон за легализација, што не беше потпишан од претседателот на државата и се враќа повторно во собраниска процедура, е според проценките на општините. Точната бројка ќе се знае доколку законот повторно биде донесен и откако ќе се поднесат барања за легализација. На располагање сме, вели Бочварски, за подобрување на законот. -Општините имаат најдобра анализа, тие имаат ингеренции во делот на урбанизацијата и планирањето во своите матични општини.Ние разговаравме со повеќе од општините во дел на тоа какви сознанија имаат во…
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на процесот Брдо – Бриони, во Брдо кај Крањ, денеска се сретна со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи. Како што соопшти кабинетот на претседателот, Пендаровски упати честитки до претседателката Османи за стапувањето на функцијата и изрази подготвеност за засилена соработка на највисоко ниво во следниот период. На средбата, се посочува, соговорниците го реафирмираа интересот за унапредување на билатералната соработка во сите области од заемен интерес и порачаа дека продлабочувањето на добрососедските односи меѓу двете земји ќе придонесе за напредокот, стабилноста и безбедноста на регионот. Покрај ова, беа разменети мислења за актуелностите поврзани…
Извршната власт е бирана од Парламентот и нејзините претставници заслужија да добијат шанса. Тие се околу 8,5 месеци министри, раководители и слично имајќи во предвид дека Владата е бирана лани на 1 септември не би требало да има измени. Ова го порача премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев во одговор на новинарско прашање, дали по конгресот на СДСМ треба да очекуваме промени во извршната власт. -Задоволен сум од вчерашниот конгрес, коментирав јавно дека не се лесни овие кадровски решенија. Давањето шанса на секој да се вгради и заблагодарувањето на некој што и досега се вградил се сериозни процеси коишто…
Невладината организација „Репортери без граници“ (РСФ) од денес ја почнува „Иницијативата за новинарска доверба“ (JTI). Тоа е платформа што има за цел да се бори против дезинформациите преку промовирање на медиуми што се сметаат за „сигурни“, по ригорозен процес на верификација. Конкретно, Здружението за одбрана на слободата на печатот на Интернет стави дигитална апликација преку која медиумите можат да аплицираат за да ја добијат ознаката JTI, на крајот од процесот во три етапи, јави дописникот на МИА. Според соопштението за печатот на РСФ, медиумите прво ќе треба самостојно да ја проценат нивната усогласеност со ознаката „JTI стандард“. Тоа е збир…
Германија до 7 јуни ќе заврши со вакцинирањето на ранливите групи и ќе им овозможи на сите возрасни лица бесплатно да се вакцинираат, изјави германскиот министер за здравство Јенс Шпан. -Одлуката за укинување на приоритетите во германската кампања за вакцинација не значи дека сите ќе бидат вакцинирани веднаш во јуни, рече Шпан, посочувајќи на постојните логистички проблеми. Меѓутоа, тој го повтори ветувањето на владата дека секој граѓанин што сака да се вакцинира ќе може да ја прими вакцината во текот на летото. Министерот за здравство додаде дека властите дискутираат кога и како да се дозволи вакцинацијата на децата и младите…